УЕФА: Инфантино ги става личните политички интереси пред фудбалот - Канал 5

УЕФА: Инфантино ги става личните политички интереси пред фудбалот

Редовниот Конгрес на ФИФА се одржа во четврток. Беше јасно дека нема да има „бомбастични“ вести бидејќи темите генерално беа неинтересни за пошироката јавност.

УЕФА: Инфантино ги става личните политички интереси пред фудбалот

Годишниот извештај беше објавен, беа гласани нови членови на неколку комитети, а фокусот беше ставен на неколкучасовното доцнење на претседателот на ФИФА, поради што самиот Конгрес доцнеше неколку часа.

Наместо Конгресот да започне во 11:30 часот, тој започна во 17:45 часот. Првиот човек на ФИФА зборуваше по малку за сè во својот воведен говор, но всушност не кажа ништо важно.

Сепак, еден ден подоцна, фокусот е на реакциите на делегатите од неколку асоцијации под покровителство на УЕФА и обвинувањата кон Инфантино од страна на Европската фудбалска централа.

Голем број делегати од европските асоцијации протестираа и ја напуштија салата по поздравниот говор на претседателот на ФИФА и не учествуваа во работата на групите што ги презентираа годишните извештаи. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ја напушти салата, а по него следеа претставничката на Англиската фудбалска асоцијација, Деби Хјуит, и претседателката на Норвешката фудбалска асоцијација, Лис Клавенес.

Инфантино минатата недела имаше средби со американскиот претседател Доналд Трамп, престолонаследникот на Саудиска Арабија и емирот на Катар. Иако е јасно дека овие состаноци се важни, не е сосема јасно како дошло до тоа Инфантино да доцни со пристигнувањето во Парагвај.

Редовните конгреси на ФИФА се закажуваат една година однапред.

Инфантино постојано се извинуваше за неговото доцнење што предизвика одложување на самиот Конгрес, но тоа очигледно не беше доволно.

И неговото извинување не беше баш вистинско извинување: „Мојата одговорност, како претседател на ФИФА, е да донесувам одлуки што се во најдобар интерес на организацијата што ја водам. Чувствував дека треба да бидам таму за да го претставувам фудбалот и сите вас“.

УЕФА го обвини првиот човек на ФИФА дека ги става „своите приватни политички интереси“ пред своите одговорности кон фудбалот.

Во невообичаено остра изјава, УЕФА изјави дека одложувањето на распоредот за Конгресот е длабоко разочарувачко.

-Конгресот на ФИФА е еден од најважните состаноци во светот на фудбалот, состанок на кој сите 211 земји дискутираат за прашањата и теми што влијаат на нашиот спорт низ целиот свет. Нашиот домаќин, Парагвајската фудбалска федерација и нашите партнери КОНМЕБОЛ, вложија големи напори да организираат сè, да бидат домаќини на 211 делегати и им благодариме за нивното гостопримство. Но, менувањето на распоредот во последен момент затоа што поединец размислува за своите приватни политички интереси не ѝ прави никаква услуга на играта и се чини дека ги става интересите на фудбалот на втор план. Сите сме тука да му служиме на фудбалот, од улиците до подиумот, а делегатите на членовите на УЕФА сметаа дека е потребно да истакнат дека фудбалот е приоритет, како што беа и првично утврдените распореди, соопшти УЕФА по тој повод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредени

Дванаесет лица загинале, а повеќе од 300 беа повредени во вчерашниот ракетен напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, соопштија саудиските власти. 

Видео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредени

Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути, кои се поддржани од Иран.

Меѓу загинатите има четворица државјани на Саудиска Арабија, како и државјани на Бангладеш, Палестина, САД, Египет, Јордан, Сирија и Судан. Некои од повредените се во критична состојба.

Проектилот погоди дел од аеродромскиот комплекс каде што се наоѓаат терминалите 3 и 4 за домашни летови. Ова беше трет напад врз аеродромот во Ријад во рок од неколку дена.

По нападот, сите аеродромски операции беа привремено прекинати, а летовите наменети за Ријад беа пренасочени кон други аеродроми. Очевидец изјави за Ројтерс дека по експлозијата видел неколку повредени лица како лежат во терминалот. Друг повреден патник раскажа дека видел нешто на небото непосредно пред ударот, по што дел од таванот се урнал во близина на излезот за качување во авион.

Саудиската управа за цивилно воздухопловство претходно извести за жртви, повредени лица и материјална штета како последица на претходни напади. Тројца саудиски државјани загинаа во нападите на 8 октомври, додека еден судански државјанин почина претходниот ден во посебен напад врз аеродромот во Ријад.

По најновиот напад, Хутите изјавија дека авиокомпаниите треба да го избегнуваат саудискиот воздушен простор, кој тие го прогласија за зона на воени дејствија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе Наумов

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 85 години борба против фашизмот! Да не ни се повтори Ванчо Михајлов

Пред 85 години партизаните излегоа за слободна држава. За слобода. За достоинство на човекот. Против фашизмот!

СДСМ: 85 години борба против фашизмот! Да не ни се повтори Ванчо Михајлов

Не за поделба. Не за понижување на народот. Не за да го викаат талог, мочуриште, медиокритети, глодари. Тој речник не е од 11 Октомври и вредносите на НОБ. Тој речник е од друга традиција. СДСМ ја памети својата, секогаш на вистинската страна на историјата.

Антифашизмот не е споменик туку обврска. Обврска да се живее во мир и слога, не во закани и раздор.

Обврска законот да важи за сите, не само за оние што немаат кабинет. Обврска зборот да биде слободен, а медиумот да не биде во мрак.

Обврска државата да работи за себе, не за интерес на друга земја.

Иднината е во Европа. Во подобар стандард. Во плата од која се живее достоинствено и добро. Во пензија што не се крои секој месец. Во чиста и здрава вода. Во млади што остануваат дома, не затоа што им е речено да бидат патриоти, туку затоа што имаат работа, дом и иднина.

Патриотизам е како се живее денес и што им се остава на децата утре.

Да не мораат да земаат бугарски пасоши. Да не мораат да глумат патриоти заради личен интерес, туку вистински да ја сакаат и да ја почитуваат својата татковина. Лажниот патриотизам не смее да биде пат кон власт.

Македонија не е депонија за туѓ проект. Не е рудник за туѓа муниција. Не е хардвер за туѓа дигитализација. Не е ходник за туѓа агенда. Не е каса за провизија. Македонија е заедничка татковина.

Се работи за сопствената татковина, се живее со соседите. Доколку е потребно и се преговара, не се провоцира.

Предците се бореа да имаме држава. Денешната генерација има битка за иднината. Битка против корупцијата и криминалот, за подобар живот, повисоки плати. Битка за слобода на говор и медиуми. Битка за нормален и достоинствен живот. Битка да живее чесниот свет, не банда. Заедничка битка за Европа.

СДСМ е наследник на таа борба. Со демократски средства. Со вистина. Со глас на народот.

Државата ќе ја вратиме во служба на народот. Иднината не е во поделбите. Иднината е во Европа, во правда и во слобода.

Скопје, 11.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер