Ова е последниот напад во главниот град на Авганистан за време на мировните разговори меѓу талибанците и претставниците на авганистанската влада во Катар, потсетува АП.
Портпарол на Врховниот суд на Авганистан, Ахмад Фахим Кавим, рече дека жените биле судии кои работеле за повисокиот суд, но тој не ги идентификувал по име.
Никој не презеде одговорност за нападот, а портпаролот на талибанците Забихула Муџахид рече дека бунтовничката група не е одговорна.
Авганистанската влада во последните месеци повеќепати ги обвинува Талибанците за насочени убиства, а бунтовничка група ја обвини владата за организирање убиства за нарушување на мировниот процес.
Терористичката Исламска држава ја презеде одговорноста за повеќе напади во главниот град во последните месеци, вклучително и образовните институции во кои беа убиени 50 лица, повеќето студенти.
ИД ја презеде одговорноста и за ракетните напади во декември насочени кон главната американска база во Авганистан, кога немало жртви.
Талибанците и авганистанската влада ги продолжиле мировните разговори во Катар на почетокот на овој месец.
Преговорите започнале полека, бидејќи бунтовничката група продолжува да ги напаѓа авганистанските владини сили, притоа држејќи го ветувањето дека нема да ги напаѓа војниците на САД и НАТО, според АП.