УЕФА во вторник ќе соопшти што со сезоната и меѓународните натпревари, познати се можните решенија

Одлуката за тоа како ќе продолжи фудбалската сезона ќе се донесе во вторник преку четири конференциски повици.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и неговите клучни луѓе ќе разговараат со претставниците на ЕЦА (Европската клупска асоцијација), европските лиги, фудбалските здруженија и Извршниот комитет на УЕФА во вторник во четири одвоени повици откако фудбалската сезона беше прекината поради епидемијата на коронавирус во Европа. Прекинати се сите натпревари ,  Лигата на шампионите и Лигата на Европа и одложените квалификациски мечеви за Европското првенство.

Разгледани се неколку сценарија, а засега, најверојатно, тие ќе решат дека сезоната во лигите ќе продолжи кога ситуацијата ќе дозволи, и дека Европското првенство , планирано за летоска , ќе се одложи за една година.

притисни ентер