УЕФА ги прифати жалбите на Русија, Украина ќе го менува дресот на Европското

УЕФА прифати дел од жалбата поднесена од Русија во врска со дресот на украинската фудбалска репрезентација.

Одлучено е да се отстрани натписот од дресовите, но и да се зачуваат границите на Крим на дресот.

„По детална анализа, натписот„ Слава на нашите херои “, кој се наоѓа на јаката на украинскиот дрес, очигледно е од политичка природа и затоа треба да се отстрани на натпреварувачките натпревари на Уефа“, изјави портпаролот на европската фудбалска организација.

Украина на тој начин ќе мора да го тргне од дресот вториот дел од натписот „Слава на Украина, слава на хероите“, бидејќи овој слоган се смета за политичка порака и содржи историски и милитаристички контекст.

Руските политичари го критикуваа натписот бидејќи сметаат дека слоганот го користеле украински националисти кои се бореле на страната на нацистите против Советите за време на Втората светска војна.

Мапата на полуостровот Крим ќе остане на украинскиот дрес бидејќи, според Уефа, ова се меѓународно признати граници.

Крим беше анектиран од Русија во 2014 година. Судирот на Русија и Украина на Еврото е можен само ако обајцата одат во нокаут фазата.

Првиот натпревар Украина го игра на Европското првенство против Холандија на 13 јуни во Амстердам, а Русија против Белгија на 12 јуни.

Топлотен бран од Африка пристигнува во Македонија

На Македонија во наредниве денови и се заканува екстремно топло време со летни температури над 30 степени, нешто што е невообичајно за овој дел од годинината.

Долнително песочен облак од Сахара, кој веќе прави проблеми во соседна Грција ќе дојде и во земјава. На оваа тема ја вклучуваме Мирјана Мирчевска – Јовановиќ.

Што велат метеоролозите, кога пристигнува топлото време?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шест службени лица - инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шест службени лица - инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат, и тоа: С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), сите од Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл 353 од КЗ на РСМ, соопшти денеска МВР.

Во текот на март и април 2023 година, преземајќи службени дејствија и вршејќи контрола кај три објекти обележани како менувачници, лоцирани во близина на Бит Пазар, Скопје, за кои било утврдено дека не биле регистрирани како правни лица и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење, а подолг временски период работеле како менувачници, пријавените, како што стои во соопштението, согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност согласно кој истите сами навеле дека постапуваат, на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење на дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот, како и да им изречат глоба во износ од 1000 до 20.000 евра во денарска противвредност.

- Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три објекти како менувачници, ниту им издале решение за забрана за вршење на нерегистрирана дејност, ниту им ги запечатиле просториите каде што ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и опремата со кои е направен прекршокот ниту пак им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра. Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна парична глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, појаснуваат од МВР во соопштението.

Се уште е мистерија убиството на матичниот лекар во поликлиниката „Железара“

Во куќен притвор остануваат двајца од приведените осомничени во врска со убиството на лекарот Ацо Трпковски во скопската населба Железара.

Скопскиот Кривичен суд соопшти дека се работи за мерка која ја побарало скопското обвинителство. И двајцата се осомничени за убиство, со првичната побарана мерка од синоќа остануваат во притвор 48 часа.

-Предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје за опредлеување мерка краткотраен куќен притвор против Г.Д. и И.Д. за кои постои сомнение за кривичното дело Убиство од чл. 123 ст. 1 се прифаќа и им се определува 48 часовен куќен притвор.- Основен Кривичен суд Скопје

Техничкот министер за внатрешни Тошковски вчера информираше дека е приведено уште едно лице под сомнение дека е поврзано со убиството на лекарот. Но засега нема информација дали и за него ќе се бара некоја мерка.

Други нови детали од скопското обвинителство не откриваат. Според првичните сознанија, мотивот за убиството не е поврзан директно со професијата на убиениот. Шеесет и седумгодишниот лекар минатата недела беше пронајден во неговиот автомобил паркиран пред поликлниката Железара избоден до смрт со девет убоди. Го пронашле неговите синови кои заминале на работното место на нивниот татко бидејќи не се вратил од работа по завршувањето на втората смена во ординацијата.

притисни ентер