УЈП и турските даночни власти потпишаа Меморандуми за разбирање - Канал 5

УЈП и турските даночни власти потпишаа Меморандуми за разбирање

Зајакната меѓународна соработка.

УЈП и турските даночни власти потпишаа Меморандуми за разбирање

Во периодот од 2-3 јуни 2025 година, делегација од Управата за јавни приходи, предводена од директорката м-р Елена Петрова, оствари работна посета во Република Турција со цел продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на оданочувањето и надворешната контрола.

За време на посетата беа одржани средби со претставници на Турската даночна администрација (Turkish Tax Administration of the Ministry of Treasury and Finance of the Republic of Türkiye) и Турскиот одбор за даночна инспекција при Министерството за финансии и трезор на Република Турција (Turkish Tax Inspection Board of the Ministry of Treasury and Finance of the Republic of Türkiye). Во рамки на средбите заеднички се работеше на усогласување на содржината на два Меморандума за разбирање, кои на крајот од посетата беа и формално потпишани.

Првиот Меморандум за разбирање го потпишаа директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, и директорот на Турската даночна администрација, г. Бекир Бајракдар. Со него се утврдуваат области за блиска и ефикасна соработка со размена на искуства и добри практики поврзани со дигитални алатки, системи за оданочување, услуги за даночни обврзници и законски и регулаторни рамки.

Вториот Меморандум за разбирање, потпишан од директорката Петрова и директорот на Турскиот одбор за даночна инспекција, г. Мухсин Атчи, е со посебен фокус на заемно претставување и разбирање на системите и дигиталните алатки што ги користат институциите, размена на искуства, добри практики и активности за унапредување на системите за анализа на ризик, даночната контрола и мерки за откривање, спречување и сузбивање на даночната евазија и сивата економија.

Со потпишување на овие Меморандума за разбирање се постави темел за идни, уште поинтензивни активности и размена на знаење меѓу даночните администрации на двете земји. Проширувањето на оваа соработка претставува значаен чекор во унапредувањето на билатералните односи и остварување на заеднички цели. Преку заеднички пристап кон прекуграничните предизвици и размена на експертиза, двете страни ја нагласуваат својата посветеност кон ефикасно и современо даночно управување.

Управа за јавни приходи

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера

 Филипче да не се однесува како народот да има колективна амнезија и да каже зошто не реагирал за водата во Гостивар кога бил министер.

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера

Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија.

Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на површина.

Наместо да се однесува очајнички, за да присобрери некој поен оти партијата на која е лидер му е во слободен пад, сега е должен да одговори на јавноста зошто кога бил министер молчел и не делел лелции, а сепак постоеле индиции дека водата за пиење во Гостивар не ги задоволувала законските стандарди.

Инаку не е ова одлика само на Филипче туку и на целата СДС, затоа што

проблемот продолжил и откако Филипче веќе не бил министер.

Во документте стои дека на 11.11.2020 година, микробиолошката анализа покажала зголемен број на колиформни бактерии и констатирала дека водата не треба да се користи за пиење.

15.02.2021 и 01.03.2021, повторно било констатирано дека водата не ги задоволува критериумите согласно правилниците за безбедност и квалитет на водата за пиење.

11.07.2022, водата за пиење доставена од ЈП „Комуналец“ – Гостивар, не одговарала за употреба поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии.

29.06.2023 повторно била констатирана неисправност поради бактериски колонии.

04.08.2023 година повторно било утврдено дека водата за пиење не одговара поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии.

Ама на ова, ни Филипче ни СДС, како тогашна владејачка партија не реагирале соодветно. А и сега не реагираат соодветно, туку само се обидуваат да продадат своја верзија на случајот со намера дека тоа ќе им донесе политички поени.

Одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, не бараат оти коалицијата СДС-ДУИ-Тарабари не може да се раздели, па и во опозиција делува заеднички, против народот.

Филипче да даде јасен одговор и недвосмислен на јавноста зошто молчел за време на неговиот мандат како министер за здравство.

Ова не е времето на Зоран Заев и криминалната СДС кога се игнорираа вакви случаи. Во тек е официјална постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот. Надлежните институции детално ја разгледуваат целокупната документација и ги проверуваат сите релевантни факти. Лицата за кои постои сомневање за најголема одговорност веќе се лишени од слобода, а истрагата продолжува, се преземаат сите неопходни активности за целосно расветлување на случајот, а јавноста ќе биде навремено информирана и добива соодветни препораки и насоки врз основа на резултатите од анализите.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Повторно ново ветување.

Повторно неисполнето.

Повторно водата не е чиста, ниту техничка.

Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.

Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски.

Ништо повеќе.

Денес повторно се врши хиперхлорирање.

Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено.

Но никој не смее тоа јавно да им го каже на граѓаните, затоа што тогаш ќе се открие дека Мицкоски лажеше.

А лажењето и навредите се единствениот начин на комуникација што тој го познава.

Министерот Клековски најави дека од оваа недела водата ќе може да се пие.

Мицкоски рече дека има бактерија.

Денес официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот.

Тоа значи дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа.

Ова е страшна информација што власта се обидува да ја прикрие.

За ова мораат кривично да одговараат:

• Христијан Мицкоски

• министерот Клековски

• и сите одговорни лица од институциите што молчеа додека се загрозуваше здравјето на граѓаните на Гостивар.

Ова сѐ уште трае.

Одговорноста не може и не смее да се избегне.

Го повикуваме Савевски барем еднаш да постапи согласно законот и да застане во одбрана на граѓаните. Знаеме дека е под команда на Мицкоски, но овојпат се во прашање животите на граѓаните и нивното здравје.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расветлено насилството во Гостивар, следува соодветна пријава (ВИДЕО)

Идентификувани се лицата инволвирани во насилниот настан во Гостивар, откако полициските службеници од ОВР Гостивар, веднаш по објавеното видео на социјалните мрежи, презедоа низа мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Расветлено насилството во Гостивар, следува соодветна пријава (ВИДЕО)

На 02.08.2026 година во 22:20 часот во ОВР Гостивар, А.В.(22) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица, кои при нападот употребиле тврди и дрвени предмети.

За настанот веднаш бил известен дежурен јавен обвинител, по чии насоки и во координација со надлежен обвинител, полициските службеници од ОВР Гостивар по преземени мерки и активности ги идентификуваа тројцата учесници во насилниот настан.

Во полициска станица на службен разговор се повикани двајца малолетници од Гостивар, на кои, по наредба на јавен обвинител, им се одземени патните исправи. Третото лице е В.Д.(20) од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување.

По целосно документирање на случајот, во текот на денешниот ден, по брза постапка, лицата со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер