Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
1Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
3Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
2Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
МакедонијаУдар за подземјето: Во Драч уапсени двајца членови на криминалната група „Беланоца“Во Драч се уапсени двајца припадници на криминалниот клан „Беланоца“, кои се бараа со меѓународни потерници за убиства и шверц со оружје. Уапсени се двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“ во Драч Албанија. 26 годишниот М.Џ од Скопје и 34 годишниот С.Н роден во Норвешка за кои Интерпол имаше издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела: убиство, убиство во обид, тешка телесна повреда, недозволено држење и тргување со оружје и злосторничко здружување. „При лишувањето од слобода, кај лицата пронајдени се фалсификувани лични документи, за кои постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат територијата на нашата држава и да ја избегнат правдата. Акцијата е резултат на повеќемесечна соработка на Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба (ДСС) и безбедносните органи на Р. Албанија“, соопшти МВР попладнево. Инаку, сега уапсениот М. С, минатата година избега од Македонија, тој се сомневаше за убиство на армиски офицер пред селото Батинци, за него се водеше меѓународна потерница, а претходно за него имаше обвинение за уште едно убиство. Од МВР посочуваат дека оваа акција е резултат на повеќемесечна меѓународна соработка меѓу Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба и албанските безбедносни институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекориПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска).Предмет на разговорот беа актуелните состојби во македонскиот евроинтегративен процес, предизвиците со коишто се соочува политиката на проширување на Европската Унија, како и можностите за надминување на долгогодишниот застој во пристапните преговори. Сиљановска-Давкова потсети на 21-годишниот кандидатски статус на државата и на нејзината континуирана посветеност на европската интеграција, поткрепена со значајни реформи. Таа особено ја истакна целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како потврда на јасната геополитичка определба и доследната поддршка на европските позиции. Според неа, политичката волја за напредок не треба да се очекува само од земјите кандидатки, туку и од самата Унија, од која се потребни креативни решенија за надминување на долгогодишниот застој, без доведување во прашање на македонскиот национален и културен идентитет. Соговорниците се согласија дека местото на македонската држава е во Европската Унија, каде што природно припаѓа, независно од предизвиците на патот. За дел од европратениците, искуството на нивните држави потврдува дека пристапниот процес може да биде долг и исполнет со тешки услови, а напредокот не секогаш да биде препознаен. Претседателката им се заблагодари за разбирањето и изрази уверување дека континуираниот дијалог и заедничкиот ангажман можат да придонесат за обновување на динамиката на проширувањето, како стратешка инвестиција во стабилноста, безбедноста и единството на Европа, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаПроблеми во Формула 1: Возач на Хаас е отстранет од тимот на четири трки до крајот на сезоната Естебан Окон дефинитивно ја заврши својата епизода во тимот на Хаас. Францускиот возач нема да се врати за следните четири трки, а ова е резултат на големи несогласувања и дискусии што ги имал со тимот. Ова е официјалната одлука на Хаас, потврдена од шефот на тимот, Ајао Комацу: - Овие одлуки не се донесуваат лесно, како што беше случајот во Мексико Сити, но како и тогаш, веруваме дека ова е најдобро за тимот. Разговорите што се водеа меѓу тимот и Окон ќе останат интерно прашање и ние ќе продолжиме да ја почитуваме доверливоста и приватноста на сè што се случува зад затворени врати - рече Комацу. Поради оваа причина, Хаас го премести Рафаел Камара, бразилски возач кој веќе се натпреварува во Формула 2, во Хаас. Бразилецот дефинитивно ќе биде возач на овој тим во 2027 година, а ќе добие шанса да дебитира во својата татковина, на легендарната патека Интерлагос.Тагови: Формула Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВајц ја повика Кос да помогне во надминувањето на спорот меѓу Македонија и БугаријаБилатералните прашања не треба да го попречуваат пристапниот процес, посочи известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на денешната седница на Комитетот за надворешни работи на европскиот Парламент. Тој ја повика еврокомесарката за проширување Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, оценувајќи дека директниот дијалог меѓу двете влади е единствениот начин за излез од застојот. Посочи и дека тоа го бара бидејќи мотивацијата за разговори меѓу Скопје и Софија не била секогаш на највисоко ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter