Полицијата соопшти дека жртвата е 44- годишниот Дерк Вирсум , адвокат на Набил Бакали, клучен сведок на загинатиот во тужбата против 16 лица , обвинети за пет убиства и еден обид за убиство во Холандија во периодот од 2015 до 2017 година. Освен адвокатот , минатата година беше убиен и братот на Бакали на неговото работно место , иако не бил поврзан со бандата. Неговото убиство се случило лани , само неколку дена откако протекле информации дека Бакали е сведок на обвинителството. Вработените во судството и обвинителството во Холандија се шокирани , зашто вакво злосторство не се случило до сега.
„Неговата загуба нè погоди сите нас. Овој настан не е лична трагедија, туку сериозна закана за нашиот правен систем“, се вели во соопштението од обвинителството.
Холандската национална агенција за борба против тероризмот , НЦТВ е одговорна за истрагата на случајот.
„Ова е напад врз нашето владеење на правото“, рече холандскиот министер за правда, Ферд Греперхаус, додавајќи дека сите што се вклучени во случајот се наоѓаат под специјална придружба.
Во Амстердам, со население од околу 800.000, се зголемува загриженоста за порастот на криминалот предизвикан од долгогодишната толеранција кон употребата на лесни дроги и последователното зголемување на бројот на дилери.