3ЈО: Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирми
Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
1Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
ФудбалУбедлива победа на Јувентус против БарселонаФудбалерите на Јувентус забележаа убедлива победа со 3-0 против Барселона во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.До оваа значајна предност италијанскиот првак стигна во мечот одигран пред своите симпатизери во кој 23-годишниот Аргентинeц, Пауло Дибала постигна два гола (7. и 22.минута), а во листата на стрелците се запиша и Горџио Киелини (55). Вториот натпревар кој требаше да се одигра синоќа меѓу Борусија Дортмунд и Монако беше одложен, по експлозијата која се случи во близина на клупскиот автобус на германскиот тим. Средбата е презакажана за денеска со почеток од 18 часот и 45 минути. Два часа подоцна (20:45), ќе започнат преостанатите две четвртфинални пресметки во кои англискиот шампион Лестер го пречекува Атлетико Мадрид, а актуелниот европски шампион Реал во Мадрид ќе игра против минхенски Баерн. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзраел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 годинаИзраелските граѓани денеска гласаат на парламентарни избори, први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.На изборите ќе се одлучува за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Анкетите покажуваат неизвесна трка меѓу блокот на Нетанјаху и опозицијата.опозицискиот блок Јашар го предводи поранешниот началник на генералштабот, Гади Ајзенкот. Ниту еден од двата табора, според анкетите, нема сигурно мнозинство од 61 пратеничко место.Тоа би можело да доведе до долги преговори за формирање нова влада. Изборите се одржуваат во услови на меѓународни критики за војната во Газа. Критики има и поради насилството и проширувањето на еврејските населби на западниот брег. Резултатите се следат и во странство, во време на зголемени тензии меѓу Израел и Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотДенеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?На 27 октомври, православните верници го одбележуваат празникот посветен на Света Петка Епиватска, позната и како Света Петка Трновска. Во народот празникот е познат како Петковден, а светицата се почитува како заштитничка на жените, децата, болните и сиромашните. Со нејзиното име се поврзуваат бројни народни верувања, обичаи и преданија што се пренесуваат од генерација на генерација. Според народните верувања, Света Петка ги штити луѓето од несреќи и природни непогоди, а жените ѝ се молат за здравје, семејна благосостојба и пород. Во многу места во Македонија празникот се одбележува со посета на црквите, палење свеќи и молитви. Кoja била Света Петка Епиватска? Во христијанската традиција се почитуваат повеќе светици со името Параскева, односно Петка. Меѓу нив се Света Параскева Римјанка, чиј празник се одбележува на 8 август, и Света Параскева од Иконија, која се празнува на 10 ноември. На 27 октомври се чествува Света Петка Епиватска, позната и како Трновска, една од најпочитуваните светителки во православието. Според житието, таа била родена во Епиват, во близина на Цариград, кон крајот на X век, во благочестиво христијанско семејство. Нејзиното име, Параскева, потекнува од грчкиот збор што значи „подготовка“ и се поврзува со петокот, денот пред еврејскиот сабат. Нејзиниот брат Ефтимиј исто така го посветил животот на верата, се замонашил и станал епископ. По смртта на родителите, Петка го напуштила семејниот дом. Прво заминала во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што, според преданието, живеела во молитва, пост и духовно искушение. Кога остарела, ѝ се јавил ангел кој ѝ порачал да се врати во родниот крај. Таа се вратила во Епиват, каде што живеела уште две години, а потоа починала. Бидејќи жителите не знаеле која е, била погребана надвор од градот како непозната туѓинка. Преданието за нејзините мошти Според црковното предание, неколку години по нејзината смрт, во близина на местото каде што била погребана бил закопан и починат човек. При откопувањето на гробот, присутните забележале дека телото на светицата не се распаднало. Во преданието се раскажува дека една ноќ на човек што учествувал во погребот му се јавила светителка во сон и побарала нејзините мошти да бидат извадени и достоинствено положени на друго место. Така, според верувањето, било откриено чие тело почивало во гробот. Моштите на Света Петка првично биле пренесени во црква во Епиват, а подоцна, во текот на историјата, биле преместувани на повеќе места. Биле чувани во Трново, во денешна Бугарија, потоа во Влашко, Белград и Цариград. Денес нејзините мошти се наоѓаат во градот Јаш, во Романија, каде што голем број верници доаѓаат да им се поклонат. Во народното верување и денес постои предание дека Света Петка може да им се јави на луѓето во сон, носејќи им утеха или предупредување. Зошто Света Петка е толку почитувана во Македонија? Култот кон Света Петка е широко распространет и во Македонија. Во нејзина чест се изградени цркви и манастири, а бројни извори и лековити води во народната традиција се поврзуваат со нејзиното име. Во различни делови од земјата се негуваат посебни обичаи за Петковден. Верниците го одбележуваат празникот со молитва, посета на храмовите и палење свеќи, а некаде се носат и леб, пченица и вино. Еден од познатите обичаи е таканареченото „петолебие“, при кое верниците носат пет леба во црквата. Обичајот се поврзува со библискиот настан во кој Исус Христос со пет леба нахранил пет илјади луѓе. По осветувањето, еден од лебовите се враќа кај верникот, додека другите остануваат во храмот. Што велат народните обичаи за Петковден? Петковден во народната традиција се смета за значаен празник, кој треба да се помине во мир, молитва и почит. Верниците често се воздржуваат од тешки физички работи и денот го посветуваат на семејството и духовниот живот. Во некои средини постои обичај во црквата да се носат дарови, како масло за јадење или облека, наменети за оние на кои им е потребна помош. Иако обичаите се разликуваат од регион до регион, заедничка е вербата во заштитничката улога на светицата и молитвата за здравје, мир и благосостојба. Петковден и денес има посебно место во духовниот и народниот живот на многу семејства во Македонија, а преданијата за Света Петка продолжуваат да се пренесуваат од генерација на генерација.Тагови: празник Света Петка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Скопје посебен сообраќаен режим на посета доаѓа претседателката на парламентот на КосовоПретседателката на парламентот на Косово, Албуљена Хаџиу, денеска доаѓа во Скопје. За време на посетата таа ќе престојува во македонското собрание, каде што ќе се сретне со собранискиот спикер.Според информациите на прес-службата на собранието, Хаџиу ќе биде пречекана со високи државни и воени почести, по што ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на парламентот Африм Гаши. Ќе се потпише и во книгата на впечатоци.поради посетата на делегацијата од Косово, денеска во главниот град ќе има посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје. МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook