Бизнисмен патувал на три различни места, убил четири членови на своето семејство, па си пресудил- ужас во Германија - Канал 5

Бизнисмен патувал на три различни места, убил четири членови на своето семејство, па си пресудил- ужас во Германија

Незамисливо брутално злосторство ги потресе луѓето од округот Ројтлинген во Германија.

Бизнисмен патувал на три различни места, убил четири членови на своето семејство, па си пресудил- ужас во Германија

Убиецот посетил разни места за да ги пронајде членовите на своето семејство и ги убил еден по еден. На крајот, и самиот се самоубил.

Истражителите се обидуваат да откријат што го натерало Улрих П. (63) да ги изврши овие крвави дела?

Полицијата го добила првиот итен повик минатиот вторник. Негувател во Ројтлинген ја пронашол сестрата на Улрих (60) мртва. Првично се претпоставувало дека починала од природна смрт. Но, обдукцијата покажала дека жената била убиена.

Потоа специјална полициска единица отишла во градската куќа на Улрих П. во Пфулинген и го открила неговото тело и телото на неговата сопруга (57). На околу 15 километри оддалеченост, истражителите ги пронашле и безживотните тела на неговите синови Ласе (27) и Оле (29).

Вкупно 18 километри ги одделуваат трите места на злосторството. Редоследот по кој Улрих П. Ги убил па се самоубил сè уште не е разјаснет. Соседите велат дека долго време не го виделе Улрих, кој исто така бил страствен ловец, во неговата куќа во Пфулинген (Баден-Виртемберг во Германија).

„Улрих речиси никогаш не бил тука. Тој ја косел тревата последен пат ова лето“, вели еден од нив.

Сепак, еден познаник вели дека Улрих П. живеел одвоено од сопругата.

„Се развел од првата сопруга. И неговиот втор брак се распаднал“, истакнува познаникот.

Улрих наводно често спиел во магацинот на неговата компанија во Санкт Јохан. Таму, тој тргувал со работна облека што ја увезувал од Азија, а потоа ја продавал на компании во Германија.

Синовите убиени во семејната компанија

Зошто ловецот ги убил своите синови во неговата компанија, исто така, покренува прашања. Вработен во соседна компанија изјави за Билд дека синовите речиси никогаш не доаѓале во компанијата - и никогаш двајцата заедно.

Некои други детали за случајот Ројтлинген веројатно никогаш нема да бидат разјаснети. Зошто Улрих П. го убил останува мистерија. Само неколку дена пред злосторството, тој напиша во својот статус на WhatsApp: „Секој има свој вид лудило, некои гласно, други тивко“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер