Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
МакедонијаУапсени 15 возачи поради возење без возачка дозвола или со забрана за возење- меѓу нив двајца малолетници Вчера лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол, од нив двајца се малолетници.Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои четири во Гостивар, двајца во Тетово и по еден во Велес, Кичево и Битола затоа што управувале возило без возачка дозвола. Малолетник од Битола претходно со возило удрил во пешак и му било одземено возилото, а исто така, во Гостивар е одземен мопед од малолетник кој со него удрил во полициски службеник кој вршел службенои дејствија. Одземени се патничките возила и на другите возачи кои возеле без возачка дозвола. По еден возач во Гостивар и Кавадарци управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Од нив, исто така, се одземени патничките возила. По еден возач во Македонска Каменица, гевгелиско, Струмица и Македонски Брод управувале возило под дејство на алкохол. Возачите во гевгелиско и Македонски Брод претходно предизвикале сообраќајни незгоди со материјални штети. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
НБАГолден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87„Вориорс“ победија со 51 поен разлика! Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ утринава ја продолжија својата импресивна победничка серија, совладувајќи ги „Њу Орлеанс Пеликанс“ со убедливи 138:87 . Тимот од Сан Франциско победи со разлика од дури 51 поен, што претставува и најголема победа на кој било НБА-тим сезонава. Инаку, ова е осма победа во низа за „Вориорс“, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма. Од друга страна, „Пеликанс“ го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата. Стеф Кари беше еден од најзаслужните за новата победа со постигнати 25 поени, иако на теренот помина нешто повеќе од 20 минути. Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар Дерозан и се искачи на 16-тото место на вечната листа на стрелци во НБА, со вкупно 26.803 поени. Брандин Подзиемски постигна ист број поени, додека Џексон-Дејвис забележа 23 поени, седум скока и четири асистенции. Чарлс Беси додаде 12 поени и 10 скока, а Деантони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени. Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој поради повреда не можеше да настапи, но се појави во улога на член на стручниот штаб. Облечен како тренер, тој држеше натпис на кој пишуваше: „Додајте му ја топката на Стеф“. Утрово Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, а последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога го совладаа Портланд со разлика од 56 поени. „Вориорси“ сега имаат низа од осум победи по ред – втора најдолга серија во историјата на НБА по почеток на сезоната со скор 0-3 или полош.Тагови: НБА Стеф Кари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
МакедонијаМакедонија отвора нова амбасада во ЛитванијаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во работна посета на Литванија, каде што свечено ќе ја отвори новата амбасада на Македонија во главниот град Вилнус.Отворањето на амбасадата е чекор кон зајакнување на дипломатското присуство на Македонија во Балтичкиот регион и продлабочување на билатералната соработка со Литванија. Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари средба со литванскиот министер за надворешни работи Кештудис Будрис. На средбата ќе се разговара за политичките односи, економската соработка, евроинтеграциите и актуелните безбедносни предизвици.Посетата се реализира во пресрет на литванското преземање на претседавањето со Советот на Европската унија во првата половина на 2027 година, период кој се очекува да биде значаен и за политиката на проширување на унијата.Тагови: Литванија МНР Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформиМинистерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството.Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството и понатамошните приоритети во процесот на европската интеграција. За време на средбата, амбасадорот Рокас му го презентираше на министерот Шасивари Извештајот на Европската комисија за 2026 година, со посебен акцент на оценките и препораките што се однесуваат на надлежностите на Министерството за правда. На средбата беше поздравен досегашниот напредок во спроведувањето на реформите во правосудството, како и подобрувањето на оценките во актуелниот извештај во споредба со минатата година. Истовремено, беше нагласена важноста од одржување на реформската динамика и продолжување на институционалните заложби за исполнување на препораките на Европската комисија и обврските што произлегуваат од Реформската агенда. Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија, истакнувајќи дека позитивните оценки претставуваат потврда за досегашната работа, но и дополнителна одговорност за продолжување на реформите насочени кон зајакнување на владеењето на правото, независноста на судството и ефикасноста на правосудните институции. На крајот од средбата беше потврдена заедничката посветеност за продолжување на тесната соработка меѓу Министерството за правда и Делегацијата на Европската Унија, со цел евидентираниот напредок да се преточи во конкретни и одржливи резултати за граѓаните.Тагови: Министерство за правда Михалис Рокас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook