Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
СветУбедлива победа на опозицијата на изборите во Јужна КорејаЛибералните опозициски партии во Јужна Кореја извојуваа убедлива победа на вчерашните парламентарни избори, нанесувајќи му удар на претседателот Јун Сук Јеол и неговата конзервативна партија, иако не добија двотретинско мнозинство во парламентот.Според првичните резултати на Националната изборна комисија, Демократската партија освои 170 од 300 мандати во новото свикување на парламентот. Исто така, се очекува Либералната партија, која важи за сојузник на Демократската партија, да освои најмалку 10 мандати. -Гласачите ме избраа мене, со што покажаа палци надолу за администрацијата на претседателот Јун Сук Јеол. Демократската партија ќе ја преземе одговорноста за животниот стандард на граѓаните и ќе создаде подобро општество, изјави лидерот на Демократската партија Ли Џе-мјунг. Некои аналитичари го сметаа изборниот натпревар како референдум за претседателот Јун, чија популарност опадна по порастот на трошоците за живот и низата политички скандали. Во центарот на еден од нив беше неговата сопруга која на подарок прифатила скапа чанта од Диор. Освен споменатата афера, бројни опозициски кандидати во кампањата го истакнаа лошото менаџирање на економијата на претседателот. Првата дама Ким Кион Хи не е видена во јавноста од 15 декември и не го придружуваше претседателот за време на гласањето на избирачкото место. Неговата Народна партија на изборите освои 100 мандати, што е доволно за да ги спречи победниците на изборите да формираат двотретинско мнозинство во парламентот, што ќе им овозможи да го отфрлат ветото на претседателот на законите и да усвојат измени на Уставот. Националната изборна комисија денеска треба да ги објави официјалните резултати. На изборите излегоа 67 отсто од гласачите, односно 29,7 милиони лица со право на глас, што е највисока забележана излезност кога се во прашање парламентарните избори, додека малку поголема излезност беше забележана само на претседателските избори во 2022 година, на кои тесно победи Јун Сук Јеол. Иако претседателот на државата не се натпреваруваше на изборите, поради лошиот резултат на неговата партија, неговите шанси да ги протурка своите законски предлози низ парламентот сега се значително намалени. Во последниве месеци, тој вети дека ќе ги намали даноците, ќе го поедностави бизнисот за компаниите и ќе донесе пакети за помош на семејствата во општеството во светот кое најбрзо старее.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ЗдравјеСекој втор возрасен, а секој петти малолетник пуши, бројот постојано растеВо просек секој граѓанин кој пуши цигари во просек троши по 600 евра, скоро 50 % од возрасните граѓани во Македонија пушат цигари, загражувачки е што и деца на 14 годишна возраст користат производи со тутун.Во просек секој граѓанин кој пуши цигари во просек троши по 600 евра, скоро 50 % од возрасните граѓани во Македонија пушат цигари, загражувачки е што и деца на 14 годишна возраст користат производи со тутун и треба поголема контрола за проджба на производи со тутун и експонираноста на производите кои се многу блиски како избор во продажбата, објаснуваат од Аналитика тинк-тенк. Како еден од ефектите за откажување од цигари е цената на цигарите, за скоро 47% е оваа причина, и 36% проценти се откажале заради лекарски совет. Она што е важно е носење на законот за забрана за пушење, што е во комисика процедура скоро девет месеци. Постапката во Собранието трае поради разгледување амандмани и барање дополнителни мислења од домашни експерти, велат членови на комисијата. Шефот на канцеларијата на СЗО, Аким Али со став, цигарите од различни категории треба да се поскапат, за да станат недостапни за младите. „На младите луѓе не им треба да им се дозволи да пушат цигари и да користат тутунски производи. Кога ќе поминам покрај училиште и гледам како млади луѓе пушат, а пушат и нивните наставници, е многу загрижувачки за мене“, Аким Али Шеф на канцеларија на СЗО. Според истражувањата, за скоро 18 проценти цигарите станале подостапни во одност на просечната плата, бидејќи палтите растеле побрзо од цената на цигарите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ ја поднесе интерпелација за гувернерот Трајко СлавескиПратениците на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието ја поднесоа интерпелацијата за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески за Алта банка.Со интерпелацијата бараме да се утврди политичка одговорност за постапувањето на гувернерот Славески во скандалот со Алта банка. Интерпелацијата се однесува на постапката во која Славески и Народната банка дале претходна согласност Алта банка АД Белград да стекне квалификувано учество во тогашната Стопанска банка АД Битола. Бараме одговор кои проверки биле направени за инвеститорот, сопственичката структура и потеклото на капиталот, како биле проценети ризиците за депонентите и врз основа на што била дадена согласност за именување на Давор Мацура во Надзорниот одбор на банката во Битола. Славески треба да одговори и што разговарал со премиерот Христијан Мицкоски за влезот на Алта банка со неговите „консултации“. СДСМ очекува Собранието да расправа по интерпелацијата и да утврди политичка одговорност, а Јавното обвинителство да постапи по веќе поднесените кривични пријави за скандалот со Алта банка.Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаСредби на Гаши во Загреб: Соработка и европска перспективаГаши оствари средба со Претстедателот на Република Хрватска, г. Зоран Милановиќ.Во рамкте на официјалната посета на Република Хрватска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Африм Гаши, придружуван од претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Хрватска, Благица Ласовска, и членовите на Групата, Димитар Ковачевски, Каљтрина Беќири и Сали Мурати, остварија средба со Претстедателот на Република Хрватска, г. Зоран Милановиќ. На средбата, беше нагласено значењето на партнерските односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска, како и дека двете држави негуваат пријателски односи и споделуваат заеднички заложби за унапредување на билатералната соработка во повеќе области. Во однос на европската интеграција, претседателот Гаши ја потврди стратешката определба на Република Македонија за полноправно членство во Европската Унија а воедно посочи дека е и важно да се зачувува предвидливоста и кредибилитетот на процесот на проширување на Европската Унија, со доследна примена на принципот на строга, но правична условеност и вреднување на напредокот врз основа на постигнатите резултати и исполнувањето на Копенхашките критериуми. Во делот на регионалната соработка, беше истакната заедничката заложба за унапредувањето на регионалната соработка и добрососедските односи. Беше нагласена определбата отворените прашања да се решаваат преку дијалог и компромис, врз основа на заемно почитување имајќи ја предвид заедничката одговорност за стабилноста и напредокот на регионот. Програмата на официјалната посета предвидуваше и средба со министерката за регионален развој и фондови на Европската Унија на Република Хрватска, г-ѓа Наташа Микуш Жигман. На средбата претседателот Гаши информираше дека Република Македонија активно е вклучена во спроведувањето на Новиот план за раст за Западен Балкан, кој претставува значаен инструмент за забрзување на реформските процеси, поттикнување на економскиот развој и постепено приближување кон единствениот пазар на Европската Унија. Понатаму, беше изразен интерес за натамошно продлабочување на соработката со Република Хрватска и размена на искуства во областа на програмирањето, управувањето и користењето на фондовите на Европската Унија, особено во контекст на обврските и можностите што произлегуваат од процесот на пристапување. Воедно, беше нагласено значењето на хрватските искуства и добри практики во подготовката и спроведувањето на развојни проекти финансирани од ЕУ, со посебен акцент на јакнењето на административните капацитети како предуслов за поефикасно искористување на европските фондови.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook