Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари
2Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари
3ВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
БалканТвитер блокира осум профили на српски амбасади Српското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека на 18 август се укинати профилите на Твитер на амбасадите на Република Србија во Ерменија, Иран, Индонезија, Нигерија, Зимбабве, Гана и Кувајт, како и на Генералниот конзулат во Чикаго.Исклучувањето било без никакво објаснување или претходна порака за посочени можни прекршувања на правилата за комуникација на таа социјална мрежа. Во соопштението на Министерството се наведува дека не сакаат да навлегуваат во деловната политика на Твитер, но дека сакаат да укажат дека „недозволиво е дипломатските претставништва на една демократска држава која не е изложена на никакви санкции да бидат цензурирани на ваков начин“. . „Особено ако се земе предвид дека некои од споменатите профили неодамна беа отворени и не беа активни, а останатите немаа содржина што може да се опише како несоодветна. Република Србија е земја чија стратешка определба е членство во Европската Унија, а нашите политички и демократски стандарди, кои ја вклучуваат и слободата на медиумите, се приспособуваат на највисоките европски стандарди“, се вели во соопштението. Тие наведуваат и дека е апсурдно што голем број српски дипломатско-конзуларни претставништва се цензурирани на социјална мрежа која се фали дека промовира демократија и плурализам на мислење. „Министерството за надворешни работи на Србија се обрати до компанијата Твитер со барање да се одблокираат профилите на нашите дипломатско-конзуларни претставништва“, се наведува во соопштението. Министерството, исто така, изразило надеж дека блокирањето на профилите на дипломатско-конзуларните претставништва не е дел од обидот да се „спречи и замолчи Србија во борбата за вистината“, пред сѐ за ситуацијата во Косово.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураВторо издание на Меѓународната научна конференција Мит и драма во СкопјеВо просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи второт издание на меѓународната научна конференција со наслов Мит и драма: кризи, граници, другости (27-28 октомври 2026). Настанот е организиран под покровителство на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, а во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје, Институтот за македонска литература, УКИМ, Скопје и Факултетот за драмски уметности, УКИМ, Скопје. Шеесетина експерти од областа на хуманистичките науки и театарските студии, кои истражуваат во земјава и во странство (Франција, Обединетото Кралство, Шведска, Соединети Американски Држави, Грција, Полска, Турција, Индија, Шпанија, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Нигер и др.), ќе дискутираат за комплексните релации меѓу драмата и митот, од времето на антиката па сѐ до денес, во глобални рамки. Конференцијата предвидува и три пленарни предавања, од истакнати професори и професорки од оваа област: Пјер Лонгенес, Оддел за театарски студии, Универзитет Нова Сорбона – Париз 3, Душка Радосављевиќ, Универзитет во Лондон и Универзитет во Лунд, и Маја Бојаџиевска, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Свеченото отворање на конференцијата е закажано за 27 октомври во 9:30 часот, во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Конференцијата е отворена за сите заинтересирани, а програмата е достапна на следниов линк: https://flf.ukim.mk/wp-content/uploads/Programme-Myth-and-Drama-2026.pdfТагови: Мит и драма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денариОпштина Центар објави јавен повик за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик. Годинава помошта е удвоена, од досегашните 2.500 на 5.000 денари.„Во предизборната програма ветив дека ќе ја удвоиме финансиската помош за пензионерите и тоа ветување го исполнуваме. Нашите повозрасни сограѓани заслужуваат внимание, грижа и конкретна поддршка. Знам колку им значи секој денар во домашниот буџет, затоа продолжуваме со мерки што им ги олеснуваат секојдневните трошоци“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Право на финансиска поддршка од 5.000 денари имаат примателите на старосна, семејна или инвалидска пензија, како и корисниците на право на социјална сигурност за стари лица, кои имаат постојано живеалиште во Општина Центар и чиј месечен износ на пензија, односно право на социјална сигурност, не надминува 28.050 денари. За аплицирање е потребно да се достават пополнето барање, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка. Пензионерите треба да приложат и доказ за примена пензија за јули или август 2026 година, односно пензиски чек или потврда од банката во која ја примаат пензијата. Корисниците на право на социјална сигурност за стари лица треба да достават потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа – ЦСР Центар. Барањето може да се подигне во Архивата на Општина Центар, во барака 6, или да се преземе од општинската веб-страница. Документацијата се поднесува секој работен ден, од 08:30 до 13:00 часот, во барака 6 – Сала на Советот на Општина Центар, исклучиво во писмена форма. Барањата доставени по електронски пат или по пошта нема да се разгледуваат. Повеќе информации на следниот линк:ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик од Општина Центар-Скопје | Општина Центар Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново СелоНово Село продолжува да се развива. Се работи на многу нови проекти и инвестиции кои ќе им го олеснат животот на граѓаните и ќе допринесат за развој на локалната економија и создавање подобри услови за идните генерации. Во фокусот на општината се неколку значајни проекти кои претставуваат важен чекор кон посовремено, поуредено и поразвиено Ново Село. Еден таков проект е нов цевковод од 8,9 километри за сигурно водоснабдување. Еден од најзначајните инфраструктурни проекти е проектирањето на нов цевковод во должина од 8,9 километри, со планиран зафат во близина на Стиник, кој треба да обезбеди чиста вода за пиење за жителите на Ново Село и Самоилово. Реализацијата на терен е планирана да започне во средината на 2027 година. Со оваа инвестиција се поставуваат темелите за долгорочно и одржливо решение за водоснабдувањето и поголема сигурност за граѓаните. По три децении очекување, започнува реализацијата на проектот за целосно покривање на пазарот во Ново Село. Инвестицијата ќе овозможи подобри услови за земјоделските производители, трговците и посетителите, ќе ја поттикне локалната трговија и ќе придонесе за поголема поддршка на домашното производство. Овој проект претставува значаен чекор кон модернизација на пазарот и зајакнување на локалната економија. Во Ново село се асфалтираат 18 улици за подобра инфраструктура. Со потпишувањето на договорот за реализација на годишната програма за асфалтирање, предвидено е до крајот на 2026 година да се асфалтираат 18 улици во населените места во општината. Оваа инвестиција ќе придонесе за подобра поврзаност, побезбедно движење и поквалитетни услови за секојдневниот живот на жителите. Покрај овие приоритетни проекти, Општина Ново Село продолжува да инвестира и во развојот на туризмот, пешачките и рекреативните патеки, спортот, културното наследство и подобрувањето на комуналната инфраструктура. Со одговорно управување со општинските финансии, внимателно планирање и посветена работа, општината создава услови за нови инвестиции и рамномерен развој на сите населени места. Ново Село продолжува напред со конкретни проекти, нови можности и инвестиции за подобра иднина на сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook