Уапсен е бизнисмен, кој ѕверски претепал манекенка- имала операција на главата, не може да зборува - Канал 5

Уапсен е бизнисмен, кој ѕверски претепал манекенка- имала операција на главата, не може да зборува

Бизнисменот Дмитриј Кузмин, осомничен дека ја претепал својата девојка, манекенката Ангелика Тартанова, во нејзиниот стан во Москва претходно овој месец, конечно е уапсен.

Уапсен е бизнисмен, кој ѕверски претепал манекенка- имала операција на главата, не може да зборува

Тој беше ставен во домашен притвор по апсењето и се соочува со затворска казна до осум години за нанесување тешки телесни повреди.

Ангелика, која го обвини својот поранешен партнер дека брутално ја претепал, била примена во болница со повеќекратни повреди, модринки по телото и потрес на мозокот. Таму таа беше подложена и на операција на главата.

Манекенката е на лекување на интензивна нега во московската болница Пирогов речиси три недели. Таа е свесна, но сериозноста на повредите значи дека не може да стане од кревет ниту да зборува.

Сепак, таа некако успеала да собере сила накратко да им каже на лекарите што ѝ се случило и кој ја претепал. Лекарите веднаш ја известиле полицијата, која со денови го барала.

На манекенката не ѝ било дозволено да има контакт со своето семејство

Отежнувачка околност беше тоа што никој од блиските луѓе на манекенката не знаел како изгледа Дмитриј. Откако со денови не можеле да ја контактираат, нејзините роднини се плашеле дека можеби е жртва на нејзиното поранешно момче Дмитриј (40), со кого наводно раскинала неколку дена пред да исчезне.

По нејзиното исчезнување, полицијата го претресла нејзиниот стан и пронашла куфери кои биле полуспакувани, како и нејзиниот пасош.

Нејзината пријателка претходно им открила на медиумите дека се сомнева и дека нејзиниот поранешен партнер е виновен за исчезнувањето на Ангелика.

Таа рекла дека бизнисменот ја расипал манекенката купувајќи ѝ скапи работи, но дека барал таа да го почитува без прашање. Тој не ѝ дозволувал да има контакт со нејзиното семејство.

Никој во нејзиното семејство не знаел како изгледа Дмитриј, како се презива или што прави.

Медиумите известуваат дека во првите два дена по нејзиното исчезнување, кога семејството веќе било многу загрижено, некој ги читал нејзините пораки на нејзиниот телефон, но не се јавувал.

Телефонот, заедно со нејзините куфери, подоцна бил пронајден во станот на манекенката.

Анџелика има син (16) од првиот брак со кого неодамна го обновила контактот и почнала да му испраќа пари. По разводот, тој остана со својот татко во Краснодар, додека Ангелика се пресели во Москва поради работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругата

Жак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал  сопругата

Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале.

Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По седум дена борба изгансат пожарот кај Мариово

Пожарот во Мариово е целосно изгаснат, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски..

По седум дена борба изгансат пожарот кај Мариово

По седум дена непрекината борба и огромни напори на сите екипи ангажирани на терен Проданоски упати благодарност до сите институции, пожарникари, војници, полицајци, доброволци, мештани и граѓани кои во изминатите денови беа директно вклучени во справувањето со огнената стихија.

„Ова беше тешка и долга битка, во која на терен беа ангажирани голем број екипи, припадници на институциите, доброволци, мештани и поединци кои несебично помогнаа во справувањето со пожарот“, истакна Проданоски.

Тој посебно им се заблагодари на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, армијата, ЈП „Национални шуми“, МВР, противпожарните екипи од Скопје и Кавадарци, како и на градоначалниците Орце Ѓорѓиевски и Митко Јанчев. Во моментов активни се четири пожари, кај Студеничани и Зелениково и околината, Македонски Брод, кај Тамјмиште и Дарда општина Кичево и општина Гостивар кај село Горна Ѓоница., потврдуваат ЦУК..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер