Уапсени десетина инспектори на УЈП поради мито, поврзани со трагедијата во „Пулс“ - Канал 5

Уапсени десетина инспектори на УЈП поради мито, поврзани со трагедијата во „Пулс“

Десетина лица се уапсени под сомнежи за злоупотреби и поткуп поврзани со работењето на дискотеката Пулс во Кочани. 

Уапсени десетина инспектори на УЈП поради мито, поврзани со трагедијата во „Пулс“

Од МВР потврдија дека по насоки на ОЈО Кочани се преземаат активности на неколку локации низ државата, и повеќе детали најавуваат по завршувањето. Според информациите помеѓу уапсените се службеници и раководители од УЈП во Штип, Струмица и Кочани. Државниот обвинител Љупчо Коцевски не откри повеќе детали освен дека се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување и примање и давање мито.

„Се водеше предистражна постапка за лица од УЈП поврзани со предметот за Кочани. Во текот на вчерашниот ден и денеска се преземаат дејствија. Приведени се околу 10 лица и се вршат претреси на одредени локации, според првичните сознанија се за кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и примање и давање мито.“

Според неофицијални информации, помеѓу уапсените се инспекторите кои имале комуникација со Михаил Јованов, синот на газдата на Пулс Дејан Јованов Деко, која во септември ја објави ИРЛ. Еден од нив е инспекторот од УЈП Драган Паунов кој инаку е брат на в.д претседателката на Кривичен, Даниела Димовска. Коцевски потврди дека и овие коимуникации се опфатени од предистрагата а ккви злоупотреби се правеле, рече обвинителството ќе соопшти откако ќе биде отворена официјална истрага.

Овој предмет не може да се спои со другиот предмет затоа што нема поврзаност со штетната последица односно смрт. Но другиот предмет веќе влезе во судска постапка и првото рочиште се одржа вчера. Во воведните зборови обвинителот Борче Јанев посочи и на законските изигрувања околу функционирањето на дискотеката Пулс кои ги правеле обвинетиот сопственик нс Пулс Дејан Јованов и неговиот син Михаил Јованов.

„Се што посакал тоа и го добивал, таму каде што знаел дека не можел да пробие и да го изигра законот, не се ни обраќал, немало потреба, сите документи кои морал да ги има, не ги обезбедувал, затоа што никој не му ги барал. Таму каде што требало да добие заштита и да ги прикрие криминалните потфати тоа и го имал, консултанти, доушници, логистичари. Во најтесна закрила до него ги подредил неговиот кум, неговиот брат па дури и сопственото дете, сите впрегнати да работат и да кршат закони по негова замисла.“

Денеска приведените лица од УЈП и ДПИ се во полициска станица и за нив како што кажа Коцевски кочанското обвинителство ќе бара мерки за обезбедување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер