УЕФА може да ги суспендира израелската репрезентација и клубовите следната недела - Канал 5

УЕФА може да ги суспендира израелската репрезентација и клубовите следната недела

Европската фудбалска федерација (УЕФА) може да ги суспендира израелската репрезентација и клубовите од своите натпреварувања следната недела, објави весникот „Израел Тудеј“.

УЕФА може да ги суспендира израелската репрезентација и клубовите следната недела

Според изворот, одлуката би можела да се донесе во вторник, 23 септември.

Катар, еден од главните спонзори на европскиот фудбал, наводно инсистира на суспензија на Израел, откако го зацврсти својот став по воздушниот напад на израелските воздухопловни сили врз земјата на почетокот на септември.

Израел стравува дека продолжените воени дејствија во Појасот Газа би можеле да доведат до долгорочна забрана од меѓународни натпреварувања во сите спортови.

Израелската фудбалска федерација и Министерството за надворешни работи на земјата вложуваат максимални напори за да го спречат раководството на УЕФА да го иницира прашањето за можна суспензија на репрезентацијата и клубовите на состанокот на 23 септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонските каратисти освоија 20 медали на 38. ЕТКФ Европски шампионат

Македонската репрезентација во традиционално карате на 38. ЕТКФ Европски шампионат за сениори, јуниори и кадети одржан на 5 јули 2026 освои вкупно 20 медали – 4 златни, 6 сребрени и 10 бронзени.

Македонските каратисти освоија 20 медали на 38. ЕТКФ Европски шампионат

Со тоа Македонија го освои третото место во генералниот пласман.

Најуспешен македонски натпреварувач беше Матеј Мангаровски, кој во јуниорска конкуренција освои 3 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал.

Одличен настап имаше и Матеј Јарчевски, кој освои 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали во младинска и сениорска конкуренција.

Камелија Недев освои 2 сребрени и 2 бронзени медали во јуниорска и сениорска конкуренција, Лика Билбилов се закити со 1 сребрен медал, Софија Јарчевска освои 3 бронзени медали, а Јана Милевска освои 2 бронзени медали во кати, поединечно и екипно, во сениорска конкуренција.

Во генералниот пласман, Италија го освои првото место, Полска второто, а Македонија третото место.

На Европскиот шампионат настапија 265 натпреварувачи од 12 земји.

Шампионатот свечено го отвори Дејан Недев, во својство на претседател на Европската федерација за традиционално карате (ЕТКФ).

Македонска традиционална карате федерација (МТКФ)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините

Вревен приоритет на владата на ВМРО ДПМНЕ се младите за кои се создаваат услови да ја градат својата иднина дома.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините

Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите.

Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на практикантство“, во соработка со државните универзитети преку која студентите директно ќе се вклучат во работата на општините. Наместо да бидат неми набљудувачи, младите ќе станат активни учесници во подобрувањето на локалната самоуправа.

Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира практична работа согласно реалните потреби на општинските администрации.

Додека СДС со години само зборуваа за младите, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори што отвораат можности и перспективи во Македонија.

Истовремено, преку грант-програмите на ИНОВА ќе се поддржат стартапи, иновативни компании и претприемачи кои ќе понудат конкретни решенија за проблемите на општините. Средствата ќе одат кај идеи што носат резултати, а не кај проекти што завршуваат во фиока.

Владата на ВМРО ДПМНЕ инвестира во младите, се создаваат реални можности за работа, развој и професионално усовршување.

Се креираат повеќе можности за младите, посилни општини и поквалитетни услуги за граѓаните. Државата конечно ги поврзува локалната самоуправа, универзитетите, иновативниот сектор и бизнис-заедницата во еден функционален систем.

Разликата е очигледна. СДС со години ја празнеше Македонија и ги тераа младите да ја бараат својата иднина надвор.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ создава услови младите да останат, да работат, да напредуваат и да ја градат својата иднина токму овде.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат мерливи резултати, наместо празни флоскули.

Целта на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е модерна, развиена Македонија во која младите ќе бидат двигател на промените, а не генерација што ќе биде принудена да замине.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смртоносни руски напади го погодија Киев во пресрет на патувањето на Трамп на самитот на НАТО во Турција

Главниот град на Украина, Киев, беше цел на смртоносен руски напад рано утринава , во пресрет на критичниот самит на НАТО во Турција, на кој треба  да присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.

Смртоносни руски напади го погодија Киев во пресрет на патувањето на Трамп на  самитот на НАТО во Турција

Експлозии го осветлија ноќното небо додека балистички ракети и беспилотни летала погодија делови од градот, убивајќи најмалку 11 лица и ранувајќи десетици други, соопштија градските власти. Станбените згради беа тешко оштетени во нападот, оставајќи ги луѓето заробени во повеќекатните станбени блокови, додека автомобили беа опожарени по градските улици.

Украинскиот претседател Зеленски само неколку часа претходно предупреди дека Москва „подготвува нов масовен удар“, а новиот напад доаѓа само неколку дена по свирепиот руски напад врз Киев минатиот четврток во кој загинаа 30 лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер