Удар за антивакцинерите

Прва земја во Eвропа која воведува „зелени вакцина пасоши“

Француската влада го достави до собранието закон со кој им се овозможува на оние кои се вакцинирани пристап до јавниот превоз, рестораните, културните институции и други јавни места.

Премиерот Жан Кастекс во понеделникот го достави законот за воспоставување на долгорочен систем за управување со вонредни ситуации до собраниската процедура, а тој закон е познат и како „зелен вакцина пасош“, поради одредбите што условуваат пристап до одредени активности и места на основа на вакцинацијата.

Според тој закон, премиерот има право да одобри движење на лица, нивен пристап до јавниот превоз или одредени места врз основа на тест со кој се утврдува дека лицето не е заразено или по превентивен третман кој вклучува вакцинација против коронавирус, пренесува агенцијата Анадолија.

Дебатата за тој закон започна минатата недела, кога членовите на либералните и центристичките партии предложија воведување на таканаречен „зелен пасош“ за луѓето кои се вакцинирани, со образложение дека вакцинираните имаат право да живеат нормално.

Поради тој закон, ултрадесничарката Марин Ле Пен напиша дека нејзината партија никогаш нема да í дозволи на владата „присилно да воведе нешто што не успеала да го наметне со доверба“ и дека граѓаните кои не се вакцинирани не смеат да се сметаат за граѓани од втор ред.

Пратеникот Фредерик Дима на Твитер исто така напиша дека тоа нема да им го дозволи на францускиот претседател Емануел Макрон и премиерот Жан Кастекс.

Повеќето истражувања покажаа дека Французите се многу скептични во однос на вакцинацијата и дека само околу 40 проценти од граѓаните се подготвени да се вакцинираат. Со овој закон, Франција би била првата земја во Европа која би вовела вакви „пасоши“.

Шефот на авио-групацијата АДП, Огист де Роман, изјави дека идејата за ваквите пасоши, односно вакцинација пред патувањето, веќе постои за некои дестинации и дека постоела и пред пандемијата на коронавирусот.

Тоа го изјавил за телевизијата БФМ и додаде дека не знае дали вакцинацијата против коронавирусот ќе стане задолжителна, но верува дека тоа не е никаква нова идеја.

- На пример, не можете да патувате во Танзанија без да бидете вакцинирани против маларија. Така што таа идеја не е нова - рече тој.

Илјадници англиски лекари штрајкуваат непосредно пред парламентарните избори на 4 јули

Илјадници лекари во Англија денеска започнаа штрајк за зголемување на платите што ќе трае до 2 јули, пренесе Бета.

Младите англиски лекари, кои го формираат столбот на болничката нега, по единаесетти пат штрајкуваат поради несогласувањата со власта за платите и условите за работа, овој пат непосредно пред парламентарните избори во Велика Британија најавени за 4 јули, каде што е веројатна целосна промена на владата.

Синдикатот вели дека помладите лекари заработуваат околу 15 фунти (19 долари) на час, само пет фунти повеќе од минималната плата во Велика Британија од околу 10 фунти на час.

Британското лекарско здружение, синдикатот на лекарите, бара зголемување од 35 отсто.

Владата со конзервативно мнозинство минатата година ги зголеми платите на лекарите за меѓу 8,1 и 10,3 отсто, велејќи дека е „дарежлива“.

Претходно во јануари се одржа шестдневен штрајк, најдолг во историјата на британското здравство, поради што беа откажани десетици илјади прегледи и операции.

Целосно заглавена работата на Историската комисија меѓу Македонија и Бугарија

Нема никаков напредок, може да се каже дека таа работа е блокирана, работата на комисијата е блокирана.

Историската комисија е целосно блокирана, редовните средби кои ги имаат не вродуваат со плод, големите разлики помеѓу двете страни во моментов се непремостливи, вели професорот и член на комисијата Петар Тодоров. Според него проблемот доаѓа од бугарската страна која оди спротивно од градењето на добри односи помеѓу државите и во однос на минатото и во самата улога која ја има историската комисија...

-Нема никаков напредок, може да се каже дека таа работа е блокирана, работата на комисијата е блокирана. Едноставно големите разлики во гледањето, како го разбираме минатото, како ја разбираме улогата на комисијата и што таа треба да направи за да се подобрат односите меѓу двете држави. Потешкотиите доаѓаат од нивна страна? Јас ќе кажам дека да, од таа страна има еден пристап кој ние не можеме да го прифатиме и мислиме дека е спротивен на тоа што е интерес на двете држави, а тоа е градење на добри односи.

Како што најави министерката за образование Јаневска, предметот историја повторно ќе биде посебен, како и географија и граѓанско образование, па засега останува непознато дали ќе се изготвуваат нови учебнци и дали ќе се вметне во книгите она што единственот го договори историската комисија, за раниот среден век. Тодоров пак вели, дека пред се станува збор само за препорака.

-Тоа се препораки кои се доставуваат до соодветните институции, тоа значи дека во случајов кај нас тоа е бирото за развој на образование. Понатаму, службите, стручните лица постапуваат по тие препораки, тие препораки кои се изготвени од комисијата не се задолжителни, да мора, туку се препораки како што си е значењето на самиот збор, така што останува понатаму да се види дали тие препораки ќе ги применат институциите и во Македонија и во Бугарија.

Во моментов останува непознато дали ќе се изготвуваат нови учебници за новиот концепт, но од СОНК сметаат дека од практичен аспект на наставата, потегот е добар.

-Искуствата кои што се црпат од изминатиот период, кажуваат дека имало реално практични проблеми во реализирање на таа настава и дека ќе се врати по старо, значи ќе нема фузирање на предмети во сите, во општествените и во природните науки, значи посебно ќе си бидат предметите.

Јаневска денеска се сретна со СОНК и со директорот на бирото за развој на образованието. Од таму порача дека се прави напор да има учебници за сите во основното образование, додека пак кај средното ќе одело етапно поради лошата состојба.

Трипуновски: Со мелничарите и откупувачите на јачмен и пченица разговаравме за откупната цена

Со мелничарите и откупувачите на јачмен и пченица разговаравме за изнаоѓање на решение за откупната цена.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржал средба со млинарите и откупувачите на јачмен и пченица, на која се разговарало за откупната цена на јачменот и пченицата, но и во која насока ќе се движи откупот на житните култури, соопшти МЗШВ.

- На самиот почеток на откупот на јачменот и пченицата остварив состанок со производителите и со откупувачите на јачмен и пченица се со цел изнаоѓање на прифатливо решение за откупната цена која што ќе биде во корист и на производителите, но и на откупувачите, изјавил Трипуновски.

Министерот информирал дека веќе во понеделник е закажана уште една средба, на која дополнително ќе се разгледаат можностите за изнаоѓање на идеално решение за за годинешниот откуп на јачмен и пченица.

- Потребно е овие средби да се одржат многу порано, но за жал тие не се оствариле, затоа од следната година сите проекции и решенија ќе се дискутираат многу порано и ќе имаме јасно утврдени откупни цени пред почетокот на откупот, а не работите да се решаваат во последен момент. Мојот фокус останува на македонските земјоделци и грижата за нив, за тие да го добијат тоа што го заслужуваат, истакнал Трипуновски.

притисни ентер