МакедонијаУЈП: До крајот на ноември изречени над 2.500 глоби за неиздавање фискални сметкиНа 113 даночни обврзници им е изречена забрана за вршење дејност. Управата за јавни приходи информира дека до крајот на ноември спроведени се околу 4.000 контроли при што евидентирани се неправилности во делот на неиздавање на фискални сметки при што изречени се над 2.500 глоби, а на 113 даночни обврзници им е изречена забрана за вршење дејност. - Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки укажува на широка појава на неевидентирање на готовинскиот промет. Во поширок контекст, овој факт укажува и на користење на неевидентираниот промет за плаќања во готовина меѓу фирми и исплата на плати во плик, практики кои се спротивни на законот и претставуваат облици на сивата економија, создаваат нелојална конкуренција и предизвикуваат загуби за буџетот. Кон поголем број од даночните обврзници кои беа казнети за неиздавање фискални сметки и неевидентиран промет, УЈП испрати персонализирани пораки со повик обврзниците да поднесат исправки на даночните пријави, да го пријават прометот и да го платат данокот. УЈП го следи постапувањето на овие даночни обврзници и најавува дека, доколку не постапат доброволно, ќе следуваат и дополнителни контроли со примена на индиректни методи за утврдување на прикриениот промет и неплатениот данок, се наведува во денешното соопштение од УЈП. Оттаму најавуваат и засилени контроли во пресрет на новогодишните празници во кои ќе бидат опфатени ресторани, кафе-барови, дискотеки, сендвичари и други субјекти кои работат со готовински плаќања. Пред отпочнување со подеталните контроли и изрекувањето на санкциите, Од УЈП велат дека спроведеле обемен процес на советодавни активности и канцелариски анализи со цел да се согледа однесувањето на даночните обврзници и нивото на усогласеност со законските прописи. До 20 ноември, како што информира УЈП, биле реализирани 3.500 советодавни посети на продавници и угостителски објекти, при што даночните службеници ги информирале обврзниците за најчестите неправилности со цел навремена корекција и нивно усогласување. Во текот на посетите биле утврдени состојби како фискални апарати кои немаат налепници од овластен сервисер, кај некои се појавувале оштетени пломби, а кај одреден број обврзници било детектирано дека адресата на која е регистриран фискалниот апарат не соодветствува со реалната локација на работењето. Утврдено беше и неуплаќање на дневниот промет во банка, како и неводење книга на дневни финансиски извештаи. Паралелно со советодавните посети, Управата за јавни приходи спровела детални анализи врз основа на податоците од ГПРС системот, теренските контроли и ДДВ-пријавите. Анализите укажале на состојби кај дел од обврзниците кои континуирано евидентирале низок или идентичен дневен промет, кај други имало отстапки меѓу капацитетот на објектот и пријавениот промет, неусогласеност меѓу прометот евидентиран во фискалните каси и прометот пријавен во ДДВ пријавите и слично. Тагови: УЈП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаСрпскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа во ТурцијаПо двегодишна пауза, српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа на тренерската работа и го презема турскиот Бахчешехир. Како што објави Eurohoops, поранешниот селектор на Србија и Кина веќе ги договорил сите детали за соработката со клубот од Истанбул. Ѓорѓевиќ ќе го наследи српскиот стручњак Марко Бараќ на клупата, а главна цел на клубот во следната сезона ќе биде пласман во Евролигата. Иако во изминатите недели се шпекулираше дека би можел да го преземе амбициозниот проект во Рим, кој го поддржува Лука Дончиќ, Ѓорѓевиќ на крајот реши да ја прифати понудата од Турција. Неговиот последен ангажман беше на клупата на кинеската репрезентација, која ја напушти во 2024 година. Во меѓувреме, тој беше поврзуван со неколку европски клубови и проектот Дубаи, но чекаше соодветно враќање на тренерската сцена. Ова ќе биде негово враќање во Истанбул, каде што веќе го водеше Фенербахче и ја освои титулата турски шампион во текот на сезоната 2021/22.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: ЗНАМ повторно ја брани изолацијата на Македонија, Мицкоски и неговата криминална групаЗНАМ денеска излезе со соопштение во кое вели дека ЕУ интеграцијата мора да се темели на реформи, а не на „нови условувања“.Ова е класична манипулација. Нема нови условувања. Уставните измени се дел од европската преговарачка рамка уште од самиот почеток. Тоа не е „уцена“, туку основен услов за отворање на преговорите - што вчера јасно го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Реформи оваа власт не спроведува. Нека го прочитаат извештајот на Вајц и Комитетот на Европскиот парламент. Таму јасно се вели дека нема напредок, нема владеење на правото и дека постои странско мешање. ЗНАМ, партијата создадена и финансирана од Мицкоски за да ја разбие опозицијата, повторно ја брани политиката на изолација. Наместо да им кажат на граѓаните дека без уставни измени нема напредок, тие повторно играат на картата на лаги - „национално достоинство“ и „уцени“. Ова е истата приказна што ја турка и ВМРО-ОКГ со месеци. Целта е јасна: да се спречи Македонија да влезе во ЕУ, за да може криминалната група на Мицкоски и Максим Димитриевски да продолжат да работат без контрола и без одговорност. СДСМ уште одамна рече: поддржуваме само една работа - внесување на малцинствата во Уставот. За сè друго - не сме и нема да бидеме дел од оваа криминална структура. Доста е со лаги и манипулации. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лицаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица осомничени за случајот со злоупотреби околу тендер за чистење на граничните премини и терминалите, во периодот од јули 2023 до март 2024 година.Oсомничените преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари од обвинителството велат и дека во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание и дека првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба. По распитот обвинителката соопшти дека барањето за притвор е заради опасност од бегство и влијание врз сведоци...Тагови: Кривичен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter