МакедонијаУЈП: Упатени околу 10 000 покани до граѓани кои треба да го пријават доходот остварен во странствоРечиси 1 милион евра се слеале досега во државниот буџет од даноци наплатени на околу 2 500 лица кои пред 5 години имале доход од странство и истиот досега според евиденцијата на УЈП не го подмириле. Управата досега испратила околу 10 илјади покани до граѓани да го пријават својот доход остварен во странство во 2020 година, а директорката Елена Петрова децидна – не се работи за собирање на средства во буџетот, ниту за нова законска одреба која ја применуваат ретроактивно, туку за закон што од секогаш постоел. -„Значи нема ретороактивна примена на законите, ние како УЈП постапивме целосно транспарентно. Апсолутно не се работи за покривање на состојби како немање пари во буџетот. Се работи за обезбедување на фер и правично одданочување за сите граѓани како што може да ги користат своите права од средствата од буџетот трееба да ги исполнуваат и своите законски обврски.“- Елена Петрова – директорка на УЈП Од потегот на УЈП многумина граѓани штом имале приходи од странство минатите години се нјадоа затечени, а дел од нив што работеле во базите во Ирак и Авганистан денеска излегоа и на протест во КУманово за да го искажат својот револт.. Но Петрова објаснува фактот, што во минатото оваа обврска не била доследно применувана и некои граѓани не го пријавувале доходот, а УЈП не контролирала не значи според неа дека законската обврска не постоела. Додава дека они кои веќе го платиле данок во странство нема да им се наплаќа по втор пат, но за тоа ќе им биде потрбеен доказ.... „Постојат институтите, даночен кредит, признавање на данокот, прифаќање на данокот платен во странство или враќање на данок платен во странство – врз основа на кој нели во определна даночна постапка со приложени докази може да се утврди дали и колку данок треба да се допалти во Македонија. Но законите и меѓународните договори спречуваат да не дојде до двојно ослободување.“ -Елена Петрова – директорка на УЈП Ова вели е само почеток, тие како УЈП ќе зафаќаат една по една област каде што се забележува дека има ризици во собирањето на даноците и каде има губење на даночни приходи, се со цел навремено подмирување на законските обврски. Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска, во своето последно интревју за месечникот Економија и бизнис, посочи дека нема да има никакви промени во даноците, но и дека ќе се отворат сите закони од областа на даноците и царините со цел да се види каде има неусогласености. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ФудбалЗлатан потрошил девет милиони евра на црква: ѝ ја подарил на својата мајкаЕден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди.Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди, сепак, како што често се истакнува, тој никогаш не го заборави своето тешко детство, ниту семејството кое се соочи со бројни животни предизвици. Неговата мајка, Јурка Гравиќ, зазема посебно место во неговиот живот. Според медиумските извештаи, Златан ѝ подарил нешто навистина извонредно на својата мајка – ѝ купил црква во Шведска, чија вредност изнесува 9,24 милиони евра. Покрај црквата, тој ѝ купил стан на мајка си во Новаља, а обезбедил и луксузен имот за својата сестра, Санела. Овие гестови често се наведуваат како доказ за неговата посветеност кон семејството, кое – и покрај неговата светска слава и успех – останало негов најголем приоритет. Зад животот што го води Златан денес, стои тешка семејна историја. Неговата мајка, Јурка – која потекнува од селото Пркос во околината на Задар во Хрватска – заминала за Германија на само 17-годишна возраст, во потрага по подобар живот. Како што своевремено раскажа нејзиниот брат, Гојко Гравиќ, таа токму таму ги добила ќерките Моника и Виолета, со својот прв сопруг. Откако тој брак завршил, таа се омажила за таткото на Златан, Шефик Ибрахимовиќ – познат како „Кинко“ – фолк-пејач од Бијелина. Тие добиле две деца, Златан и Санела, но семејството подоцна се соочило со бројни тешкотии. По вториот развод, Јурка живеела со своите деца во Малме, каде што животот бил сè, само не лесен. Златан во неколку наврати зборувал за своето растење во сиромаштија, истакнувајќи дека токму тие искуства го научиле да го цени она што го има денес. „Растев во сиромаштија, но тоа ме научи да го ценам она што го имам денес. Семејството за мене отсекогаш било на прво место“, изјавил фудбалерот. Денес, Ибрахимовиќ поседува бројни недвижнини, вклучително и вила во Калифорнија – проценета на околу 1,5 милиони евра – која располага со тениски терен и базен. Во приватниот живот, тој ужива во времето поминато со својата сопруга Хелена, која е 11 години постара од него. Исто така, не е многу познато дека неговиот татко, Шефик Ибрахимовиќ, бил фолк-пејач кој настапувал низ цела поранешна Југославија. Тој дури му посветил и песна на својот син, насловена „Злато, Златане“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook