Иранската фудбалска асоцијација: ФИФА го откажа доделувањето билети за иранските навивачи за групната фаза
1Иранската фудбалска асоцијација: ФИФА го откажа доделувањето билети за иранските навивачи за групната фаза
МакедонијаУбавата Захариева и харизматичниот Џамбаски загрижени за македонската иднинаЗахариева си го отвори срцето: “Македонија не ги цени нашите пријателски постапки“.„За жал, ќе забележам дека Македонија не ги ценеше нашите пријателски и добронамерни активности и ги игнорираше нашите предупредувања за непочитување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка од нивна страна“, рече Екатерина Захариева во видео обраќање на онлајн конференцијата „Западен Балкан“, во организација на европратеникот Ангел Џамбаски.. ,,Властите во Скопје одбиваат да го спроведат договорот за добрососедство, коментира Ангел Џамбаски. Според него, три и пол години се изгубени намерно, на организиран начин, од кругови во Скопје, кои не сакаат приближување меѓу Бугарија и Македонија и не сакаат земјата да биде полноправна членка на ЕУ. „Денес многу се зборува дека Бугарија стави вето - не, Бугарија не стави вето и не се согласи да закаже прва конференција на министрите за надворешни работи, која треба официјално да ги започне преговорите. И Бугарија има свои законски правни основи за тоа, засновани на меѓународното право “, рече европратеникот Џамбаски . Линк до оригиналната вестКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен ФетаиСобранието во рамки на денешната 104.седница ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи.Вицепремиерот Фетаи поднесе оставка на 1 јуни, за што соопшти преку социјалните мрежи. Во објавата на Фејсбук, Фетаи посочи дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест. -Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека во моменталните околности е најправедниот и најдостоинствениот чекор. Во текот на овие две години имав чест и привилегија да ѝ служам на земјата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото. Им благодарам на сите што веруваа во мене, ме поддржуваа и соработуваа на ова патување. Дали сум целосно задоволен со постигнатото? Секако дека не. Секогаш има место за повеќе и за подобро. Но, дали работев со најголема посветеност да поставам цврсти темели на кои може да се гради понатаму? Без двоумење, да, наведува Фетаи. Во оставката, тој изразува благодарност за укажаната доверба да ја врши функцијата вицепремиер за добро владеење, но додава дека во сегашните околности, повеќе не постојат неопходните услови за функцијата да ја извршува со потребната ефикасност и од тие причини се повлекува од должноста. На денешната седница, Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да бидат донесени повеќе законски измени и дополнувања, меѓу кои законите за управување со конфискуван имот, електронски комуникации, судовите, Судски совет на Република Македонија, технолошко-индустриските развојни зони, индустриските зелени зони, енергетската ефикасност, шумите, земјоделското земјиште, градењето и урбанистичкото планирање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУште едно убиство на „балканец“ во Шпанија? Маж застрелан во главата пред полицијаМаж е застрелан во главата пред канцеларијата за идентификација на Националната полиција во центарот на Барселона, според шпанските медиуми. Локалната полиција го утврдува идентитетот на убиениот маж, но првичните информации укажуваат дека тој е од Источна Европа. Полицијата наводно има фотографии од убиецот. Покрената е полициска операција за пронаоѓање на осомничениот. Оружјето го пронашол сведок под велосипедска кацига, која што ја носел напаѓачот, во областа Гала Пласидија, кај автобуската станица. Напаѓачот избегал по улицата Гранада дел Пенедес, а подоцна бил виден подалеку во населбата Грација во Барселона. О ваа пукотница во Барселона е втора за само неколку часа. Човекот убиен денес е шестото лице убиено во Каталонија оваа 2026 година, а последниот беше Србинот Марио Ѓоловиќ, овој викенд во Зона Франка, исто така во Барселона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на учебната 2025/202608:23Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00
МакедонијаСДСМ: Багателна распродажба во Аеродром: Земјиште за 2.000 денари по квадрат,Багателна распродажба во Аеродром: Земјиште за 2.000 денари по квадрат, Николовски, Митевски, Ристовски, кој ја турка зделката?Секогаш кога ВМРО-ОКГ е на власт, продажбата на државно земјиште на атрактивни локации по багателни цени стапува на сцена. Дали овој пат, каконшро говорат информациите доставени до нас, режисери на една ваква зделка се токму Александар Николовски и Борко Ристовски а изведбата е на Дејан Митевски? Општина Аеродром продава градежно земјиште по багателни 2.000 денари по метар квадратен. Земјиштето зафаќа површина од 23.000 метри и се наоѓа на атрактивна локација, непосредно до Хотел „Русија“ и СЦ Јане Сандански. На електронската аукција закажана за почетокот на следниот месец за почетните 2.000 денари по метар квадратен градежно земјиште се бара банкарска гаранција од приближно 2 милиони евра. Земјиштето е со намена Д3 спорт и рекреација и компатибилни Б намени за комерцијални и деловни објекти предвидува градежна парцела од приземје и три ката со вкупна градежна површина од 80.000 метри квадратни. Ова отвара цела една низа на прашања и потпрашања поврзани со намерите кои се кријат зад оваа продажба. Јавно го прашуваме градоначалникот Дејан Митески: Дали позади цела оваа зделка, стојат директно Министерот за Транспорт Александар Николовски и Министерот за Спорт Борко Ристовски? Зошто за земјиште што вреди багателни почетни 2.000 денари по метар квадратен или вкупно 47 милиони денари се бара банкарска гаранција од 2 милиони евра? За кого е наменето ова земјиште? Ќе никне ли уште еден уште еден спортски комерцијално деловен објект веднаш до Хотел Русија? Кога конечно ќе се престане со бетонизацијата на урбаното јадро на општината? Граѓаните бараат одговори и итно прекинување на распродажбата на градежно земјиште по багателни цени. ВМРО-ОКГ во Аеродром доби доверба за домаќинско и одговорно управување со општината, а не за распродажба на државниот имот по багателни цени. Прес конференција на ОО СДСМ Аеродром, Марко Даниловски, советник Скопје, 10.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на учебната 2025/202608:23Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00