Твининг-проект: Народната банка постојано ги следи стандардите и практиките на ЕУ

Успешно се спроведува твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во ЕСЦБ".

Одржани две презентации од областа на банкарската супервизија и регулатива.

Народната банка е постојано посветена на усогласувањето на домашната регулатива и на практиките во своето работење со законодавството и рамката на Европската Унија во сферата на банкарската супервизија. Ова е опфатено и со дел од проектните активности од твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во Европскиот систем на централни банки", финансиран од Европската Унија. Конкретно, во една од компонентите на овој значаен проект, активностите се однесуваат на супервизорската оцена на процесот на утврдување на интерната ликвидност (ПИЛ), којшто како новина се воведе во текот на минатата година, како и на подобрувањето на наплатата на побарувањата и управувањето со нефункционалните кредити од страна на кредиторите. Експертите од нашата централна банка ги спроведуваат овие проектни активности во соработка со своите колеги од централните банки на Германија, Холандија и Хрватска.

Вчера се одржа и е-настан на којшто беа презентирани дел од остварувањата во текот на проектот.

„Заради натамошно усогласување со стандардите на ЕСЦБ, врз основа на пренесеното искуство и во согласност со најдобрите практики во овој домен, Народната банка изработи интерна методологија, односно Прирачник за оценување на процесот на утврдување на интерната ликвидност на банките. Прирачникот содржи принципи и насоки со кои се обезбедува конзистентна примена на пристапот при супервизорското оценување на овој процес. Од друга стана, преку јасно и транспарентно изнесување на очекувањата на Народната банка за овој процес, со објавување информации на својата интернет-страница, како и преку заемен дијалог и други форми на комуникација со банките, ќе се обезбеди унапредување на рамката и на управувањето со овој процес кај банките." – истакна во воведното обраќање, директорката на Секторот за супервизија на Народната банка, Викторија Глигорова.

„Извештајот на Европската комисија за земјата веќе неколку години укажува на постојан напредок и умерено ниво на подготвеност во областа на финансиските услуги, каде што банките и банкарските институции имаат најголем удел. За време на дијалогот за политиките, како и на состанокот на Поткомитетот за внатрешен пазар и конкуренција, одржан на денот пред овој настан, Европската комисија ги охрабрува властите да продолжат со транспонирањето на законодавството на Европската Унија, имајќи ги предвид големината и нивото на развој на локалниот пазар. Се радуваме што помошта од Европската Унија и твининг-проектот овозможуваат размена на искуствата со колегите од централните банки на Германија, Холандија и Хрватска. Секако, сите овие активности се од клучно значење за одржување на финансиската стабилност, прудентните политики и за обезбедување добра заштита на потрошувачите во полза на сите граѓани на земјата." – рече во своето обраќање, Ружица Андроникова, советник – програмски менаџер во Делегацијата на Европската Унија.

На првиот дел од настанот, претставниците на Народната банка се осврнаа на процесот на супервизорско оценување на ризиците, влијанието на процесот на интерна ликвидност врз корпоративното управување, методологијата на Народната банка за оценка на ПИЛ, нејзините принципи, како и првичните сознанија и утврдените најдобри практики стекнати преку оценка на првите извештаи за ПИЛ коишто ги доставија банките во 2020 година.

На вториот дел од настанот, претставници на Хрватската народна банка ги презентираа искуствата и законските решенија применети во Република Хрватска за продажба на кредитите и се разговараше за решенијата коишто би можеле да се применат во нашата земја. Врз основа на пренесеното искуство, Народната банка ќе ги разгледа можностите за натамошно унапредување на домашната регулатива.

На настанот се отворија и повеќе прашања поврзани со практичната примена на двата аспекта опфатени со презентациите, при што се покажува подготвеноста на банките за соодветно прифаќање и спроведување на искуствата и практиките во Европската Унија. Со тоа, уште еднаш се потврди успешноста на овој проект преку постојаното спроведување активности од Народната банка за редовно усогласување на домашната регулатива и практиките со законодавството на Европската Унија.

Утре се продава златниот часовник, најден покрај телото на најбогатиот патник на „Титаник“

Златен џебен часовник пронајден покрај телото на најбогатиот човек на Титаник може да достигне цена од 175.000 евра на аукција.

Бизнисменот Џон Џејкоб Астор (47) потонал на бродот во 1912 година откако ја однел својата нова сопруга Медлин во чамец за спасување.

Наместо да се обиде да се спаси во друг чамец, беспрекорно облечениот Астор, кој бил истакнат член на богатото семејство Астор, последен пат е виден како пуши цигара и разговара со сопатник.

Неговото тело било извлечено од Атлантскиот океан седум дена подоцна и бил пронајден неговиот скап џебен часовник Waltham од 14 каратно злато, со врежани букви JJA. Се очекува часовникот да достигне цена помеѓу 100.000 и 150.000 фунти кога утре ќе се појави на аукција во аукциската куќа Henry Aldridge & Son во Девизес, Вилтшир.

„Астор е добро познат како најбогат патник на РМС Титаник и се сметаше дека е меѓу најбогатите луѓе во светот во тоа време, со нето вредност од приближно 87 милиони американски долари - што е еквивалент на неколку милијарди долари денес“, рече аукционер Ендрју Олдриџ.

Уапсен е уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва, во кој загинаа 145 луѓе

Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на салата Крокус во Москва на 22 март, изјави денеска портпаролот на полицијата за Тас.

„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја истражуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.

Според РБЦ, полицијата го уапсила таџикистанскиот државјанин Џумохон Курбонов.

Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.

Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.

Битиќи:На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби,за сплотена и силна Македонија

„Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките  на раздорот, на национализмот, на сеењето страв.“

Социјалдемократскиот сојуз е единстваната обединувачка политичка партија за силна и сплотена Македонија – земја и европски дом во кој ќе има место за секого, независно од неговата етничка, религиозна, културна, политичка или социјална припадност“, порача на денешните средби со жителите на Топаана и Шуто Оризари, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој порача дека резултатите од првиот круг на претседателските избори не треба да се прифатат со малодушност ниту пак да се обесхрабрувачки, туку треба да се перцепираат како предизвик кој во себе носи можност за сплотување на сите прогресивни сили во државата за двојните избори на 8-ми мај.

„Со нашата предизборна програма нудиме повеќе од економски раст и развој, повеќе од повисоки плати и пензии, многу повеќе од европски животен стандард, ние нудиме иднина во која секој граѓанин ќе биде прифатен, почитуван, градиме земја во која ќе владее дијалогот, меѓусебното разбирање, а не раздорот. Затоа на 8-ми мај, победата на СДСМ и коалицијата ќе значи пораз на стравот од различностите, на поделбите. Ќе зачекориме кон заедничка и споделена европска иднина“, порача Битиќи.

Зборувајќи за концептот на едно општество за сите, како суштинска политичка вредност на СДСМ, тој ја нагласи потребата граѓаните да го отфрлат национализмот како свој политички избор, затоа што тој е наметнат избор.

„Ве повикувам заеднички да го отфрлиме национализмот кој е надвиснат над Македонија, да кажеме НЕ на ксенофобијата, да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките кои ви се наметнуваат од елити кои немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, рече Битиќи и порача дека Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите, на Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи.

„Нашата сакана земја е на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, многу повеќе од тие што се прикажуваат како победници во првиот круг на претседателските избори. Затоа нема откажување, заеднички, едни покрај други, рамо до рамо, сите различни, продолжуваме и победуваме на 8-ми мај“, порача Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер