УЈП: Обврската за пријавување и оданочување на доход остварен од странство не претставува нова законска мерка - Канал 5

УЈП: Обврската за пријавување и оданочување на доход остварен од странство не претставува нова законска мерка

Управата за јавни приходи (УЈП) постапувајќи согласно Уставот, законите и меѓународните договори што ја обврзуваат Република Македонија, има обврска да обезбеди еднаква примена на законските правила за сите граѓани. 

УЈП: Обврската за пријавување и оданочување на доход остварен од странство не претставува нова законска мерка

Затоа, пред сè, сакаме јасно и недвосмислено да појасниме дека согласно Законот за данок на личен доход, обврската за пријавување и оданочување на доход остварен од странство не претставува нова законска мерка, ниту одлука донесена во текот на оваа година која би се применувала ретроактивно, информира УЈП во врска со најавениот протест во Куманово за ретроактивно оданочување на приходи остварени во странство.

-Законската регулатива за оданочување на доходот од странство постои од секогаш и е усогласена со универзалниот принцип кој постои во секоја даночна јурисдикција според кој секој даночен резидент целокупниот свој светски доход го оданочува во државата во која е резидент. Фактот што во минатото оваа обврска не била доследно применувана и некои граѓани не го пријавувале својот доход, а Управата за јавни приходи тоа не го контролирала, не значи дека законската обврска не постоела, ниту дека може да биде изземена од законската примена, посочуваат од УЈП.

Управата за јавни приходи нагласува дека постапува во рамки на своите законски надлежности, а евентуалните пропусти во минатото, како што велат, се прашање на претходни раководни структури.

-Управата за јавни приходи е свесна дека кај дел од граѓаните кои добија известувања во врска со доход остварен од странство се појавуваат чувства на несигурност и загриженост затоа што можеби немале целосни или јасни информации за тоа дека согласно закон имаат обврска да го пријават овој доход, додека други граѓани сепак ја исполнувале својата обврска. Но, во целиот процес УЈП пристапи целосно транспарентно, со јасни и целосни информации од каде произлегува законската обврска и објаснувања чекор по чекор како правилно да се поднесе пресметка, да се достави документација и да се изврши уплата на данокот, без стрес и без потреба граѓаните физички да доаѓаат во организационите единици на УЈП, појаснуваат од Управата.

Оттаму велат дека известувањето од УЈП кое го добија граѓаните претставува повик за појаснување, проверка и утврдување на фактичката состојба согласно со законот, односно можност да достават докази заради правилно утврдување на даночната обврска.

-Нагласуваме дека резидентите кои за остварениот доход веќе платиле данок во странство нема да бидат двојно оданочени. Законот и договорите за одбегнување на двојно оданочување овозможуваат признавање на платениот данок во странство како даночен кредит, или враќање на платениот данок во странство врз основа на докази, со што се обезбедува правичен и законски третман на сите граѓани без исклучок. Во крајна линија, граѓаните кои сметаат дека се повредени нивните права во даночната постапка која се спроведува сега, имаат можност за користење на редовни правни лекови, прецизираат од УЈП.

Крајната цел на овој процес, како што посочуваат, не е само да се плати данокот што сега се должи, туку овие граѓани да бидат целосно информирани и да се вклучат во даночниот систем преку редовно, навремено и точно исполнување на даночните обврски понатаму.

-Во овој процес кој Управата за јавни приходи го спроведува, суштински е принципот на еднаквост на сите пред законот. Сите граѓани кои се даночни резиденти имаат еднакви обврски и еднакви права. Прашањето не е само во контекст на даночната усогласеност и правично оданочување, туку има и пошироки и покомплексни аспекти. Уредното пријавување на доходот е важно за да се спречи стекнување личен имот од неоданочени средства и да постои правичност во користењето на јавните добра и услуги кои се достапни до сите граѓани. Лицата-резиденти кои остваруваат доход од странство, а не го пријавуваат, системот не ги препознава како граѓани кои остваруваат доход, што при остварување на социјални и други права на овие лица и членови на нивните семејства може да создаде нерамноправност во однос на оние кои редовно ги пријавуваат своите доходи и го плаќаат данокот. Средствата од буџетот се наменети за заеднички потреби на сите граѓани на Македонија, но секој треба да учествува во собирањето на овие средства преку плаќање на даноците согласно со закон. Управата за јавни приходи останува посветена на мисијата да обезбеди фер и праведно оданочување и владеење на правото како императив во општеството, нагласуваат од УЈП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО)

На крајот од денешниот протест, јавниот ред и мир повторно беа нарушени.

Почна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО)

Во Париз, полицијата за немири користи палки за да ги растера групите маскирани млади луѓе кои ги кршеа прозорците на автосалоните на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Воздухот беше исполнет со густи облаци солзавец, а полицијата исто така интензивно користеше водни топови.

Претходно, протестот беше целосно мирен, а повеќе од 100.000 луѓе маршираа по рута што минуваше далеку од центарот на градот.

Полиција: 410.000 луѓе протестираа денеска во Франција

Вкупно 410.000 луѓе учествуваа во протестите низ Франција во саботата, вклучувајќи 110.000 во Париз, изјави за АФП француското Министерство за внатрешни работи. Излезноста беше малку помала од минатата недела, кога 550.000 луѓе излегоа на улиците.

Од друга страна, според податоците на синдикатот што ги организираше пријавените собири, 800.000 луѓе учествуваа во протестите во саботата низ целата земја, од кои 250.000 беа во главниот град. Судири избувнаа во неколку градови, вклучувајќи ги Париз, Лион, Рен, Нант, Бордо, Ница и Марсеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

10 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Лазарополе, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Берово, Маврови Анови, 19 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 20 Битола, Велес, Штип, 21 Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, 22 Демир Капија, 23 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини имаше појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладнево ќе се задржи променливо облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)

Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од самитот во Црна Гора каде намерно не се гледа премиерот на Косово, Албин Курти!

Рама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)

Рама на својот официјален Фејсбук профил објави две фотографии од Самитот на лидерите од Берлинскиот процес што се одржа во Милочер кај Будва, пренесе Телеграф. Официјалната фотографија од самитот, кој го отворија црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ги прикажува лидерите од регионот како стојат еден до друг. Курти може да се види и како стои во првиот ред недалеку од Рама, но албанскиот премиер објави уште една фотографија, зголемена, но Курти веќе го нема.

Фотографијата е отсечена токму таму каде што се наоѓал.

Албанските медиуми, меѓу кои и Бота Сот, наведуваат дека тоа не е случајно и дека се знае дека односите меѓу Рама и Курти се лоши со години, а таквиот гест на албанскиот премиер, како што велат, е едноставно продолжение на нивните несогласувања. Голема бура, сепак, се крена и во коментарите под фотографиите, каде едни го критикуваа Рама за спорната фотографија, а други го оправдаа неговиот потег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер