Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка
1Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка
СветУбиецот на Израелците во Вашингтон обвинет за убиство Мажот обвинет за смртоносното пукање во Вашингтон врз младата двојка која работела во израелската амбасада е обвинет за убиство, соопштија властите.Јарон Лишински и Сара Лин Милграм беа убиени додека излегуваа од Еврејскиот музеј по настан за млади дипломати, потсетува ДПА. Осомничениот, Елиас Родригез од Чикаго, беше обвинет за убиство на странски функционери, предизвикување смрт со употреба на огнено оружје и пукање од огнено оружје за време на кривично дело со насилство. Тој е обвинет и по две точки од првостепено убиство, соопшти Канцеларијата на американскиот обвинител. Обвинителката Памела Бонди рече дека за „бруталното, антисемитско насилство“ нема место во САД или каде било во цивилизираниот свет. - Ќе ги следиме фактите и ќе ја обезбедиме најстрогата можна казна за сторителот на ова грозоморно злосторство, кое на двајца прекрасни млади луѓе им ја одзеде заедничката светла иднина, рече Бонди. Вршителката на должност американската обвинителка Џенин Пиро рече дека пукањето се истражува како злосторство од омраза и терористичко злосторство. - Насилството врз кое било лице, врз основа на неговата религија, е чин на кукавичлук. Тоа не е чин на херојство, рече Пиро на прес-конференција. - Антисемитизмот нема да се толерира, особено не во главниот град на нацијата, нагласи таа. Пиро рече дека истрагата сè уште е во рана фаза, но обвиненијата вклучуваат злосторства за кои би можело да се добие смртна казна. Судијата закажа сослушување за случајот за 18 јуни. Родригез, 30, отворил оган врз жртвите додека тие излегувале од музејот, стои во изјавата во кривичната пријава. На надзорна снимка наводно се гледа Родригез како поминува покрај жртвите пред да се сврти и да испука повеќе куршуми, се вели во изјавата на Канцеларијата на обвинителот. - Откако жртвите паднале, тој наводно продолжил да пука од непосредна близина, дури и додека една од жртвите се обидува ползи. Истражителите пронашле пиштол од 9 милиметри и 21 потрошена чаура на местото на настанот, стои во документот. Нејасно е дали осомничениот стрелец ги познавал двајцата или каква врска можеби имал со нив.Тагови: Вашингтон САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБрзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевкаДенес сме на Водно, на улица Партение Зографски 31, каде што жителите алармираат дека се копа и се гради во непосредна близина на главната водоводна цевка. Стравуваат дека градежните активности може да предизвикаат сериозни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Според жителите, проблемот повеќепати бил пријавуван во Општина Центар, но надлежните не излегле на терен. Господине Герасимовски, колку пријави треба да поднесат граѓаните за конечно да реагирате? Дали треба да настане штета, па потоа да преземете нешто? Јавно прашуваме: Дали е точно дека Општина Центар во моментов има еден градежен инспектор, кој е на боледување, додека останатите ја напуштиле работата? Дали причината за нивното заминување се евентуалните притисоци и од кого? Господине Филипче, господине Горан Бетон Герасимовски, ве повикуваме да дојдете на оваа локација, да разговарате со жителите и да објасните кој ја контролира изградбата и кој ја гарантира безбедноста на водоводната инфраструктура. Господине Филипче, ве повикуваме заедно со Горан Бетон Герасимовски симболично да ги вадиме тулите од овој објект, за кој жителите сметаат дека е спротивен на нивните интереси. Ветувавте хумана урбанизација, а денес граѓаните бараат одговори и конкретни дела. Почитувани, За нас ова е прашање на безбедноста, квалитетот на живот и иднината на Центар. Бараме итен инспекциски надзор, проверка на водоводната инфраструктура и јавно објавување на наодите. Филипче и Горан Бетон Герасимовски, доста се ветувања! Граѓаните заслужуваат одговори, а не изговори! Центар им припаѓа на граѓаните, а не на бетонот и инвеститорските интереси! Клементина Брзаковска, член на ГК Скопје и претседател на Комисија за животна средина на ОК Центар Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправаОдделот за внатрешна контрола против А.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавениот, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР, и покрај тоа што на 03.03.2026 и 09.07.2026 не дарувал крв во ЈЗУ Институтот за трансфузиона медицина при комплекс клиники „Мајка Тереза“, изготвил и употребил две лажни потврди за дарување на крв за што изготвил две барања за користење платено отсуство од три работни денови за деновите 03.03.2026, 04.03.2026 и 05.03.2026, како и за 09.07.2026, 10.07.2026 и 13.07.2026, по што ги искористил. Одделот за внатрешна контрола против А.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилен земјотрес го погоди Нов ЗеландЕпицентарот на земјотресот бил на Северниот Остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон.Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон. Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter