УЕФА ги ограничи цените на билетите за гостинските навивачи

УЕФА постави горна граница за цените на билетите за гостинските навивачи на натпреварите на Лигата на шампионите , односно на Европа лига за оваа сезона.

Така , максималната цена на билетите за натпревар за гостинските навивачи на Лигата на шампионите ќе биде 70 евра, а за Европа Лига , 45 евра.

„Навивачите се душа на играта и оние кои ги придружуваат своите екипи за да играат надвор од седиштата, мора да имаат пристап до билети по разумна цена. Ние, исто така, мора да ги почитуваме трошоците за патување на навивачите“, коментира претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

„Воведувањето на оваа горна граница претставува напредок за кој му честитаме на УЕФА. Ова ќе стави крај на случаите кога цените растат, но сепак сметаме дека границата е премногу висока“, велат од Европската асоцијација на фудбалските навивачи .

Минатата сезона, навивачите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул се пожалија на високите цени на билетите за финалето на стадионот во Барселона „Камп Ноу“, кои чинеа дури 119 евра.

Гилад Ердан: Израел е разочаран од одлуката на САД да ја прекине испораката на муниција

Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан денеска изјави дека неговата влада е разочарана од прекинот на испораката на американски бомби во Израел.

„Тоа е многу разочарувачка одлука, дури и фрустрирачка“, изјави амбасадорот Ердан за вестите на Канал 12, додавајќи дека тој не мисли дека одлуката укажува на поширок прекин на американската помош за Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Ердан истакна дека таа одлука произлегува од политичкиот притисок од Конгресот врз администрацијата на претседателот Бајден, од протестите во универзитетските кампуси низ САД и од претстојните претседателски избори во САД.

Неверојатна и досега невидена заплена на кокаин вреден 800 милиони евра (ВИДЕО)

Италијанската полиција заплени рекордна количина кокаин скриен во керамички банани.

Според италијанските медиуми, дрогата вредна 800 милиони евра е запленета во пристаништето Џоја Тауро, во регионот на Калабрија.

Дури 2.700 килограми кокаин биле скриени во керамички банани, а дрогата пристигнала од Јужна Америка.

Изворот кој ги открил деталите за оваа операција за медиумите изјавил дека имагинацијата на шверцерите нема граници, додавајќи дека регионот каде што е извршена заплената е под контрола на озлогласената Ндрангета.

На видеото кое е објавено се гледаат полицајци како со чекани кршат керамички банани и од нив вадат дрога.

Како што е објаснето, дрогата спакувана на овој начин е отпорна на конвенционалните скенери, па затоа е многу тешко да се открие.

притисни ентер