УХМР: Вечер невреме со пороен дожд и грмежи

Невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер вечер ќе ја зафати територијата на Република Македонија, соопшти Управата за хидрометеролошки работи.

Во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина дожд од над 25 литри на метар квадратен. Можна е и локална појава на град, особено во североисточните делови.

Синоптичарите за периодот од утре до петок најавуваат стабилно време освен во југоисточните делови каде е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Повторно зголемување на условите за нестабилност се очекува во деновите од викендот.

Во Скопската котлина попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во вечерните часови процесите ќе се интензивираат.

Дваесет лица загинаа во израелскиот напад врз бегалскиот камп Нусеират

Дваесет лица загинаа пред да зазори во израелски воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Нусеират, во централниот дел на Појасот Газа, уништен за време на војната, соопштија од болницата Ал Акса и потврдија очевидци.

„Примивме 20 убиени луѓе и неколку ранети откако израелски воздушен напад беше насочен кон куќа на семејството Хасан во бегалскиот камп Нусеират во центарот на Газа“, се вели во соопштението на болницата.

Очевидци изјавија дека нападот бил извршен околу 3 часот по локално време. Израелската војска соопшти дека го проверува извештајот.

Официјалната палестинска новинска агенција објави дека меѓу ранетите има неколку деца и дека спасувачките екипи трагаат по затрупаните луѓе во урнатините.

Израелската војска вели дека спроведува само целни операции.

Очевидци велат дека се слушнале експлозии и дека борбите во Џабалија траеле цела ноќ./МИА

Косово и САД потпишаа договор за борба против манипулирањето на информации од други држави

На заедничката прес конференција по потпишувањето на договорот Османи рече дека „кампањите за дезинформации претставуваат голема закана за стабилноста и националната безбедност на Косово, но и на Западен Балкан“.

Американската државна потсекретарка, Елизабет Ален, која престојува во Приштина, и косовската претседателка Вјоса Османи, потпишаа денеска договор за разбирање меѓу владите на Соединетите Американски Држави и Република Косово, против манипулациите со информации од други држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

На заедничката прес конференција по потпишувањето на договорот Османи рече дека „кампањите за дезинформации претставуваат голема закана за стабилноста и националната безбедност на Косово, но и на Западен Балкан“.

„Соочени со невидени глобални предизвици, кампањите за дезинформации претставуваат голема закана за стабилноста и националната безбедност на Косово, но и на Западен Балкан во целина. Овие кампањи имаат за цел да сеат страв, да манипулираат со јавното мислење и да ја поткопаат довербата во демократските институции. Но, пред се целат да ја нарушат демократијата и демократските вредности кои се темелите на нашите држави“, рече Османи.

Косовската претседателка рече дека Косово не е поштедено од дезинформации и сајбер напади и дека тие се интензивираат како резултат на влијанието на Русија во регионот преку Србија.

„Договорот потпишан денеска има за цел да се бори против ова. Тоа не е само уште еден договор, туку е пресвртница, зајакнување на нашата соработка во борбата против манипулациите со информации. САД се наш главен сојузник и нашето партнерство со САД е егзистенцијално за секој успех на Косово“, рече Османи.

Американската државна потсекретарка, Ален рече дека со Османи разговарала за многу прашања, меѓу кои и за Заедницата на општини со српско мнозинство, нагласувајќи дек „Заедницата е суштински чекор кон евроатлантскиот пат на Косово“.

„Со претседателката имавме продуктивна дискусија за дезинформациите, политиканството, поддршката на граѓанското општество и мултилатерален ангажман. Разговаравме и за критичното прашање за европскиот и евроатлантскиот пат на Косово. Повторив дека најдобро можеме да го поддржиме патот на Косово кон европските и евроатлантските институции кога имаме блиска соработка и координација. Разговаравме за суштинскиот чекор кон евроатлантскиот пат на Косово - напредокот на Косово во врска со Заедницата на општини со српско мнозинство“, рече Ален.

Ален рече дека меморандумот потпишан меѓу САД и Косово за борба против манипулацијата со информации од странски земји е показател за посветеноста на САД и Косово да развијат заеднички пристап за подобро разбирање на дезинформациите кои потекнуваат од странство и за изградба на консултативни механизми за спротивставување на оваа закана.

„Го препознаваме фактот дека авторитарните влади манипулираат со информации и шират дезинформации за да влијаат на луѓето ширум светот, предизвикувајќи хаос и поделеност, за да ја намалат довербата во институциите, особено во демократските институции. Како што го имаме НАТО за да обезбедиме безбедност и одбрана, ќе се потпреме на овој договор за да се спротивставиме на странските дезинформации и малигните влијанија“, рече Ален. /МИА

Саливан во Саудиска Арабија разговараше со престолонаследникот Бин Салман за војната во Газа

На состанокот одржан во саудискиот град Даран, се разговараше за текстот на „полуфиналната верзија на нацрт-стратешките договори меѓу двете земји“ кои се во фаза на финализирање.

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан, кој е во посета на Саудиска Арабија, разговараше со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа и за постигнување широк билатерален договор меѓу двете земји, јавија саудиските медиуми.

На состанокот одржан во саудискиот град Даран, се разговараше за текстот на „полуфиналната верзија на нацрт-стратешките договори меѓу двете земји“ кои се во фаза на финализирање.

Се наведува дека Бин Салман и високиот функционер на администрацијата на Бајден разговарале и за потребата да се најде „кредибилен патоказ до решение за две држави“ за Израел и Палестинците, начините за завршување на војната во Газа и олеснување на испораката на хуманитарна помош./МИА

притисни ентер