3Иранската фудбалска асоцијација: ФИФА го откажа доделувањето билети за иранските навивачи за групната фаза
МакедонијаУбавата Захариева ветува „наскоро“ вакцини за Македонија, ама Вучиќ повторно е во „акција“Додека „диктаторот“ Вучиќ доставува вечерва помош од 2000 вакцини на црна Гора, убавата Захариева ветува ли ветува...„наскоро“, веројатно до 2029 год. ќе ги добиеме ветените вакцини од Бугарија, ама чекајте...тоа не е се!Убавата и божествено грациозна министерка Захариева вели дека Бугарија наскоро ќе го оствари ветувањето дадено на Македонија, за донација на вакцини ( бројот не им се знае, да се надеваме дека ќе добиеме барем 1000 единици ), кога тие ( Бугарија ) ќе имале доволно количества од ЕУ, најави бугарската убава министерка во емисијата „Лице в лице“ на приватната софиска bTV. Ако сме „браќа“ а ако они ни се „ татковци“, семејните непишани правила, пропишани и во Библијата, велат дека „родителот“ треба на „братот“ или на „децата“ да им даде се во исто време, а не да чека да ги задоволи прво едните па потоа другите, односно нас, Македонците со „бугарски корени“? Дополнително, на прашањето зошто Бугарија не донирала вакцини на Македонија досега, туку тоа прва и засега единствено го направи Србија, Захариева посочува дека проблем е тоа што се доцнело со испораката и преку Ковакс механизмот. Ама оваа гламурозно и божествено убава министерка Захариева, заборава дека со сите сили ги напаѓаше Србија, Вучиќ, а нас не нарече творба на Титовата коминтерна, која е под иректна контрола на Белград и Москва. А тој „диктаторот “ Вучиќ вечерва достави авион со вакцини кој слета на аеродромот во Подгорица, Црна Гора. Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ додаде дека ќе донираат и повеќе ако им е потребно.Министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ објави дека во наредните денови се очекуваат уште 2.000 дози од истата вакцина Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ им се заблагодари на Брнабиќ и на државата Србија „што ни го донесоа најскапоцениот подарок ...“ „Здравје пред се и солидарност пред се. Граѓаните на Црна Гора долго чекаа да пристигне вакцината. И вечерва, 74-от ден од формирањето на Владата, некој пристигна и некој треба да се запраша што се случило од 30 август до 4 декември. и зошто не сторивме поголем дел од работата, како Србија, да им обезбедиме на граѓаните што е Србија, а тоа се вакцини “ објави на својот FB профил Премиерот на Црна Гора линк до целата вестКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнтерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски денес пред пратеницитеКој колку украл во министерството за земјоделство, во чие време биле поголеми корупциските скандали, долгови, разочарани земјоделци - власта и опозицијата со меѓусебни обвинување за интерпелацијата.Кој колку украл во министерството за земјоделство, во чие време биле поголеми корупциските скандали, долгови, разочарани земјоделци - власта и опозицијата со меѓусебни обвинување за интерпелацијата што СДСМ ја поднесе за министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. Од опозициската партија бараат оставка од Трипуновски со критики дека за две години влада предводена ВМРО-ДПМНЕ, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба, со корупција и блокирани европски средства. Тој, пак наводите од опозицијата ги оцени како невистинити, паушални и неуспешен обид за добивање политички поени. Според Трипуновски, СДСМ и екс министерот Николовски се тие што оставиле пустош во земјоделието, хаос во институциите, неисплатени плати во јавните претпријатија и субвенции, задолжувања. Опозициските пратеници во дебатата бараат политичка одговорност од Трипуновски, од владејачкото мнозинство со контра обвинувања за состојбите додека СДСМ биле на власт. Дебатата за интерпелацијата за министерот Трипуновски може да трае најдоцна до полноќ, по што пратениците треба да гласаат, но извесно е дека таа нема да ја добие поддршката од владејачкото мнозинство. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПопладнево во Софија средба Сиљановска - ЈотоваШефицата на државата Сиљановска Давкова попладнево во Софија ќе оствари билатерална средба со бугарската престетседателка Илијана Јотова. На средбата на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Југоисточна Европа, Сиљановска ќе биде придружувана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. Тој нема да има официјална средба со неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова, но во рамките на состаноците дискутирале и размениле мислења. Во изјава пред средбата Муцунски порача дека суштината на средбите е на бугарската страна да и објаснат дека Македонија е заложник на неприницпипелна политика. Претходно во изјава за бугарските медиуми прашан за впишување на Бугарите во македонскиот устав Муцунски појасни дека за земјава е важно да нема нови билатерални барања во иднина на евроинтегративниот пат и дека е убеден дека доколку се има воља може да се најде решение. Потенцира и дека Акцискиот план за малцинствата е направен во консултација со експерти од Унијата, а тоа веќе го потврдија и од самата Европската комисја. „Наша цел како е да бидеме во ситуација во која не само што ќе ги отпочнеме преговорите, туку да знаеме дека нема да има и други билатерални прашања коишто ќе се појават по отпочнувањето на преговорите. Како прашања поврзнаи со историски комисии, тие не се европски темелни прашња и затоа велам добро е да разговараме и да расчистиме кои се очекувањата од двете страни, бидејќи сепак има еден силен билатерален елемент на сето тоа“– Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи. На регионалниотн самит во Софија присуствуваат претседатели не шефови и влади на 13 земји од регионот. Со денешниот самит во Софија завршува претседателството на Бугарија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа ПСЈИЕ и во наредната година со него ќе претседава Романија. Тагови: Сиљановска - Давкова Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПопладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
ФудбалМурињо во Реал за 15 милиони - Бенфика веднаш промовираше наследникФудбалскиот клуб Бенфика потврди дека Жозе Мурињо ќе стане нов тренер на Реал Мадрид.Раководството на Реал ќе мора да Бенфика да и плати обештетување од 15 милиони евра за трансферот на Мурињо од Лисабон во Мадрид. „Ти благодарам, Жозе Мурињо“, пишува во соопштението на Бенфика. Веднаш потоа, Бенфика објави дека постигнала договор со Марко Силва, кој ќе биде наследникот на МУрињо на клупата на Бенфика. Потпишан е двегодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter