УЕФА на 20 илјади навивачи на Ливерпул ќе им ги врати парите за влезници за финалето на ЛШ - Канал 5

УЕФА на 20 илјади навивачи на Ливерпул ќе им ги врати парите за влезници за финалето на ЛШ

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ќе обесштети 19.618 навивачи на Ливерпул за финалето од Лигата на шампионите.

УЕФА на 20 илјади навивачи на Ливерпул ќе им ги врати парите за влезници за финалето на ЛШ

Да потсетиме дека на финалето на Лигата на шампионите во 2022 година, во кое играа Ливерпул и Реал Мадрид, во Париз, почетокот на натпреварот доцнеше 36 минути поради организациски проблеми.

Најпрво, УЕФА и францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин ги обвинија навивачите на Ливерпул за инцидентот поради блокирање на влезовите на стадионот од илјадници навивачи кои купија лажни билети. Ливерпул застана во одбрана на навивачите и посочи на проблеми со влегувањето на стадионот и безбедносни прекршувања.

УЕФА нареди извештај од независна експертска комисија, врз основа на кој стана јасно дека УЕФА е првенствено одговорна за нередите што почнаа.

Организацијата денеска соопшти дека ќе им плати обештетување на навивачите на Ливерпул. Се потпира на оние кои не можеле да влезат на Стад де Франс пред 21 часот по локално време или воопшто не можеле да влезат на стадионот. Така обештетување им следува на 19.618 навивачи на Ливерпул. За да ги заштити личните податоци на навивачите, Ливерпул ќе ги исплати средствата (бидејќи билетите се купени преку клубот), а УЕФА потоа ќе го надомести клубот за сите трошоци.

Право на обесштетување имаат и навивачите на Реал Мадрид и неутралните навивачи кои имаа проблеми со влезот на стадионот.

Според „Дејли мејл“, најевтините билети за финалето на Лигата на шампионите чинат 70 евра, најскапите - 690 евра. Така, трошокот за обештетување на УЕФА ќе биде околу 3,4 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Врмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер