Ученици од три града на заеднички фудбалски тренинг со Панчев и Станојковиќ

Триесет и пет ученици од 11 основни училишта од Скопје, Тетово и Велес ќе одржат заеднички фудбалски тренинг со спортските ѕвезди Дарко Панчев и Вујадин Станојковиќ во рамки на спортскиот настан „Играј фер".

Настанот денеска ќе се одржи на фудбалското игралиште Локомотива.

Целта на овој настан, во организација на Агенција за млади и спорт, е запознавање, вмрежување и интегрирање на млади кои не доаѓаат од иста средина, надминување на стереотипите, како и зголемување на меѓусебната толеранција на млади од различни етнички средини и нивно поврзување преку фер спортска игра. /МИА

Комисијата за заразни болести сеуште размислува околу дневниот престој на учениците

Комисијата за заразни болести испратила барање до МОН да ја информираат колку деца од прво до трето одделение се пријавиле за следење на наставата со физичко присуство па потоа да се донесе одлука дали ќе има дневен престој за децата или не.

Директорите на училиштата објаснуваат дека ова ќе биде нова состојба и ќе мора да се прават планови но се уште чекаат одлука и препораки кои треба да ги донесе комисијата за заразни болести. Во основното училиште Ѓорѓија Пулевски денеска добиле допис од страна на Бирото за развој при министерството за образование каде се бара колку деца минатата година посетувале дневен престој до трето одделение. Минатата година 286 деца останале во дневен престој. Она што сега се прави е организирање на настава со поделба и на едно одделение каде максимум ќе има по десет деца.

За останатите ученици кои ќе следат од дома настава од училиштето денеска завршиле со поставувањето на посилен интернет.

Училишната година почнува од 1 октомври дотогаш остануваат десетина дена кога треба да се одговори на многу прашања колку деца ќе одат во училиште. Останува и предизвик за родителите кои ќе треба да ги земат децата по часови, и да продолжат да одат на работните места.

Османи: Во интерес на Бугарија е целиот регион да се интегрира во ЕУ

Зголемената комуникација на релација Скопје-Софија е најдобар начин на се надминат разликите помеѓу двете земји – смета шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

Вели дека и Бугарија има интерес од членството на Македонија во Европската Унија, и очекува комисиите за историја да најдат заеднички став за сите горливи прашања. Османи најави и дека наскоро ќе се одржи средба помеѓу државниот врв на двете земји, на која би се разговарало за билатералните односи и евроинтегративниот процес на Македонија, а од македонска страна вели дека ќе се бара почитување на договорот за добрососедство.

Од друга страна пак, од Софија и денеска со порака за евроинтегративниот тек на земјава. Бугарскиот пратеник Алексадар Сиди, за тамошните медиуми вели дека доколку Македонија продолжи да го поттикнува како што вели, македонизмот, Бугарија ќе ја сопре поддршката за членство.

Категорично да. Ако тие не ги исполнат условите од договорот за добрососедство, нема никаков начин Бугарија да продолжи да го поттикнува македонизмот во Македонија. Во краен случај, тие успеаа да склучат договор со Грција кој го почитуваат, кој беше многу тежок за нив, го променија и името, но не сакаат да седнат и да се договориме дека до 1945 година имаме заедничка историја.

Евроинтегративните текови и односите меѓу Македонија и Бугарија беа дел и од денешната средба на министерот Османи со генералната секретарка на регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу, каде како што соопштија и двајцата, меѓудругото посебен акцент бил ставен на предизвиците и потенцијалите од претстојниот софиски самит во рамки на заедничкото претседателство на Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес.

Мицотакис на тест, ќе гласа ли Нова Демократија за законите произлезени од Преспанскиот договор?

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред првиот вистински тест во Собранието за Преспанскиот договор.  

Три меморандуми, потпишани лани меѓу Скопје и Атина, веќе се во собраниска процедура и наскоро ќе се најдат на гласање во грчкиот парламент. Процедурата ја разгори политичката дебата во земјата, зашто се очекува пратениците на Мицотакис прв пат да кренат рака за предлог законите од Преспанскиот Договор. Ова се први договори во Собранието во мандатот на Нова Демократија, чии пратеници додека беа во опозиција категорично гласаа против договирте што произлегуваат од Спогодбата. Оттука, екс грчкиот премиер Алексис Ципрас, порачува дека ќе побараат јавно гласање на трите договори. Вели рече дека очекува секој еден од 158-те пратеници на владеачката партија да се извини за поделбите и лагите што ги предизвикале околу Преспанскиот договор во периодот додека биле во опозиција.

-Извинување за нападите, извинување за куршумите до министрите и пратениците од СИРИЗА, извинување за подметнувањето пожари пред нивните домови, извинување за мизеријата што се случи пред две години. И, пред сè, извинување за измамата на обичните граѓани, на кои им рекоа дека СИРИЗА ја предава Македонија, рече Алексис Ципрас, лидер на Сириза

Првиот предлог закон, што ќе се стави на гласање, како што објави МИА е меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија, вториот е за формирање на Координативен комитет за економска соработка и третиот за Техничка спогодба за надзор на македонскиот воздушен простор од грчки воени авиони. Односот на Нова Демократија кон Преспанскиот договор се актуелизира по минатонеделната средба меѓу премиерите Заев и Мицотакис во Атина. Последните пораки на некогаш најгласниот противник на Спогодбата, Мицотакис, беа дека е обврзан да го почитува Договорот, иако и натаму смета дека е проблематичен.

притисни ентер