Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
ФудбалУЕФА сака да воведе ограничување на платите на играчитеПретседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин зборуваше за плановите за воведување ограничување на платите во Европа.- Изненадувачки, сите се согласуваат. Клубови големи и мали, владини тимови, клубови во сопственост на милијардери, сите се согласуваат. Во иднина треба сериозно да размислуваме за лимитот на платата. Ако буџетите вртоглаво растат, тогаш конкурентниот биланс станува проблем. Не се работи за сопствениците, туку за вредноста на конкуренцијата, бидејќи ако секогаш победуваат пет исти клуба, тогаш сето ова ќе го изгуби своето значење. Но, тоа треба да биде колективен договор - секоја лига и УЕФА. Затоа што ако ние го правиме тоа, а другите лиги не го сторат тоа, нема смисла. Се надевам дека ова може да се направи што е можно поскоро. Во моментов дојдовме до ново правило кое ќе стапи на сила по 2024 година. Ќе може да се трошат до 70% од приходите за плати и исплата за трансфери. Но, оваа мерка не е доволна, бидејќи 70% од приходот од пет милијарди е голем, изјави Чеферин. Тој се надева дека мерката ќе даде резултат и не се плаши дека сопствениците на клубовите ќе бидат премногу моќни или нешто слично. - УЕФА е одговорна за европските натпреварувања и сега имаме одлични односи со Европската клупска асоцијација, додаде Чеферин. Овој чекор на УЕФА доаѓа по се почестите реакции за високите плати на фудбалерите изразени во десетици, па и стотици милиони евра. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУПроблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната.На 14 септември, професионалните возачи на камиони од Западен Балкан ќе ги блокираат сите гранични премини кон земјите од ЕУ, по потврдената потврда на Европската комисија дека правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена во шенген зоната нема да биде променето.. Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната. Системот за земјите од Западен Балкан почна да се применува на 12 октомври 2025 година, а по завршувањето на преодниот период следеше целосна имплементација. Според информациите, возачите кои ќе го надминат дозволениот престој од 90 дена во рамките на 180 дена може да бидат вратени во земјата на живеење, додека товарните возила остануваат на местото каде што се наоѓале во моментот на проверката. Превозниците предупредуваат дека ваквите ограничувања создаваат сериозни проблеми за меѓународниот транспорт, бидејќи професионалните возачи, поради природата на работата, често мораат да престојуваат во земјите од ЕУ подолг период.Тагови: камионџии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗагина возач на патот Охрид – Кичево, удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилотоЗагина возач на магистралниот пат Охрид- Кичево.Несреќата се случила ноќеса кога возачот најпрвило удрил во кучиња скитници изгубил контрола на возилото и удрил во металните оградни браници покрај патот и возилото се запалило. Во возилото било пронајдено телото на починатиот возач. На местото интервенирала екипа на територијалната противпожарна единица Охрид, која го локализирала и изгаснала пожарот. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на судска медицина за обдукција, како и за утврдување на идентитетот на починатото лице.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаАктивни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто ОризариАктивни се два пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.Три пожари се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати. Активни се пожарите во општина Маврово и Ростуше, на месноста Голем Брдаш, каде што гори шума, како и во Шуто Оризари, во Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што гори депонија. Под контрола се пожарите над селото Палиград – Преслап во општина Зелениково, во мешана шума, во селото Копаница во општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и пожарот кај селата Пискупштина, Буринец и Локов во Струга, каде што е зафатена нискостеблеста шума.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00