Удар за италијанската авто индустрија- Стелантис остана без 200 милиони евра - Канал 5

Удар за италијанската авто индустрија- Стелантис остана без 200 милиони евра

Италијанската влада денеска го информираше мултинационалниот автомобилски гигант Stellantis дека ќе пренасочи 200 милиони евра од европските фондови за други инвестиции поради доцнењето на работата на фабриката за батерии.

Удар за италијанската авто индустрија- Стелантис остана без 200 милиони евра

Стелантис, заедно со германскиот Мерцедес Бенц и подружницата на францускиот енергетски гигант TotalEnergies Safta, ја основаа компанијата ACC, која планира да изгради три фабрики за батерии во Европа.

Во јуни, ACC објави дека поради забавување на побарувачката за електрични возила, ја прекинува работата во погоните во Италија и Германија и се префрла на производство на поевтини батерии.

Голем број европски компании инвестираа големи суми во производството на литиум-јонски батерии, сметајќи на преминот од возила со мотори со внатрешно согорување на оние кои користат електрична енергија како движечка сила.

Но, побарувачката за електрични возила расте побавно отколку што предвидуваа некои во индустријата, а азиските и северноамериканските конкуренти веќе имаат изградено силни позиции и во производството на батерии и автомобили.

„Ние, се разбира, мора да планираме да го зголемиме капацитетот во согласност со зголемувањето (побарувачката) за ќелии на батерии“, рече извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес, на деловен состанок во Торино. „Штом се зголеми продажбата на електрични возила во Европа и штом ќе одлучам дека ми треба поголем капацитет, ќе активирам инвестиции во уште две фабрики во Германија и Италија“, додаде Таварес.

ACC денеска потврди дека не знае кога би можеле да бидат изградени погоните во Италија и Германија, изјавија од италијанската влада.

Италијанскиот министер за индустрија Адолфо Урсо рече дека ќе ги искористи европските фондови за поддршка на други инвестиции, во согласност со енергетската стратегија на Рим која треба да гарантира „позелена“ економија.

Италија резервира 200 милиони евра од европските фондови за закрепнување по пандемијата за изградба на гигафабрики, а исто толку вети дека ќе издвои од национални и регионални фондови.

Рим би можел да му обезбеди на ACC помош од државниот буџет доколку компанијата во подоцнежна фаза претстави нов индустриски план за гигафабриката во Термоли, истакна министерот Урсо.

Стелантис во владините разговори нагласи дека сè уште планира да произведува ендотермични мотори во Термоли и да ги задржи сите работници во очекување на повторен развој на фабриката за потребите на производството на батерии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинските напади драстично ги намалуваат руските нафтени капацитети

Според два извори од индустријата, украинските напади со беспилотни летала врз руските рафинерии го намалиле капацитетот на Русија за преработка на нафта за приближно 30 отсто.

Украинските напади драстично ги намалуваат руските нафтени капацитети

Украинските удари врз руските рафинерии дополнително ги отежнуваат напорите на Москва да се справи со недостигот на гориво на домашниот пазар, и тоа во време кога Русија продолжува да испорачува дизел на меѓународните пазари, согласно договорот со американскиот претседател Доналд Трамп.

Украина ги зачести нападите врз руските рафинерии од крајот на октомври, откако пропадна предложениот договор за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура.

Значителен пад

Според извори од индустријата и официјални претставници, во текот на изминатата недела, украинските напади го попречиле работењето и предизвикале вонредни ситуации во девет од 35-те големи руски рафинерии.

Извори од индустријата наведуваат дека вкупниот дневен капацитет на руските рафинерии погодени од напади со беспилотни летала од крајот на октомври – вклучително и три големи постројки во централна Русија – изнесува приближно 300.000 тони (2,2 милиони барели). Ова е во контекст на вкупниот примарен капацитет за преработка на нафта во Русија, кој изнесува околу 930.000 тони дневно.

До крајот на октомври, руските рафинерии преработувале приближно 700.000 тони (пет милиони барели) сурова нафта дневно, наведуваат изворите.

Според проценките на изворите, реалното намалување на преработката на сурова нафта во руските рафинерии би можело да достигне и до 200.000 тони дневно. Меѓу погодените постројки се рафинериите во Рјазањ, Јарослављ и во областите долж реката Волга.

Постојани напади

Гувернерот на Ленинградската област изјави дека во понеделникот, во ноќен напад, украински беспилотен летало ја погодило рафинеријата за нафта „Кириши“ – втората по големина во Русија – при што избувнал пожар. Тој додаде дека во нападот загинала една жена.

Во напис објавен во вторникот во рускиот дневен весник „Комерсант“, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Украина ги игнорира повиците на Трамп за прекин на нападите врз руските енергетски цели.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Киев продолжува со нападите врз цели поврзани со рускиот нафтен сектор, како одговор на руските напади врз енергетските капацитети. Тој посочи дека украинските електрани, енергетските мрежи, системите за греење и водоснабдување се под постојан напад и дека Москва одбива да ја намали ескалацијата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Предлог законот за јавни набавки попладнево стаса на дневен ред во Собранието, откако владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на СДСМ тој да биде повлечен.. 

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Дејан Трајкоски е во Парламентот..

Дејан, откако вчера претседателката Сиљановска стави вето на еден член од предлог законот, мнозинството експресно реагираше...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка.

Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година.

Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување.

Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година.

Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес.

Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер