Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
Шоу бизУбиецот на Џон Ленон по 40 години и се извини на Јоко Оно Марк Чепмен, човекот кој го уби Џон Ленон, и се извини на неговата вдовица Јоко Оно 40 години по убиството.Во 1980 година, Чепмен го застрела Ленон четири пати пред неговиот стан во Менхетен, додека Оно била таму. Минатиот месец, судот го одби неговото барање за условно ослободување по 11-ти пат, пишува Би-Би-Си. За време на сослушувањето, Чепмен рече дека ја убил 40-годишната sвезда поради слава и дека заслужува смртна казна. Тој додаде дека цело време размислувал за грозоморниот чин и прифаќа дека може да го помине остатокот од својот живот во затвор. „Само сакам да повторам дека жалам за моето злосторство“, рече Чепмен пред одборот за помилување во затворот Венде во американската држава Њујорк. "Немам изговор. Тоа беше за моја слава. Мислам дека тоа е најлошото злосторство што може да го сториш на некој што е невин". "Тој беше исклучително познат. Јас не го убив поради неговиот карактер или за тоа каков човек беше. Тој беше семеен човек. Тој беше икона. Тој беше некој што зборуваше за работи за кои можеме да зборуваме сега и тоа е одлично". "Го убив, да го употребам твојот збор, бидејќи тој беше многу познат и тоа е единствената причина. Бев желен за слава и многу себичен", додаде тој. "Сакам да го додадам и да го потенцирам. Тоа беше исклучително себичен чин. Жал ми е за болката што и ја предизвикав на Оно. Мислам на тоа цело време". Пред пет години, јапонската уметничка, сега на 87 година, која се спротивстави на какво било негово барање за ослободување, за Дејли бист изјави дека живее во страв да дека ќе излезе од затвор. "Ако го сторил тоа еднаш, можеше да го стори повторно, на некој друг. Може да бидам јас, може да биде Шон (нејзиниот син), Секој може, па затоа сум загрижена", рече Оно. Документите од последното рочиште што го одржа Здружението за печат откриваат дека комитетот го одбил неговото ослободување со образложение дека тоа би било „некомпатибилно со благосостојбата на општеството“. Чепмен имал 25 години кога го убил Ленон. Денес има 65 години, тој е оженет и неговата сопруга живее во близина на затворот каде што е затворен последните осум години. На сослушувањето, тој се опиша себеси како длабоко религиозен и побожен христијанин. Чепмен е исто така службеник во посебен дел од затворот, каде што е сместен заради сопствена безбедност. Убиецот на Ленон го носел романот „Ловец на жито“ од Селинџер кога го извршил убиството. Говорејќи за тоа, рече дека се идентификувал со изолацијата и осаменоста на главниот лик. Тој додаде дека заслужува смртна казна, што е укината во Њујорк во 2007 година, додека последен пат била извршена во 1963 година. „Кога свесно планирате нечие убиство и знаете дека не е во ред и го правите тоа за себе, тоа е според мене е за смртна казна“, рече Чепмен. „Некои не се согласуваат со мене, но секој добива втора шанса. На прашањето дали правдата е задоволена, Чепмен рече дека не заслужува ништо. „Ако законот и вие одлучите да ме оставите овде до крајот на мојот живот, не се жалам. Во својата одлука, Комитетот за поправки и надзор на заедницата во Њујорк соопшти дека смета дека изјавата на Чепмен дека „срамот носи слава“ е вознемирувачка и препорачува „личен раст и продуктивно користење на времето“. Комитетот исто така забележа дека „себичниот чин на Чепмен им ја украде можноста на идните обожаватели да ги искусат зборовите на инспирација што овој уметник им ги дал на милиони луѓе“. „Вашиот насилен чин предизвика уништување не само на семејството и поранешните членови на бендот, туку и на целиот свет“, се додава во одлуката. Чепмен следниот пат ќе се квалификува за условно ослободување по две години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook