Уапсен е познат Јутјубер , откако објавил како дивее со БМВ (ВИДЕО)

Популарниот британски Јутјубер решил да ја посети Шпанија со своите истомисленици и да се забавува.

Тргнале во стариот BMW Серија 3 (E46), за кого платиле само неколку илјади фунти. Сепак, легендарниот БМВ ги донел до целта, и тие решиле да му се заблагодарат на најлош можен начин.

Тие возат по макадам во БМВ-то, висат преку ливадата и прескокнуваат бројни нерамнини. Ниту тоа не им било доволно, па почнале да ги кршат делови од автомобилот, за на крај да го турнат автомобилот во речно корито и да го остават таму. За среќа, тие биле доволно глупави да ја снимат својата постапка и гордо да ја објават на YouTube.

Ова и олеснило на полицијата да трага по сторителите. Откако ги извадиле остатоците од автомобилот, тие го уапсиле 27-годишниот Рајан Тејлор. Против него се поднесени неколку обвиненија, вклучувајќи ги и оние за нарушување на безбедноста на патиштата и кршење на еколошките прописи. Исто така, утврден е фалсификат на одредени документи. Регистарските таблички од БМВ беа пронајдени на уште два автомобили што ги користел Тејлор.

Синдикатот на Македонска пошта денеска ќе информира за состојбите во претпријатието

Синдикатот на Македонска пошта денеска  информираше за состојбите во претпријатието.

- По одржаниот протест на 18 март годинава, синдикатот на Македонска пошта, во насока на заштита на социјално економските права на работниците пред започнување на постапката за штрајк, побара итни средби со Управниот одбор и владата, преку социјален дијалог да отпочнеме со процес на реорганизација и реформи за зачувување и стабилизација на претпријатието, односно прифаќање на барањата на вработените кои се од суштинско значење, велат од синдикатот.Но, како што посочуваат, Управниот одбор и владата не се одзвале на барањето за итна средба.

Очигледно е дека 2000 вработени се оставени сами на себе да се борат за спас на пошта и зачувување на работните места и егзистенција, потенцираат од синдикатот.

Обновена библиотеката „13 Ноември“ во Кисела Вода

Обновата на библиотеката во Кисела Вода е продолжување на библиотечната дејност на територијата на општината, односно на традицијата долга повеќе од 50 години. 

Подружницата „13 Ноември“ била отворена во 1961 година токму во тогашниот Дом на културата.

Библиотеката „13 Ноември“, клон на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, после 11 години продолжува да работи во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Библиотеката се реотвора со книжен фонд од околу 8000 книги: лектирни изданија, книги и сликовници за деца, белетристика и научна литература.

Градската библиотека годинава го слави својот 79.роденден и повеќе од кога и да е веруваме дека книгата не е привилегија, туку право на секој човек. Среќни сме што библиотеката се враќа на своето место во центарот на Општината. Се надеваме дека ќе се вратат и некогашните читатели, а ќе стекнеме и нови. За нив нудиме светски и домашни класици, голем избор популарни наслови и автори. Во моментов работиме на откуп на нови наслови (домашна и преводна литература), кои ќе се најдат токму на овие полици. Сакам да упатам огромна благодарност до Општина Кисела Вода и градоначалникот Ѓорѓиевски, кој за многу краток рок одговори на нашето барање што резултираше со повторното отворање на оваа библиотека. Се надевам дека неговиот пример ќе го следат и останатите општини – подвлече Снежана Стојчевска директорката на Ју Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.

Обработката и заемот на книги се врши преку Кооперативниот онлајн библиографски систем и сервис (COBISS), а библиотеката ќе понуди и разновидни културни содржини.

Првата, почесна членска книшка му припадна на градоначалникот Ѓорѓиевски, кој го истакна значаењето на библиотеката за сите вљубеници во пишаниот збор, но и нејзиното место во културното живеење на сите граѓани:

Посебно сакам да нагласам дека на располагање има и многу литература за деца, бидејќи сме свесни дека љубовта кон читањето треба да се всади уште од најраните години. Дополнително, овој простор ќе биде искористен и за друга културна програма-креативни работилници, литературни читања, промоции на книги, средби со автори, со што очекувам дека библиотеката ќе биде честа дестинација на сите наши жители“ истакна градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Првите посетители на библиотеката „13 Ноември“ беа првачињата од ООУ „Круме Кепески“, а по нив и неколкумина повозрасни жители, кои не го криеја задовослтвото дека библиотеката е повторно близу до нив.

Обновата на библиотеката во Кисела Вода е продолжување на библиотечната дејност на територијата на општината, односно на традицијата долга повеќе од 50 години. Подружницата „13 Ноември“ била отворена во 1961 година токму во тогашниот Дом на културата.

Хенри Кавил ќе стане татко

- И јас и Натали сме многу, многу возбудени за тоа!, изјави 40 годишниот Кавил.

Можеби еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, Хенри Кавил откри дека го чека своето прво дете со неговата девојка Натали Вискузо. Глумецот ја потврди среќната вест за „Аксес Холивуд“ (Access Hollywood) на премиерата на својот нов филм „Министерството за неџентлменско војување“ (The Ministry of Ungentlemanly Warfare).

- И јас и Натали сме многу, многу возбудени за тоа!, изјави 40 годишниот Кавил.

Кавил и Вискузо се во врска речиси три години. Во јавноста, првпат се појавијја на црвениот тепих на премиерата на „Енола Холмс 2“ во 2022 година. Натали работи како директорка на холивудската телевизија.

притисни ентер