Целосно заглавена работата на Историската комисија меѓу Македонија и Бугарија

Нема никаков напредок, може да се каже дека таа работа е блокирана, работата на комисијата е блокирана.

Историската комисија е целосно блокирана, редовните средби кои ги имаат не вродуваат со плод, големите разлики помеѓу двете страни во моментов се непремостливи, вели професорот и член на комисијата Петар Тодоров. Според него проблемот доаѓа од бугарската страна која оди спротивно од градењето на добри односи помеѓу државите и во однос на минатото и во самата улога која ја има историската комисија...

-Нема никаков напредок, може да се каже дека таа работа е блокирана, работата на комисијата е блокирана. Едноставно големите разлики во гледањето, како го разбираме минатото, како ја разбираме улогата на комисијата и што таа треба да направи за да се подобрат односите меѓу двете држави. Потешкотиите доаѓаат од нивна страна? Јас ќе кажам дека да, од таа страна има еден пристап кој ние не можеме да го прифатиме и мислиме дека е спротивен на тоа што е интерес на двете држави, а тоа е градење на добри односи.

Како што најави министерката за образование Јаневска, предметот историја повторно ќе биде посебен, како и географија и граѓанско образование, па засега останува непознато дали ќе се изготвуваат нови учебнци и дали ќе се вметне во книгите она што единственот го договори историската комисија, за раниот среден век. Тодоров пак вели, дека пред се станува збор само за препорака.

-Тоа се препораки кои се доставуваат до соодветните институции, тоа значи дека во случајов кај нас тоа е бирото за развој на образование. Понатаму, службите, стручните лица постапуваат по тие препораки, тие препораки кои се изготвени од комисијата не се задолжителни, да мора, туку се препораки како што си е значењето на самиот збор, така што останува понатаму да се види дали тие препораки ќе ги применат институциите и во Македонија и во Бугарија.

Во моментов останува непознато дали ќе се изготвуваат нови учебници за новиот концепт, но од СОНК сметаат дека од практичен аспект на наставата, потегот е добар.

-Искуствата кои што се црпат од изминатиот период, кажуваат дека имало реално практични проблеми во реализирање на таа настава и дека ќе се врати по старо, значи ќе нема фузирање на предмети во сите, во општествените и во природните науки, значи посебно ќе си бидат предметите.

Јаневска денеска се сретна со СОНК и со директорот на бирото за развој на образованието. Од таму порача дека се прави напор да има учебници за сите во основното образование, додека пак кај средното ќе одело етапно поради лошата состојба.

Вил Смит објави нова песна: Музиката ме подигна

Вил Смит објави нова песна наречена „You can make it“. Познатиот актер и рапер песната ќе ја изведе во живо на 30 јуни на доделувањето на наградите „BET“.

Вил направи пауза од својата музичка кариера откако ја објави песната „Get Lit“ во 2017 година. Пред тоа тој исто така имаше пауза од речиси 12 години по студискиот албум „Lost and Found“ објавен во 2005 година.

Смит на својот Инстаграм профил сподели видео како свири дел од својата нова песна на пијано. „За време на некои од најтемните моменти, музиката беше покрај мене - да ме подигне и да ми помогне да пораснам. Моја скромна желба е музиката да го направи истото за вас и да ви ја донесе сета радост и светлина што ја заслужувате“, напиша тој во описот на видеото.

Сирија: Терористичката група „Исламска држава“ убила над 4000 луѓе од поразот во 2019 година

 Џихадистите од терористичката група Исламска држава (ИД) убиле околу 4100 луѓе во Сирија откако го загубија своето последно упориште во земјата во 2019 година, соопшти денеска Сириската опсерваторија за мониторинг на човекови права (СОЧП).

ИД презеде контрола над делови од Сирија и Ирак во 2014 година, прогласувајќи калифат и наметнувајќи режим на терор пред да биде поразена во 2019 година од меѓународната коалиција предводена од САД и курдските сили.

По територијалниот пораз, џихадистите се повлекоа во огромната сириска пустина и продолжуваат со смртоносни напади, главно насочени кон армијата и силите доминирани од Курдите.

Од 2019 година, борците на ИД убиле околу 4100 луѓе во повеќе од 2550 операции во областите под контрола на режимот или под контрола на полуавтономната курдска управа, соопшти Опсерваторијата.

Повеќето од жртвите се војници, но бројот на жртви, исто така, вклучува 627 цивили, наведува СОЧП, чија седиште е во Обединетото Кралство, но има широка мрежа на извори низ Сирија.

Едвај поминува ден без напад, заседа, целна операција или изненаден напад од џихадистите во регионот, истакнува организацијата додека режимските сили и групите што ги поддржуваат редовно спроведуваат безбедносни операции во пустината, со поддршка на руските воени авиони.

ИД претрпе тешки загуби со повеќе од 2000 убиени џихадисти, вклучувајќи водечки функционери, наведува СОЧП.

Извештајот на Обединетите нации објавен во јануари проценува дека бројот на борци на ИД во Ирак и Сирија се движи од 3000 до 5000.

Во граѓанската војна во Сирија, која избувна во 2011 година по бруталната репресија на владата врз продемократските демонстрации, загинаа над половина милион луѓе, што ја подели земјата./МИА

Алкараз: Подготвен сум да ги „врзам“ Ролан Гарос и Вимблдон

Вимблдон е во тек, а во центарот на вниманието сега е актуелниот шампион и победник на Ролан Гарос, Карлос Алкараз. Шпанецот истакнува дека е подготвен да ја одбрани титулата.

- Во моментов, не се чувствувам особено посебно. Иако, овде се ми е посебно, бидејќи минатата година имав две одлични недели. Но, јас само сакам да гледам на ова како на секој турнир. Се чувствувам одлично, имав многу денови да се адаптирам, да тренирам. Се чувствувам многу порелаксирано кога се движам и играм на трева, изјави Алкарас.

Шпанецот доаѓа со „ореолот“ на освојување на Ролан Гарос и има шанса да го направи она што не го направија многу луѓе во отворената ера - да ги освои Ролан Гарос и Вимблдон во истата година. Ова го постигнаа Бјорн Борг три пати, Рафаел Надал двапати и Род Лејвер, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ по еднаш.

- Само да се освои Гренд слем е тешко. Сè е уште потешко кога за краток временски период се префрлате од земја на трева. Но, да речеме дека ќе се обидам да го направам тоа. Сакам да се приклучам на листата на малиот број луѓе кои го направиле ова. Знам дека ќе биде многу тешко, многу предизвикувачки. Но, мислам дека сум подготвен за тоа, порача Шпанецот.

Тој призна дека гледа видеа од поранешните шампиони, но потенцира дека нема ништо да промени во својата игра.

-Сè уште гледам снимки од Роџер, Енди (Мареј), Рафа, како и Новак. Сега ги гледам моите снимки за да видам како го направив тоа, заврши Алкараз. /МИА

притисни ентер