Твитер доби тужба поради неплатена кирија од најмалку 136.000 долари - Канал 5

Твитер доби тужба поради неплатена кирија од најмалку 136.000 долари

Минатиот четврток, Твитер бил тужен пред судот во Сан Франциско затоа што не платиле 136.260 долари за кирија за канцеларијата.

Твитер доби тужба поради неплатена кирија од најмалку 136.000 долари

Просториите на Твитер се наоѓаат на 30-тиот кат од зградата Хартфорд, облакодер кој се наоѓа на работ на финансиската област во Сан Франциско.

Во 2017 година, Твитер потпишал седумгодишен закуп за деловен простор. Откако го презеде Twitter во октомври за 44 милијарди долари, американскиот мултимилијардер Илон Маск презеде драстични мерки за да ги намали трошоците на компанијата. Компанијата наводно со недели не плаќала кирија за ниту една канцеларија.

Ова не е единствената тужба против Твитер за неплаќање долгови. Групацијата Private Jet Services поднела тужба во која се тврди дека Твитер одбил да плати за два чартер лета во октомври во вредност од 197.725 долари. Тужбата е поднесена во Окружниот суд во Њу Хемпшир минатиот месец, пренесува CBS.

Откако Маск го презеде Твитер претходно оваа година, тој спроведе серија промени со мерки за намалување на трошоците, вклучително и отпуштање на половина од работната сила и ставање крај на спроведувањето на правилата за дезинформации за коронавирус. Тој минатиот месец најави дека ќе се повлече од функцијата извршен директор кога ќе најде некој за да го замени, одлука што ја донел по анкетата на Твитер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена.

СДСМ: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе.

Мицкоски ја премина секоја граница.

Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат.

Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село.

Вчера Обвинителството со молскавична брзина го пронајде оној што го навредил Мицкоски.

Денеска очекуваме со истата брзина

Насилниците што синоќа ги нападнаа младите активисти во Ново Село мора веднаш да бидат идентификувани и приведени.

Веќе е познато дека во нападот учествувал и возач на градоначалник на Струмица од ВМРО - Наско Димитриев.

Значи - лесно ќе ги пронајдат.

Панче Тошковски, наместо да се занимава со хиперхлорирање, анализи на водата и пуштање на водата да истекува од цевките, нека си ја работи својата работа и уште денеска нека ги пронајде насилниците и нивните налогодавачи.

Полицијата и Обвинителството мора да го работат својот работа.

Без селективност.

Без заштита.

Насилството по налог не смее да помине неказнето - Без разлика што нарачател е премиерот Мицкоски.

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Манекенка која „не излегува“ од бикини

Таа е „жив оган“ и не се разделува од бикинито.

Фото: Манекенка која „не излегува“ од бикини

Легендарниот топ модел Алесандра Амброзио е уште една од славните убавици кои во овој период уживаат далеку од градската врева, а потоа ги воодушевуваат своите следбеници на социјалните мрежи со фотографии во бикини.

Бразилската манекенка Алесандра Амброзио (45) летото го поминува со своето момче, Бак Палмер, кој е заслужен за нејзините совршени фотографии на Инстаграм.

Сезоната на бикини е во полн ек, а убавата Бразилка дефинитивно има што да покаже.

Фаталната убавица искористи уште една можност да го покаже телото што со години е во центарот на вниманието на медиумите и модните писти, и иако е во петтата деценија од животот, Алесандра дефинитивно сè уште нема конкуренција.

„Најзгодната пензионерка“, како што ја нарекуваат во јавноста, не крие дека напорно тренира за да ја одржи линијата, па затоа не изненадуваат бројните позитивни коментари под нејзините објави.

„Совршена си“, „Најубавиот модел си“, „Секси мама“, „Те сакам“, „Само продолжи така“, „Вистински оган“ – беа дел од реакциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сексапилната Хали Бери

Холивудската ѕвезда, актерката Хали Бери објави серија фотографии кои се најсекси досега.

Фото: Сексапилната Хали Бери

Атрактивната актерка Хали Бери ужива во жешкото лето и дава сè од себе за да го направи уште пожешко со провокативни фотографии.

59 годишната Хали Бери е позната по провокативните фотографии на кои не се двоуми да го покаже и своето голо тело, а неодамна објави и серија жешки слики.

Добитничката на „Оскар“ спакува разновидни комбинации за плажа за својот одмор на Фиџи со свршеникот Ван Хант, но изгледа дека не облече ниту една од нив...

Додека се сончаше покрај базенот, таа ја соблече речиси целата облека, што може да се види на фотографијата што ја сподели на Инстаграм за време на викендот – една од многуте што ги направи за време на ова идилично патување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер