Повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори – Македонија ја гради својата енергетска независност
2Повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори – Македонија ја гради својата енергетска независност
ТехнологијаТвитер соработува со Ројтерс и АП во борбата против дезинформацииСоцијалната мрежа Твитер соопшти дека ќе соработува со Ројтерс и Асошиејтед Прес (АП), најголемите новински агенции во светот, со цел борба против дезинформациите, јави Би-Би-Си. Двете новински агенции веќе соработуваат со Фејсбук на проверка на факти. Во соопштението се посочува дека новинските агенции ќе понудат поширок контекст и повеќе информации за настаните кои преизвикуваат голем број твитови. Твитер се надева дека на тој начин ќе се намалат дезинформациите. „Наместо да чека нешто да стане вирално, Твитер ќе го контекстуализира развојот на дискусијата (преку Интернет)", велат од компанијата. Во моментов, тимот на Твитер за организирање и селекција, кога ќе се појави нешто контроверзно на Интернет, наоѓа и промовира релевантен контекст од сигурни извори за да спречи ширење на потенцијално погрешни информации објавени од корисниците. Според Би -Би -Си, Твитер ќе соработува одделно со двете ривалски новински агенции и првично ќе се фокусира на содржината на англиски јазик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовеќе домашна енергија, нови енергетски коридори – Македонија ја гради својата енергетска независностЕнергетската независност е предуслов за економски развој, национална сигурност и стабилност.По повод 10 Јули – Светскиот ден на енергетската независност Енергетската независност е предуслов за економски развој, национална сигурност и стабилност. Држава што произведува сопствена енергија, располага со сигурни извори на снабдување и е поврзана со повеќе енергетски пазари е држава што може самостојно да ја планира својата иднина, подобро ги штити своите граѓани од глобалните енергетски кризи и создава посилна и поконкурентна економија. Токму затоа, по повод 10 Јули – Меѓународниот ден на енергетската независност, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини истакнува дека енергетската независност останува една од највисоките стратешки цели на Владата и Министерството. Во изминатиот период се преземаат конкретни чекори за енергетски независна Македонија – држава која ќе произведува повеќе домашна, чиста и достапна енергија, забрзување на инвестициите во обновливи извори, модернизација на енергетската инфраструктура и диверзификација на изворите и правците за снабдување со енергенси. Резултатите веќе се видливи. Според најновите податоци на АД ЕСМ, производството на електрична енергија од хидроелектраните е зголемено за 76 проценти во однос на истиот период минатата година, додека производството од ветерните електрани бележи раст од околу 10 проценти. Истовремено, исполнетоста на акумулациите достигнува околу 80 проценти, што претставува значајна резерва за стабилно и сигурно снабдување во периодите на зголемена потрошувачка. Паралелно, се реализираат и нови инвестиции во производствени капацитети. Интензивно се гради втората фаза од ветерниот парк Богданци, кој следната година ќе достигне инсталиран капацитет од 50 MW, а започнуваат и активностите за изградба на фотонапонските електрани Битола 1 и Осломеј 2, додека подготовките за Битола 2 и Битола 3 се во напредна фаза. Но, енергетската независност не се постигнува само со поголемо домашно производство. Таа се гради и преку силна регионална поврзаност и сигурни енергетски коридори. Во таа насока, интензивно се реализира проектот за гасниот интерконектор со Грција, кој ќе овозможи пристап до нови извори на природен гас. Истовремено, во тек се подготовките и за реализација на гасниот интерконектор со Србија, со што Македонија ќе стане дел од поширока регионална гасна мрежа и ќе ја зацврсти својата улога како енергетски крстопат на Балканот. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска истакнува дека енергетската независност не е краткорочна цел, туку долгорочна државна стратегија. „Нашата цел е јасна – Македонија да стане енергетски независна држава, да произведува повеќе домашна, чиста и конкурентна енергија. Ги развиваме обновливите извори, инвестираме во модерна инфраструктура и ги отвораме новите енергетски коридори што ќе ја зајакнат сигурноста на снабдувањето. Тоа не е само економска придобивка, туку прашање на национална сигурност, стабилност и развој. Нашата амбиција не е само да ги задоволуваме домашните потреби, туку Македонија да стане и нето извозник на електрична енергија.“ Енергетската независност денес претставува едно од најважните мерила за отпорноста на секоја современа држава. Последните глобални енергетски кризи уште еднаш потврдија дека државите кои инвестираат во сопствено производство и во диверзифицирани енергетски врски се поотпорни на надворешни шокови, поконкурентни и поуспешно ги штитат интересите на своите граѓани и економија. Токму затоа Министерството останува цврсто посветено на создавање на сигурен, модерен и одржлив енергетски систем – затоа што силна енергетика значи силна држава. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
СветНајмалку 11 лица загинаа, а 6 се повредени во голем шумски пожар во ШпанијаНајмалку 11 лица загинаа, а шест се повредени во голем шумски пожар во местото Лос Гаљардос, во шпанската покраина Алмерија.Дел од жртвите биле пронајдени во возила зафатени од пламените јазици, додека околу 1.000 жители биле евакуирани поради опасноста од ширење на огнот. Пожарот избувнал за време на силен топлотен бран што ја зафати јужна Европа, со температури кои достигнуваат околу 40 степени целзиусови. Spain wildfire death toll rises to 12....A wildfire that ripped through a hamlet in southern Spain killed 12 people, authorities said on July 10, as a heatwave stifled swathes of the country. Some of the dead in Bedar in Almeria province were found in vehicles, the regional… pic.twitter.com/Q3oe7DMwMD — PRATEEK BAJPAI (@prateekbajpai07) July 10, 2026 Во гаснењето се вклучени околу 150 пожарникари, како и шпанската воена единица за итни интервенции, додека властите сè уште ја истражуваат причината за пожарот. Шпанија ова лето се соочува со зголемен ризик од шумски пожари поради екстремните горештини. Според научниците, климатските промени придонесуваат за почести и поинтензивни топлотни бранови и пожари, а Европа останува континентот што се затоплува најбрзо во светот.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Едноцифрените рејтинзи и стравот од изборен дебакл, се причина за блокирањето на Изборниот законик од СДС, Левица и ДУИЛошите едноцифрени рејтинзи на ниво на статистичка грешка на СДС, Левица и ДУИ е причина што го опструираат и го блокираат новиот Изборен законик.Ваквиот нивен однос нема друго оправдување, затоа што консензусот помеѓу политичките партии за носењето на овој закон со месеци се градеше во работната група. Изборниот законик е дел од Реформската агенда и наместо да седнат на маса со сите политички чинители и да се постигне договор за негово носење во македонското Собрание, СДС, ДУИ и Левица избраа да блокираат и како раштиман оркестар да создадат какофонија во јавноста. Откако во Левица увидоа дека рејтингот им се намалува и не им оди како што посакуваат, со непотпишувањето на договорот за носењето на ИЗ, се обидуваат пред своето членство да се покажат како тврдокорни кои не прават компромис. СДС како добар препишувач, откако видоа дека Левица го блокира законот, смислија начин како да го блокираат ИЗ со поднесување на 10 илјади амандмани, со изговор дека гласањето на дијаспората по електронски пат бил недемократски и неевропски чин. И ДУИ, да не останат покуси, се приклучува на блокирање на овој реформски закон, со свој изговор и барање сите одлуки кои се носат во ДИК да бидат носени со консензус, наместо досегашниот мнозински модел. Тоа што е заедничко за овие партии е тоа што сите се исплашени, а до некаде и убедени, дека на следните избори им следи дебакл и убедлив длабок пораз и сегашните нивни постапки, не се ништо друго, освен создавање алиби за изборниот дебакл. Друго заедничко за истите овие партии е што и едните и други прстот го вперуваат во ВМРО-ДПМНЕ, како партијата да им е крива за тоа што граѓаните не гледаат опција во нив и не ги поддржуваат нивните политики. ВМРО-ДПМНЕ, повторно јасно и гласно кажува, неформалните опозициски коалициски партии нека седнат заедно и нека се договорат, тоа што тие ќе предложат, тоа ќе прифати, само начинот на остварување на правото на глас на дијаспората, да се олесни. А, опозицијата, со ваквото однесување, докажува дека за нив важен е само партискиот интерес, не и иселениците и враќањето на македонските граѓани во сопствената татковина. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook