ВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев
2ВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев
Времето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено по воведувањето на новиот електронски систем
2Времето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено по воведувањето на новиот електронски систем
МакедонијаУапсен е Љупчо Палевски - МВР вечерва со детали на прес конференција МВР за вечерва закажа вонредна прес конференција поврзана со убиствата на Вања и Панче.МВР за вечерва закажа вонредна прес конференција поврзана со убиствата на Вања и Панче, откако се дозна дека на граничен поремин е фатен Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиството на малата Вања и на велешанецо Панче, по кого беше распишана меѓународна потерница. Засега е познат неговиот пат на движење, а тоа е Скопје-Белград-Турција преку Бугарија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во 22.30 часот ќе се обрати пред медиумите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗдружение на судиите за одлуката на Уставниот судСудскиoт совет на Република Македонија и Здружение на судиите на Република Македонија, во врска со Решението на Уставниот суд И.бр.1/2026 и реакциите што тоа ги предизвика во јавноста.Судскиoт совет на Република Македонија и Здружение на судиите на Република Македонија, во врска со Решението на Уставниот суд И.бр.1/2026 и реакциите што тоа ги предизвика во јавноста, смета за потребно да укажат на неколку принципиелни прашања од значење за независноста на судската власт и владеењето на правото. Судскиот совет на Република Македонија и Здружение на судиите на Република Македонија го почитуваат уставниот статус на Уставниот суд и принципот дека неговите одлуки се конечни и извршни и дека надлежните државни органи се должни да постапуваат во согласност со обврските што произлегуваат од нив. Истовремено, еднакво значајно е почитувањето на уставно загарантираната самостојност и независност на судовите, законски уредениот тек на судските постапки и правото на користење на предвидените правни лекови. Во конкретниот случај, Решението П4-240/22 од 4 мај 2026 година на Основниот граѓански суд Скопје не е правосилно и против него е изјавена жалба за која треба да одлучува надлежниот второстепен суд. Оттука, постапката сè уште е во тек, а оценката на законитоста на првостепената одлука му припаѓа само на надлежниот второстепен суд. Во такви околности, Судскиот совет на Република Македонија и Здружение на судиите на Република Македонија сметаат дека секое институционално постапување поврзано со конкретната неправосилна судска одлука бара особена внимателност и воздржаност, за да не се создаде впечаток на прејудицирање на исходот од постапката или на притисок врз судиите кои одлучуваат во конкретниот предмет. Независноста на судството не е привилегија на судиите, туку гаранција за граѓаните дека за нивните права и обврски ќе одлучува независен и непристрасен суд. Функцијата на судовите не се состои во извршување на одлуки на други државни органи, туку во самостојно и независно судење врз основа на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори. Оттука, ниту еден орган, без оглед на неговата уставна положба, не може да определува или да прејудицира каква одлука треба да донесе судот во конкретен предмет. Судскиот совет на Република Македонија и Здружението на судии на Република Македонија особено нагласуваат дека почитувањето на одлуките на Уставниот суд и почитувањето на независноста на редовните судови не се спротивставени вредности. Напротив, тие се составни делови на истиот уставен поредок и на принципот на владеење на правото. Нивната заштита подразбира секој орган да ги остварува своите надлежности во уставно и законски утврдените граници, со должно почитување на надлежностите и независноста на другите органи. Судскиот совет на Република Македонија и Здружение на судиите на Република Македонија остануваат цврсто определено за доследно почитување на Уставот, законите и одлуките на Уставниот суд, но и за бескомпромисна заштита на независноста на судската власт, правото на правично судење и непреченото функционирање на системот на правни лекови. Само преку институционална воздржаност, заемно почитување на уставните надлежности и доследно почитување на законските процедури може да се обезбеди владеење на правото и да се зајакне довербата на граѓаните во институциите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
ФудбалАлварез одбива да тренира со Атлетико Мадрид: Не сметајте на менеНапаѓачот на Аргентина Хулијан Алварез ја известил управата на Атлетико Мадрид дека престанува да тренира со тимот. Аргентинскиот репрезенативец се одлучил на овој чекор откако вчера не успеал да разговара со тренерот Диего Симеоне за трансферот што го посакува, пренесува „Мундо Депортиво“. Алварез продолжува да инсистира на трансфер во Барселона – желба што првпат јавно ја изрази за време на Светското првенство. Откако дознал дека ниту тренерот, ниту извршниот директор Мигел Анхел Гил Марин не се во клубот, тој дал до знаење дека повеќе не е дел од нивните планови. Според шпанскиот весник, аргентинскиот напаѓач смета дека на тренерот му недостасувала храброст да се соочи со него, иако Симеоне знаел дека Алварез сака да го реши својот статус. 26 годишниот Алварез не очекувал дека Симеоне ќе замине на дводневен одмор на Ибица токму во моментот кога било закажано неговото враќање во клубот поради разговори. Алварез е подеднакво разочаран и од однесувањето на Гил Марин – другиот клупски функционер кој може да го одобри неговиот трансфер – а кој исто така е на одмор. Фудбалерот имал намера ситуацијата да ја реши пријателски, преку дијалог, но не добил можност за тоа. Како резултат на тоа, Алварез им упатил јасна порака за своите натамошни чекори на присутните во тренинг-центарот на клубот. Неговите изјави биле кратки: „Не сметајте на мене“ и „Повеќе нема да тренирам“. Се очекува напаѓачот да престане со тренинзите во среда, кога Симеоне ќе се врати од одмор и ќе ги продолжи тренерските обврски. Тогаш, аргентинскиот тренер повеќе нема да може да го одложува состанокот. Алварез тврди дека уште од февруари има ветување од клубот оти ќе му биде дозволено да си замине за време на летниот преоден рок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
ЗдравјеПрепораки на Институтот за јавно здравје за заштита од топлотниот бранПоради актуелниот топлотен бран и високите амбиентни температури, Институтот за јавно здравје со препораки за заштитата од истиот.Поради актуелниот топлотен бран и високите амбиентни температури, Институтот за јавно здравје со препораки за заштитата од истиот, а се однесуваат на раководителите на установите за згрижување стари лица и на центрите за долготрајна институционална грижа, потоа јавноздравствени препораки за заштита на здравјето на вработените во услови на топлотен бран, внес на вода и физичка активност при топло време, заштита на доенчињата и децата при топло време, јавноздравствени препораки за летни патувања и јавноздравствени препораки за заштита на лицата над 65 години при високи температури. На следните линкови можете детално да се информирате за сите препораки за заштита од топлотен бран. https://www.iph.mk/mk/news/index/1802?cookieS=2&fbclid=IwVERDUATmri5wZG9mBWV4dG4DYWVtAjEwAHNydGMGYXBwX2lkDDM1MDY4NTUzMTcyOAABHvw5M2OFcCwLPh5njLSUkdyKsfZpEajrIqAV1qIVeMVnWghai1PDKzNim3Hu_aem_PBmZwtDtXz76V_P8nVYUqg https://www.iph.mk/mk/news/index/1801?cookieS=2&fbclid=IwdGRzaATmrlBjbGNrBOauTHBkb2YFZXh0bgNhZW0CMTEAc3J0YwZhcHBfaWQMMzUwNjg1NTMxNzI4AAEeISyE3MT_KEUNbvCZ_B0G62oqiS-LnFarstlUcHNg3DXaqSl0s3iAwWi8bO0_aem_NVywxxt7aKbqrtuYl4fQTA https://www.iph.mk/mk/news/index/1799?fbclid=IwdGRzaATmrnpjbGNrBOaudXBkb2YFZXh0bgNhZW0CMTEAc3J0YwZhcHBfaWQMMzUwNjg1NTMxNzI4AAEeLG1IR-k_0Gbzjq9fSAvltPjteGdJZ0DdnrF043c1OeLzmOII0ULuTM_vaCY_aem_teotpjPWK9hWf8UtJ34qgw https://www.iph.mk/mk/news/index/1798?fbclid=IwdGRzaATmrptjbGNrBOaul3Bkb2YFZXh0bgNhZW0CMTEAc3J0YwZhcHBfaWQMMzUwNjg1NTMxNzI4AAEe9eGaedOt_cHVjUAKKJCPlJRVuYlOWEaOVOKtoiPqUt1xn5gmvaBNAHu16Yw_aem_351oXE2Gu_7-VnWn4r6Vmg https://www.iph.mk/mk/news/index/1795?fbclid=IwdGRzaATmrsNjbGNrBOauv3Bkb2YFZXh0bgNhZW0CMTEAc3J0YwZhcHBfaWQMMzUwNjg1NTMxNzI4AAEezK7yxGWP5jZ6DRGfpvKfA_l7VjI7vYkF1pCBU07pbbi0qa7mAcWNhoWU0cQ_aem_XXz-jHf2bYznCtWZxkZmHQ https://www.iph.mk/mk/news/index/1805Тагови: топлотен бран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter