Twingo Cup викендов се вози на патеката Монца во Италија - Канал 5

Twingo Cup викендов се вози на патеката Монца во Италија

Единствената тркачка серија во Македонија што целосно има интернационален календар Twingo Cup викендов ќе се вози во Италија што ќе биде претпоследна за сезонава. 

Twingo Cup викендов се вози на патеката Монца во Италија

Деветмина Македонци ќе се појават на легендарната Ф1 патека заедно со своите колеги од Словенија, Италија, Србија и Австрија. Стартната листа на Монца треба да биде најдолга сезонава, и се очекуваат вкупно 39 возачи. Целата натпреварувачка програма ќе биде набиена во два дена, сабота и недела. Ќе се возат слободните тренинзи, квалификациите и по една трка дневно.

Малите автомобили што сезонава привлекоа огромно внимание на патеките веќе се појавија на Хунгароринг и Ред Бул Ринг, а се возеа трки и на патеката Гробник. Италијанска Монца е една од најбрзите тркачки патеки каде традиционално се возат и трките од Формула 1. До крајот на сезоната остануваат уште два тркачки викенди и четири трки до крај на првенството (Монца и Серес).

Од деветтемина македонски возачи кои се пријавени за првенството на Македонија дури шестмина се со реални шанси да стигнат до титулата. На досегашните пет трки имаше три различни победници, Марко Блажевски, Давид Малинковски и Владимир Тренески. На Монца за првпат ќе вози и Бојан Петрушевски во автомобилот на Ненад Костовски кој реши да му даде шанса на младиот возат.

Во игра за титулата се уште 80 бодови за победа (по 20 по трка) и сите опции се отворени. Најголеми шанси за титулата имаат Марко Блажевски (75 бода) и Давид Малинковски (65). Бодовната разлика меѓу нив е само 10 бода, во корист на Блажевски. Тој победи на трите последни трки. Давид Малинковски е победник на ланската сезона на Twingo Cup.

Во втората група на возачи кои имаат шанса за титулата се четворица возачи: Владимир Тренески (49 бода), Ангелче Стојкоски (48 бода), Слободан Трајковски (46) и Зоран Мираковски (46 бода). Единствените двајца возачи што настапиле на сите досегашни трки и успеале да освојат бодови се Ангелче Стојковски и Слободан Трајковски. Сите ќе ја чекаат шансата од позадина и можна грешка на водечкиот двоец.

Според програмата в сабота ќе биде навистина набиена агендата на Монца со два слободни тренинзи, квалификации и плус една трка. Изутрина се слободните тренинзи, а квалификациите се во 14,50 часот. Според нив ќе се формира стартната листа. Првата трка во сабота се вози во 17,30 часот. Во недела ќе се вози втората трка по што ќе се има почиста слика кој е поблиску до титулата. Таа е закажана за 13,10 часот.

Патеката во Монца е долга 5793 метри и има широчина од 10 до 12 метри што дозволува и престигнување речиси секаде со оглед на не толку големата брзина што ја развиваат возилата на Twingo Cup.

Ова е трета сезона од Twingo Cup што се бодува за првенството на Македонија, а севкупниот победник како награда ќе го добие електричното возило Renault Twizzy.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер