УХМР: Од утре до сабота претежно облачно со врнежи од дожд - Канал 5

УХМР: Од утре до сабота претежно облачно со врнежи од дожд

 Под влијание на циклонска активност од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

УХМР: Од утре до сабота претежно облачно со врнежи од дожд

Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток кога ќе наврнат над 25 литри на квадратен метар за 24 часа. Стабилизирање на времето се очекува од недела, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, се посочува во соопштението, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.

И во Скопје, до сабота времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината повремено врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат над 15 литри на квадратен метар за 24 часа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот сведок во случајот „Државна лотарија“прогласен за „непријателски“од обвинителството

За „непријателски“ го прогласи својот прв сведок обвинителството на денешното судење за случајот „Државна лотарија“. 

Првиот сведок во случајот „Државна лотарија“прогласен за „непријателски“од обвинителството

Владо Петковски кој е актуелен директор на сектор за игри на среќа, раскажа дека со доаѓањето на Перпарим Бајрами во Државна лотарија биле иницирани повеќе нови проекти со цел зголемување на профитот на компанијата. Учествувал во набавката на ВЛТ апарати кои се предмет на обвинението, на што му претходело формирање на ново друштво кое самостојно ќе приредува електронски игри на среќа.

-Откако финансискиот план беше направен се направи набавка, пристигнаа апаратите, се поставија кај деловните партнери и требаше да се добијат технолошко технички услови, за што УЈП се произнесе позитивно, но не стигна согласност од Министерството за финансии бидејќи се донесе тоа автентично толкување на законот, по што сите процеси беа блокирани. Автентичното толкување на Законот за игри на среќа, не дозволи ова друштво да работи,- -Владо Петковски – Директор во Државна лотарија, сведок.

На прашања на обвинителството, тој одговори и дека не знале каков односот помеѓу Перпарим Бајрами и Артан Груби, дека немал средба со овие двајца обвинети но и дека не знае зошто била сменета претходната директорка на Државна лотарија. Практично со своето сведочење тој не ја поткрепи тезата на обвинителството, туку даде одговори во полза на одбраната. Обвинителите го прогласија за „непријателски сведок“ и вкрстено го испрашаа откако посочија дека дал поинакви одговори кога како осомничен во случајот на два пати бил испрашуван во обвинителството. Сепак пред судот ги негираше прашањата на обвинителството - дали Перпарим Бајрами кажал дека без одобрение на Артан Груби не прави ништо но и дали не се сретнал со нив двајцата на бензинска на Партизанска во 2024 година.

Обвинителите Даниел Коцев и Александар Давчевски не сакаа да го коментираат сведочењето на Петковски. Одбраната пак е на став дека со исказот на Петковски се потврдува нивната теза.

-Исказот на сведокот во целост ја потврдува тезата на одбраната дека конкретно обвинетиот Артан Груби нема преземено никакви противправни дејствија во конкретниот случај. Сведокот го потврди она што се случувало во рамки на Државна лотарија дека се било согласно закон. изјави – Гоце Ристески – Адвокат.

Освен Груби и Бајрами, во случајот обвинети се уште шест лица меѓу кои и поранешниот генерален секретар на Влада Методија Димовски.

Сите се товарат за пречекорување на службените овластувања со што, според обвинението, на државната лотарија ѝ била предизвикана штета од 596 милиони денари, односно околу 9,7 милиони евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов притвор за Деко: ОЈО ГОКК го товари за давање мито за лиценцата на „Пулс“

30-дневен притвор за Дејан Јованов-Деко во нов случај против него кој го отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а во кој Јованов се товари дека дал мито на лице вработено во Министерството за економија.

Нов притвор за Деко: ОЈО ГОКК го товари за давање мито за лиценцата на „Пулс“

30-дневен притвор за Дејан Јованов-Деко во нов случај против него кој го отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а во кој Јованов се товари дека дал мито на лице вработено во Министерството за економија, со цел неговата дискотека „Пулс“ да доби лиценца за работа без да подлежи на претходна проверка дали ги исполнува условите. Поради ризик од бегство, ОЈО ГОКК предложи ефективен притвор за Јованов, а судот ја прифати мерката.

-Притворот е определен поради постоење постоење опасност осомничениот да се даде во бегство, како и поради основан страв дека може да ја попречува истрагата со влијание врз сведоци. Тој ќе биде префрлен на издржување на новоопределената мерка притвор во Затвор Скопје, согласно Правилникот за спровод и издржување на определените мерки за обезбедување присуство, – Основен Кривичен суд Скопје.

Одбраната на Јованов најави жалба – за адвокатката Коцевска ова е манипулација на обвинителството. Таа тврди дека не станува збор за нов предмет, туку дека лицето на кое наводно Јованов му дал мито, веќе се наоѓа на обвинителната клупа во случајот за пожарот во Пулс и тоа токму за делото примање на поткуп.

-Таквата конструкција и манипулација на обвинителството со поднесување на ова обвинение, за коешто во кочанскиот предмет веќе е дел од расправата – бидејќи за службеното лице од Министерство за економија во кочанскиот предмет во обвинението е ставено кривичното дело примање на поткуп. А ова давање на поткуп е во однос на истиот настан којшто веќе е опфатен во оваа постапка. Значи, тука Обвинителството располагало со доказите уште пред година и пол, меѓутоа го држело ова под маса, со цел да дојде оваа малверзација денед, откако ќе истече притворот да може да му го продолжи,- изјави Ивана Коцевска, адвокатка на Дејан Јованов Деко.

Станува збор за Џеваир Камбери, кој се наоѓа на обвинителната клупа уште од минатата година за примање поткуп како вработен во министерството за економија и тоа во случајот со пожарот во Пулс. Новата мерка за Јованов пак значи дека тој останува во ефективен притвор и по официјалното истекување на законскиот рок во кој тој може да остане во притвор во врска со предметот во дискотеката Пулс во Кочани, во кој Јованов е првообвинет.

Одбраната на Јованов од претходно достави и гаранција во недвижен имот од 200 илјади евра дека тој нема да бега, ако на 3 октомври излезе на слобода, но обвинителството даде негативно мислење за гаранцијата, која пак денеска одбраната ја повлече. Во врска со новиот притвор од 30 дена, одбраната најави и жалби до Европскиот суд за човекови права.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела

Следната недела ќе се направи конкретен чекор за деблокада на македонските евроинтеграции. Ова од Скопје го најава претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен која е во официјална посета на земјава.

Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела

На прес-коференцијата по средбите во владата, премиерот Мицкоски кажа дека на Фон Дер Лајен и го пренел барањето за европско посредништво во дијалогот со бугарија.

Средбите во Скопје ги следи Афродита Рамос, Афродита што точно ќе се случува следната недела во Софија?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер