Убиена европската првенка среде голф игралиште

Европската првенка во аматерски голф , Шпанката Селиа Баркин Арозамена , е убиена на игралиште во американската држава Ајова.

Аматерската првенка на Европа била убиена на голф терен во Ајиова , а полицијата го уапсила 22 годишното момче за кое се сомневад ека го извршил убиството на 22 годишната спортистка.

Потерата по Селиа почнала кога голфери пријавиле дека торбата подолго време е на теренот , а до неа нема никој. Полицијата дошла да ја провери пријавата и набргу го нашле телото на младата спортистка.

Селиа била гордост за Ајова , велат од Универзитетот за кој играла голф и била прогласена за најдобра спортистка на оваа американска држава, а воедно е носител на и на европската аматерска титула.

Полицијата не соопштува детали за убиството , освен дека станува збор за криминалец со дебело досие.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер