Минчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор
1Минчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор
3Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
3Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања
МакедонијаУчество на Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 35-годишнината од формирањето на Венецијанската комисијаПретседателката ќе оствари средби со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе и со претседателот на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, Марк Кулс.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Венеција, Италијанска Република, по повод учеството на одбележувањето на 35-годишнината од постоењето на Европската комисија за демократија преку право (Венецијанската комисија), советодавно тело на Советот на Европа. Предвидено е Сиљановска-Давкова на 11-ти октомври да се обрати на свеченото одбележување на годишнината, кадешто, покрај останатите високи гости, е најавено присуството на претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела и претседателката на Република Молдавија, Маја Санду. На настанот ќе му претходи отворање на изложбата на тема „Демократија преку право: од Република Серенисима до Венецијанската комисија на Советот на Европа“. Претседателката ќе оствари средби со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе и со претседателот на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, Марк Кулс. Во рамки на посетата, претседателката ќе оствари средба со претставници на македонската заедница во Италија и ќе се обрати на приемот што по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, ќе се одржи во Генералниот конзулат во Венеција. Сиљановска-Давкова во периодот од 2008 до 2016 година беше македонски претставник во Венецијанската комисија.Тагови: Силјановска Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Хајди Клум му подари црвено „Ферари“ на својот син за роденденСлавниот топ модел, легендарната манекенка Хајди Клум го одбележа роденденот на својот најстар син со посебен подарок. Таа го изненади својот син Хенри со црвено „Ферари“ за неговиот 21-ви роденден. Во видеото споделено на Инстаграм, Клум го прикажа моментот на врачување на подарокот; се гледа како Хенри излегува надвор со својот очув, Том Каулиц, додека Клум ја снима реакцијата на синот кога го здогледува новиот автомобил. Во следната објава, Клум сподели постаро видео од Хенри од неговите тинејџерски денови, во кое тој објаснуваше една облога што ја направиле тој и Каулиц. Каулиц објасни дека го купил „Ферарито“ на саем за автомобили и цело време го чувал скриено во гаражата. Клум истакна дека нејзиниот сопруг го исполнил ветувањето што му го дал на Хенри. Откако Клум и Каулиц по вторпат стапија во брак во 2019 година, извор близок до парот изјави дека нивната врска од самиот почеток била едноставна бидејќи Каулиц ги прифатил луѓето во нејзиниот живот, додека таа јасно ставила до знаење дека улогата на мајка ѝ е на прво место.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
Шоу бизГвинет Палтроу се соблече во топлес среде снимање, а потоа продолжи како ништо да не се случилоХоливудската ѕвезда Гвинет Палтроу повторно се соблече за објава на социјалните мрежи.Гвинет Палтроу повторно најде начин да ги изненади своите следбеници, а овој пат тоа го стори среде едно навидум обично видео посветено на есенската мода. Гвинет Палтроу повторно се соблече за објава на социјалните мрежи. 53-годишната актерка им порача на своите следбеници на TikTok дека е „време за џемпери“ и сподели видео во кое прикажа различни плетени парчиња облека, вклучувајќи ги и оние од нејзината луксузна модна линија GWYN. @gwynethpaltrow Hope that clears things up ♬ original sound - Gwyneth Paltrow За да го сними видеото, Гвинет го поставила својот мобилен телефон во дизајнерска фрижидер-торба во нејзиниот дом во Монтесито, Калифорнија, а потоа ненадејно се појавила без горниот дел од облеката. Интимните делови биле покриени со стратешки поставена црна лента. Додека грицкала јаболко, актерката ја покажала својата витка фигура, облечена само во бели фармерки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
МакедонијаМинчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот секторДенес, системот на плати во јавниот сектор се уште се карактеризира со различни правила, процедури и практики меѓу институциите. Тоа создава нееднаквости и ја отежнува примената на јасни и единствени стандарди за вреднување на работата. Затоа, воспоставувањето поусогласен, транспарентен и праведен систем на плати е една од важните реформи на кои Министерството за јавна администрација посветено работи. Во насока на оваа реформа, денеска започна петдневната TAIEX експертска мисија посветена на воспоставување единствен и усогласен систем на плати во јавниот сектор. Мисијата ја отворија министерот за јавна администрација, Горан Минчев и вршителката на должноста амбасадор на Република Грција, Христина Василату, а во нејзини рамки експерти од грчкото Министерство за национална економија и финансии ќе го пренесат искуството од грчкиот Единствен систем на исплата, модел кој овозможува централизирано и усогласено управување со исплатите во јавниот сектор. „Нашата цел е јасна, да воспоставиме систем во кој правилата ќе бидат јасни и еднакви за сите, а принципот „еднаква плата за еднаква работа“ да биде реално применлив во целиот јавен сектор“ порача министерот Минчев. Министерството работи на новата законска рамка за системот на плати, со план законското решение да биде заокружено до крајот на 2026 година, а неговото постепено и систематско спроведување да започне во 2027 година. „Не сакаме да копираме туѓ модел. Сакаме да го разбереме, да го анализираме и врз основа на нашите институционални, законски и финансиски услови да изградиме решение кое ќе биде функционално и применливо за Македонија“ истакна Минчев. Според него, целта е да се создаде систем што нема само да ги поедностави процесите, туку ќе донесе поголема транспарентност, подобра контрола на јавните средства и поквалитетни податоци за носење јавни политики. За Министерството за јавна администрација, ова е конкретен чекор во реформата за градење на поефикасен и поправеден систем на плати, систем во кој правилата се јасни, одговорноста е прецизно утврдена, а јавните средства се управуваат поефикасно и потранспарентно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook