Уапсен е американски турист- се шетал по улица за време на најсветиот ден - Канал 5

Уапсен е американски турист- се шетал по улица за време на најсветиот ден

Американски турист бил приведен на Бали затоа што одел по улица среде бел ден, што е строго забрането за време на најсветиот ден од годината на индонезискиот остров.

Уапсен е американски турист- се шетал по улица за време на најсветиот ден

Карл Адолф Амрајн бил пронајден како оди по главниот пат во селото Сукавати за време на Њепи, познат и како Ден на тишината, пишува The Independent.

Строги правила на Денот на тишината

Њепи е хиндуистички празник кој строго се почитува на Бали за да се убедат злите духови дека островот е пуст. Во текот на 24 часа, животот таму целосно запира, аеродромите се затворени, забавните објекти се затворени и сите активности на отворено се забранети.

Информациите за правилата на Њепи се јавно достапни, вклучително и на аеродромите и туристичките објекти, а хотелите се обврзани по закон да ги информираат гостите за празникот.

Тој тврдел дека морал да го напушти хотелот

Патролните службеници го забележале 57-годишниот Амрајн на улицата во 7:15 часот наутро на 20 март, кршејќи ги локалните правила и обичаи. Амрајн им рекол на службениците дека бил принуден да го напушти хотелот во Убуд. Началникот на полицијата во Гјанјар, AKBP Чандра Кесума, им потврди на новинарите дека престојот на туристот во хотелот истекол. Откако полицијата го предупредила да не се задржува на улица, туристот се сместил во друг хотел.

Ова не е прв ваков случај

Амрајн не е првиот американски турист што ги прекршил правилата на Њепи. Во 2020 година, американски државјанин бил приведен на свет ден затоа што одбил да престане со утринското џогирање. Тој инцидент предизвика бројни реакции на интернет, а многумина сè уште го критикуваат Амрајн за непочитување на локалните традиции.

„Какво непочитување. Сите знаеме колку е важно ова за балинската култура. Мора да се почитува“, гласеше еден коментар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека

Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ изработено од тим од градежниот факултет при УКИМ, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека.

Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Уна“- интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна за борбата на индивидуалецот и љубовта

 „Уна“ е претстава за човечките односи, за влијанието на минатото врз сегашноста и за тоа како едно единствено сеќавање може да го обликува целиот човечки живот.

„Уна“- интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна за борбата на индивидуалецот и љубовта

Театарската претставата „Уна“ работена по текст на истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица, режија на Дејан Пројковски и во продукција на театарот „Звездара“ од Белград, вчеравечер беше вистински празник на драмскиот репертоар на 66. „Охридско лето“.

Во време кога технологијата и социјалната пропаганда го преплавуваат секојдневниот живот, кога е тешко да се зачува искрена и длабока врска, оваа интроспективна и емотивна драма потсети на важноста на зачувувањето на автентичноста и искреноста и собра громогласни аплаузи како награда од публиката за двочасовната маестрална актерска игра.

„Уна“ е претстава за човечките односи, за влијанието на минатото врз сегашноста и за тоа како едно единствено сеќавање може да го обликува целиот човечки живот.

Според романот „Уна“ на Капор е направен филм во осумдесеттите години на минатиот век, но никогаш досега не е работена театарска претстава, што за големиот македонски режисер Дејан Пројковски, како што вели самиот тој, било голем предизвик.

-Претставата зборува за борба на човекот и подготвеноста да ја плати цената за да се избори за личната слобода и од друга страна, љубовта како една голема и вечна тема, љубовта која што живее во овие општествени и морални рамки, но всушност во тие рамки го бара својот бескрај и своето небо, љубовта којашто за двајцата, за Мишел и за Уна, е како едно патување низ нивните души. Всушност, тие се обидуваат космосот или сопствениот бескрај да го пронајдат некаде длабоко во себе. Претставата на крајот завршува со познатите стихови од романот што останува после љубовта. Тоа е се темите, борбата на индивидуалецот и љубовта помеѓу две човечки суштества кои не одговараат по сижеата на сите светски љубовни приказни, вели режисерот Пројковски кој со години бележи успеси како на домашната, така и на меѓународната театарска сцена.

Целата претстава се одвиваше во една трагикомична линија како што всушност е и човечкиот живот. Никола Ристановски, кој го играше главниот лик – универзитетскиот професор Мишел Бабиќ, на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“, уште еднаш потврди дека е суверен на сцената, играјќи со длабока, сугестивна и прецизна сценска игра. Во актерската екипа беа и Магдалена Мијатовиќ во улога на студентката Уна, Сена Ќоровиќ како Олга,-сопругата на професорот Бабиќ и Марко Гверо во улогата на проректорот Дукиќ.

Сценографијата на Валентин Светозарев беше посебно интересна, динамична и во склад со промените на тематскиот фокус. Музиката на Горан Трајковски автентично ја долови атмосферата на љубовната и политичката опиеност, а костимите на Ивана Ристиќ беа соодветни за реалистичната поставка на ликовите.

„Звездара“ е еден од најреномираните и најкултни театари од поранешните ју-простори, основан во 1984 година, чиј основач, но и директор од 1998 година до денес е големиот драмски писател Душан Ковачевиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. 

Денес сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер