Уапсен е маж - фатен на дело - Канал 5

Уапсен е маж - фатен на дело

Мажот е уапсен откако сликал две жени во маркетот.

Уапсен е маж - фатен на дело
Џон Вигинс 55 годишен маж, е уапсен затоа што со својот паметен телефон направил неколку слики под фустаните на жените во Вал-март Вирџинија.

Тој се преправал дека му испаднала на подот една кутија со шпагети и во моментот кога се наведнивал да ја подигне кутијата тој сликал со телефонот.

Но тој бил фатен откако едната жена се пожалила на својот сопруг и претпоставила дека човекот што ја подигнувал кутијата истовремено и ја сликал жената. Сопругот на една од жените почнал да го следи низ маркетот и видел дека го употребил истиот трик и кај друга жена.

По пријавувањето на овој случај Вигинс бил уапсен од полицијата. Џон Вигинс работел како учител во основно училиште но по обеледувањето на овој случај тој веднаш добил отказ.

Вигинс е обвинет со две кривични пријави за неовластено сликање. Наредниот месец треба да се појави на суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина

Со вакцина против ХПВ може да дојдеме до целосно искоренување на ракот на грлото на матката и ако сега просекот на заболени е околу 120 жени годишно, од кои половина ја губат битката, тоа за една деценија може да стане минато. 

Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина

Ова е пораката на светскиот денот на Ерадикација на карциномот на грло на матка што преку Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари се одбележува и кај нас. Проф. д-р Глигор Тофоски вели елиминација или 0 заболени не е научна фантастика туку е достижна цел, со вакцинација против ХПВ до 15-годишна возраст.

Матичните лекари и докторите од вакциналните пунктови апелираат за редовни прегледи и вакцинација, која се препорачува и за момчиња бидејќи и нив ги штити од други типови на карцином. Вакцината до 19 години е бесплатна, над оваа возраст една доза чини 8.000 денари.

Опфатот на задолжителната вакцина е далеку од идеален, а најмал број на деца се вакцинираат во Центар, Карпош и Аеродром. Болестите што можат да се превенираат не треба да дозволиме да бидат наша судбина велат од Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието одбележани 35 години од донесувањето на Уставот

Денеска, во Собранието, се одржа настан по повод – „35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав“, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државен архив.

Во Собранието одбележани 35 години од донесувањето на Уставот

Прв свое воведно обраќање имаше претседателот на Собранието, Африм Гаши.

„ 8 Септември 1991 година и 17 Ноемврии истата година се два неразделни настана во современата историја на државата, бидејки на првиот датум се одржа референдумот, а на вториот беше донесен Уставот на независна Македонија со што на најјасен начин беше изразена политичката волја на граѓаните и нејзината институционализација преку уставниот поредок. Со тој Устав, покрај политичкото прогласување на државноста, Македонија го дефинираше и својот државен идентитет и го задеде своето место меѓу суверените, независни, демократски и социјални држави, станувајки правна држава заснована на владеење на правото, човековите слободи и права, политичкиот плурализам и евроатлантската определба“ – истакна Гаши

По говорот на претседателот Гаши, следуваше документарен филм „35 години од донесувањето на првиот Устав“

Директорот на Државниот архив, Димитар Богески, во своето обраќање истакна дека архивските извори претставуваат основа за разбирање на генезата на сопствената држава, нејзиниот политички и правен развој, како и сведоштво за историските процеси поврзани со независноста. Тој нагласи дека Државниот архив претставува институционална меморија на државата и значаен столб на правната сигурност и непреченото функционирање на државните органи.

Директорот на ЈНУ Институт за национална историја, Митко Панов, во своето обраќање се осврна на историските случувања во текот на дваесеттиот век, посочувајќи го нивното значење за разбирањето на современите државни процеси. Притоа, ја истакна и важноста на денешниот настан, нагласувајќи дека „Уставот е темелна заштита на идентитетот и достоинството на граѓаните“.

Претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, се осврна на својот личен придонес во процесот на донесувањето на Уставот, истакнувајќи дека тој бил усвоен со 92 гласа „ЗА“ и 22 „ПРОТИВ“, што, според неа, го потврдува неговиот цврст демократски легитимитет. Таа говореше и за уставните измени и промените низ кои Уставот поминал од неговото донесување до денес.

Осврнувајќи се на значењето на Уставот во современото општество, претседателката го истакна неговото место како најважен општествен договор меѓу граѓаните, повикувајќи се на мислата на Жан-Жак Русо.

Во рамки на денешниот настан ќе се одржат и панел-дискусии, како и меѓународен научен симпозиум, на кои учесниците ќе имаат можност да разменат научни сознанија, ставови и искуства, отворајќи дискусија за историските, правните и општествените аспекти на донесувањето на Уставот и неговото значење во развојот на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Кузман Јосифоски- Питу“ ќе прими 280 студенти: Вселувањето најавено од февруари

Од 1 февруари студентите ќе можат да се сместат во реконструираниот студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, кој располага со капацитет од 280 легла.

„Кузман Јосифоски- Питу“ ќе прими 280 студенти: Вселувањето најавено од февруари

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави и распишување на оглас за сместување во наредниве денови, а право на сместување ќе имаат студентите кои ги исполнуваат предвидените услови. Обновата на домот е дел од поголем проект за реконструкција на девет студентски домови, вреден 86 милиони евра.

Јаневска кажа и дека продолжуваат разговорите со студентите за воведување ваучерски систем за студентскиот оброк, а смета дека сумата што сега се извојува годишно е еквивалентна на вредноста на еден до два студентски дома.

,, Со сумата од 140 денари се издвојуваат помеѓу 16 и 17 милиони евра. Се уште чекаме одговор од студентите, но ние сме во постојана комуникација со нив и веќе од следната недела Министерството повторно ќе ги повика студентите на состанок за да видиме што конечно решиле, начелно го прифатија моделот.“

Во меѓувреме, претседателот на Собранието, Африм Гаши, ги покани студентите на ручек во собранискиот ресторан, откако беше побарано да им се овозможи да се хранат по истите цени што важат за пратениците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер