3Евробарометар: 53% од граѓаните на ЕУ го поддржуваат проширувањето, Шпанија лидер, Франција најскептична
МакедонијаУХМР: Следува облачно и дождливо време, во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат денеска од УХМР. Во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а во понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, кој ќе надминува брзина од 70 km/h.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
МакедонијаНиколоски: Воведуваме две нови линии од Полска до ОхридНа охридскиот аеродром утрово слета првиот авион од Вроцлав, Полска со што започнува новата авиолинија, додека од вторник ќе има уште една и тоа од Катовице, Полска до Охрид.На охридскиот аеродром утрово слета првиот авион од Вроцлав, Полска со што започнува новата авиолинија, додека од вторник ќе има уште една и тоа од Катовице, Полска до Охрид – истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николкоски. Ова според Николовски ќе значи нови можности за бизнис и за развој на локалната економија околу охридското крајбрежје.. Денеска од Охрид, каде изврши и увид во реконструкција на аеродром Св.Апостол Павле истакна дека домашните аеродроми имаат најголем раст во регионот со преку 31 % раст во првите пет месеци од годината, што се очекува да се надмине бројка од 3,5 милиони патници на годишно ниво.... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
МакедонијаЗемјоделците загрижени поради падот на откупните цени на доматите за двојноПадот на откупните цени на доматите од 50 на 25 денари за килограм уште на стартот на масовната берба сериозно ги загрижи струмичките градинари. Земјоделците предупредуваат дека доколку продолжи откупуто по вакви ниски откупни цени и со ограничувања од трговиците кои најавуиваат дека не можат да откупат големи количини, ќе претрпат сериозни загуби, нема да можат да ги покријат ниту основните трошоци за производство и во струмичкото поле на секој чекор ќе се формираат депонии од фрлени домати.. Според нив, цените кои во моментов ги нудат откупувачите се значително пониски од очекуваните. Дел од производителите се сомневаат дека на домашниот пазар можеби влијае и увозот од Албанија, која важи за сериозен конкурент во производството на градинарски култури. Земјоделците велат дека вложувањата годинава биле високи, а дополнителен проблем претставуваат поскапите репроматеријали, наводнувањето и работната рака. Се надеваа дека барем на почетокот чќе имаат добри цени за да покрија дел од тие зголемени трошоци за да не бидат во загуба. Од министерството за земјоделство засега велат дека ги следат случувањата со откупните цени на доматите. Откупната цена на доматите не ја утврдува Министерството за земјоделство, туку се формира согласно пазарните услови. Но, Министерството внимателно ја следи состојбата и ќе остане во редовна комуникација со сите производители и откупувачи. Откупувачите, пак, имаат поинакво објаснување за состојбата. Велат дека во овој период нагло се започнати бербите во Македонија, со што значително се зголемила понудата на пазарот. Во исто време за берба стасуваат и доматите во Србија, како и во другите балкански земји каде што традиционално се извезува македонското производство. Она што се откупуваше во мај полесно се продаваше и имаше дробра цена за извоз иако Албанија бере многу порано од нас. Според нив, зголемената понуда во регионот и намалената побарувачка на извозните пазари довеле до пад на откупните цени. Тагови: домати Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕвробарометар: 53% од граѓаните на ЕУ го поддржуваат проширувањето, Шпанија лидер, Франција најскептичнаМнозинство граѓани на Европската Унија и натаму го поддржуваат проширувањето, покажува најновиот Евробарометар.Според анкетата, 53% од Европејците се за прием на нови членки, што е за 3% помалку од лани. Најголема поддршка има меѓу граѓаните во Шпанија со 71% и Литванија со 70. Поддршката е висока и во Хрватска, Романија, Полска и Словачка, додека во Бугарија 49% од граѓаните се за проширување. Најголем скептицизам има во Франција, каде само 35% го поддржуваат проширувањето, и во Германија со 43%, токму земјите, чии лидери, Макрон и Мерц деновиве излегоа со заеднички нон-пејпер за забрзување на проширувањето, со постепена интеграција на кандидатите уште пред полноправното членство. Сепак надворешниот советник за европски прашања во кабинетот на претседателката, Драган Тилев оценува дека големите одлуки за проширувањето не зависат само од јавното мислење, туку од политичка визија и долгорочен европски интерес. -Голем ентузијазам кај овие две држави особено не постоел ни претходно..Доколку се донесуваат одлуки од ваков висок политички и стратешки интерес, врз основа на јавните мислења во одредени држави тогаш веројатно ни ЕУ немаше да постои и да се прошируваше. Не ја намалувам важноста и тежината на јавното мислење но кога се донесуваат големи стратешки одлуки, во тој случај одлучуваат политичарите со визија,- Драган Тилев Но, паралелно со европските дебати за проширувањето и условот за Македонија да го донесе уставните измени, земјава се соочува и со уште еден предизвик, блокадата која Софија ја става на акцискиот план за малцинства, како што откри премиерот Мицкоски. Тоа според, Тилев може дополнително да го искомлицира формалниот почеток на преговорите, зашто како што вели, Македонија е единствената земја чие усвојување на акцискиот план е директно поврзан со отворањето на првиот кластер. --Според правилата на одлчување кои навистина има обиди да се џрелативизираат, да се олабават, да се ослободи притисокот на ветото врз процесот на пристапни преговори, тоа сега се случуваше и на дебатите во Тиват и во документите како нон-пејпери кружеа во Тиват, но се додека тоа не се промени важат правилата кои што се во моментов на сила, а тоа е дека една држава може да даде вето на нашиот напредок, што во случајов е Бугарија но може да биде било која друга држава,- Драган Тилев Во Брисел и натаму трае дебатата за воведување на квалификувано мнозинство, наместо принципот на едногласност за прашања од надворешната политика, за која земјите членки остануваат поделени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter