Уапсениот српски наставник по глума добил пријави за силување од уште 20 актерки - Канал 5

Уапсениот српски наставник по глума добил пријави за силување од уште 20 актерки

Распитот на актерката Ива Илинчиќ во белградското обвинителство продолжи со собирање сведочења против сопственикот и шефот на училиштето за глума во Белград, Мирослав Алексиќ, кого неколку студентки го обвинија за силување и сексуално злоставување.

Уапсениот српски наставник по глума добил пријави за силување од уште 20 актерки

Ден претходно, во неколкучасовно емотивно сведочење, сведочела актерката Милена Радуловиќ, која јавно поднесе обвинение против Алексиќ, а на неа и се придружија уште неколку актерки, поранешни ученички на школата за глума на Алексиќ, кои сведочеле дека биле жртви на сексуално злоставување во период од 2008 до 2020 година, во време кога биле малолетни или подоцна.

Тоа било доволна причина полицијата да го уапси Алексиќ, кого го распрашувало обвинителството, а тој ги негирал обвиненијата и ја ставил под прашање мотивацијата за водење на целиот случај, а Вишиот суд му одредил мерка притвор во траење од 30 дена, меѓу другото, и заради можно влијание.

Според белградските медиуми, најмалку 20 други девојки го пријавиле во полиција, тврдејќи дека тие исто така биле жртви на Алексиќ.

Еден од правните застапници на Ива Илинчиќ, Југослав Тинтор, за новинарите изјавил дека Ива „изјавила точно и детално сè на што се сеќава“ и ги прашал медиумите, сметајќи дека меѓу жртвите на Алексиќ има и малолетнички, како и другите жртви кои не се подготвени да застанат пред камери, за соодветно да ја следат целата постапка.

Според него, новинарите помагаат да се подигне ова прашање на сегашното ниво со цел да се открие вистината и да се испрати порака за охрабрување до другите жртви да пријават насилство.

Мирослав Мика Алексиќ е филмски режисер, продуцент, сценарист, актер и педагог кој имал голема репутација во јавноста, а над 3.000 млади луѓе поминале низ работилниците на неговото училиште за глума.

По пријавата на Милена Радуловиќ и неколку актерки од Белград и четири актерки од Сараевската академија за драмски уметности, тие основале Фејсбук група ,,Нисам тражила”, охрабрувајќи ги да пријават слични искуства. Потоа, започнало споделување на слични признанија на социјалните мрежи, а Сараевската академија, како што објавија некои медиуми, официјално ги поканила своите студентки да контактираат со правната служба на Академијата во случај на искуство со сексуално вознемирување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Млада девојка купила стар училишен автобус и сама го претворила во стан

Една млада девојка купила стар училишен автобус и самата го претвори во стан, Никогаш претходно не користела ненаков алат, но создаде чудо.

Млада девојка купила стар училишен автобус и сама го претворила во стан

Без никакво искуство со алат, Даниел сама уредила функционална мини-куќа на тркала во текот на три години.

Даниел од Њу Џерси немала никакво искуство со алат, но во текот на три години изградила дом на тркала со кујна, туш и соларен систем.

Преуредувањето ја чинело околу 26.000 евра. Десет квадратни метри можеби звучат скромно за дом, но за Даниел тој простор значи можност да живее онака како што сака.

Кога купувањето сопствен дом ѝ изгледало финансиски недостижно, дваесет и седумгодишната девојка од американската сојузна држава Њу Џерси одлучила да истражи поинаков пат.

Го пронајде во еден стар жолт училишен автобус.

За приближно 4.600 евра, таа купила атобус „Шевролет експрес“ (Chevrolet Express) од 2007 година, со поминати околу 322.000 километри. Иако возилото веќе имало долг работен век зад себе, Даниел во него препозна простор што може да го приспособи на своите потреби.

- Го избрав автобусот бидејќи има повеќе простор од комбе, а и чини помалку. Освен тоа, можев да го уредам точно онака како што замислував – објаснува таа. Поминаа три години од купувањето до завршувањето на домот.

Таа е особено горда на фактот што пред тој проект немала никакво искуство со преправање и уредување, ниту пак, како што истакнува, некогаш држела алат во рацете.

И покрај тоа, околу 85 отсто од работата ја завршила сама. Кујна, бања и кревет на десет квадратни метри Даниел вложи околу 26.000 евра во реновирањето на автобусот.

Соларниот систем ја чинеше приближно 1.700 евра, изолацијата околу 800 евра, а фрижидерот го набави за околу 260 евра. Водоводните инсталации ги реши за приближно 350 евра.

На простор од само десет квадратни метри, таа смести кревет, кујна со индукциска плоча со две рингли, како и бања со туш и компостирачки тоалет. Во просторот има и кровен прозорец. Поранешното возило за превоз на ученици постепено ги доби сите основни елементи неопходни за секојдневниот живот.

Но, зад завршениот ентериер стојат месеци проучување и напорна физичка работа, а одредени моменти сериозно ја ставија на искушение нејзината упорност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Атрактивната Никол повторно провоцира

Светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер обожува да се фотографира и снима за социјалните мрежи, но овојпат за малку ќе предизвикаше скандал. 

Фото: Атрактивната Никол повторно провоцира

Убавата Никол покажа повеќе отколку што требаше.

Позната по своите бујни гради и витка линија, мегапопуларната пејачка не ја пропушти можноста да ја разгори имагинацијата на многумина на интернет.

На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и деловен живот, таа овојпат сподели „жешко“ видео кое за кратко време собра голем број лајкови и реакции од целиот свет.

Познатата пејачка е снимена додека танцува, а во преден план беа нејзините стомачни мускули и виткото тело – но и нешто друго.

.. Со оглед на тоа што носеше тренерки со низок струк, постоеше опасност да покаже многу повеќе од својата прекрасна фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недопрено богатство по 2.100 години излезе од морското дно: Древен изум го спасил од распаѓање

На дното на Средоземното Море е пронајдена потоната бродска олупина со илјадници парчиња луксузен римски прибор за јадење, кои таму лежеле недопрени 2.100 години.

Недопрено богатство по 2.100 години излезе од морското дно: Древен изум го спасил од распаѓање

Античкиот комплет чинии и длабоки садови останал совршено зачуван на длабочина од 55 метри.

Товар од луксузни садови за јадење повторно излегол на виделина откако поминал 2.100 години на дното на Средоземното Море.

Археолозите открија потонат брод полн со илјадници керамички садови во близина на турскиот брег.

Наодот вклучува чинии за супа, чинии за риба и овални садови со различни димензии, кои се зачувани во исклучително добра состојба. Тие нудат редок увид во начинот на исхрана на богатите во римскиот свет, во време кога со овие исклучително барани луксузни производи се тргувало преку морињата.

„Од длабочините на Средоземното Море, на виделина изнесуваме комплети садови стари 2.100 години. Во подводните ископувања што ги започнавме во 2025 година, досега откривме илјадници артефакти од потонатиот брод полн со керамика“, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој.

Остатоците од бродот лежат на длабочина од 55 метри во близина на брегот на Адрасан во Анталија, но се верува дека потекнуваат од Росус, античка населба во денешната провинција Хатај.

Овие две области се оддалечени околу 300 наутички милји, па затоа се претпоставува дека бродот најверојатно пловел кон Рим кога бил зафатен од невреме и потонал откако удрил во плитиште.

Истражувачите досега имаат пронајдено илјадници артефакти, вклучувајќи чинии, длабоки садови и овални садови во 122 различни форми и големини, што ја открива „луксузната“ култура на исхрана од тоа време, пренесува „Дејли мејл“.

Археолозите откриле и керамички садови од неколку егејски острови, што укажува на тоа дека бродот превезувал стока од повеќе центри за производство.

Доказите од римските записи покажуваат дека керамиката од Росус уживала голем углед меѓу богатите потрошувачи. Значајноста на ова откритие дополнително се нагласува преку интересната поврзаност со една од најпознатите личности на антички Рим – државникот и оратор Цицерон.

Во писмото до својот пријател Атик, напишано во 50 година п.н.е., Цицерон пишува за нарачување керамика од Росус, што сугерира дека керамиката од тој регион била високо ценета меѓу богатите Римјани.

Археолозите го пронајдоа товарот на бродот во исклучително добро сочувана состојба. Тоа се должи на фактот што садовите биле внимателно спакувани во дрвени сандаци, со глина поставена меѓу поединечните парчиња за да се спречи нивно кршење при транспортот. Се чини дека токму оваа заштитна амбалажа го спасила поголемиот дел од товарот од сериозни оштетувања кога бродот потонал.

Монетите пронајдени во остатоците од бродот потекнуваат од I век п.н.е. и им помогнале на истражувачите да утврдат кога бродот тргнал на своето последно патување.

„Благодарение на глината поставена меѓу нив при пакувањето во сандаци, овие артефакти стигнаа до нас неоштетени, пренесувајќи ја во денешницата анадолската мајсторија во изработката и трговското минато на Медитеранот“, изјави Ерсој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер