Уапсена жена осомничена за смртта на внукот на славниот Роберт Де Ниро - Канал 5

Уапсена жена осомничена за смртта на внукот на славниот Роберт Де Ниро

Леонардо де Ниро, внук на славниот актер Роберт де Ниро, почина пред неколку недели на 19-годишна возраст.

Уапсена жена осомничена за смртта на внукот на славниот Роберт Де Ниро

Тажната вест ја потврдила мајката на момчето Дрина, а набрзо се дознало дека покрај телото на Леонард била пронајдена чинија со бел прав.

Како што подоцна објави Дрина де Ниро, нејзиниот син починал од предозирање со фентанил.

Сега американскиот ТМЗ објави дека полицијата ја привела жената за која се верува дека е одговорна за предозирањето на Леонард, а во истрагата е вклучен и ФБИ, бидејќи се сомнева дека наведената жена му ја продала дрогата на Леонард, која била мешана. со голема доза фентанил, а тој не знаеше за тоа.

Софија Хејли Маркс, позната како „Перкосет принцезата“, (Percocet) - лек за болка - е обвинета за продажба на лекот на Леандро Де Ниро Родригез. Набргу потоа бил пронајден мртов во неговиот стан во Њујорк. Таа била уапсена во тајна операција на њујоршката полиција, пишува Њујорк пост.

Софија се товари за дистрибуција на наркотици, додека полицијата се уште го претресува нејзиниот дом. Портпаролот на NYPD изјави за Daily Mail дека не можат да го потврдат апсењето.

Инаку, мајката на Леонардо, Дрина е најстарата од седумте деца на Де Ниро, а нејзината мајка е актерката Дијана Абот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата да се адаптираат на новите текови кои ги носи ВИ

Утринава се дискутираше на темата новата ера на вештачката интелигенција во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата  да се адаптираат  на новите текови кои ги носи ВИ

Целта според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со проектот Везилка целта е државаните институции и пртепријатијата полесно да се адаптираат на новите современи текови кои ги носи вештачката интелегенција

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Во среда (11.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Петровска.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. пилешки стек

300 гр. кашкавал

400 гр. кисели краставички

500 гр. кисела павлака

150 гр. мајонез

3 јајца

150 гр. кикиритки

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Финскиот претседател Александар Стуб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната во Украина. 

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Стуб за британскиот весник „Фајненшел тајмс“ изјави дека е неодговорно задачата за преговарање за мир во Украина да им се препушти на Соединетите Американски Држави.

„Предолго им препуштавме на другите да се занимаваат со односите меѓу Европа и Русија; сметам дека тоа беше неодговорно“, рече Стуб.

„Сега, кога го имаме рамковниот пристап (европски претставници за преговори), верувам дека европските лидери треба директно да стапат во контакт со Путин, да му ја пренесат истата порака и да разговараат за истите теми“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер