ТВ сценарист е уапсен на аеродормот во Лондон поради објава за трансродните лица - Канал 5

ТВ сценарист е уапсен на аеродормот во Лондон поради објава за трансродните лица

Апсењето на ТВ-сценаристот Греам Линехан во Велика Британија поради објави на социјалните медиуми за трансродовите лица предизвика дебата за слободата на говорот и нејзините граници.

ТВ сценарист е уапсен на аеродормот во Лондон поради објава за трансродните лица

Поддржувачите на Линехан велат дека британските закони ги задушуваат легитимните коментари и создаваат она што авторката на „Хари Потер“ Џ.К. Роулинг го нарече „тоталитаризам“. Други тврдат дека онлајн злоупотребата и говорот на омраза имаат влијание врз реалниот свет и дека полицијата има должност да го сфати сериозно.

Шефот на лондонската полиција се пожали дека двосмисленостите во законот ги довеле полицајците „во невозможна позиција“. Линехан, ко-сценарист на омилената комедија од 1990-тите „Преподобниот Тед“, рече дека бил опкружен од пет вооружени полицајци на аеродромот Хитроу во Лондон и приведен.

Кои објави се спорни?

Тој нагласи дека бил приведен поради три објави на X од април. Прво, тој го нарече „насилен, злоупотребувачки чин“ трансродов маж да биде во простор само за жени. „Направете сцена, јавете се во полиција и ако сè друго не успее, шутнете го по тестисите“, препорача тој.

Линехан рече дека за време на полициското испрашување, тој „објаснил дека објавата била шега за разликата во висината помеѓу мажите и жените, а секако не повик за насилство“.

Втората спорна објава се однесува на фотографија од демонстрант во центарот. „Фотографија што можете да ја намирисате“, напиша Линехан.

Третата контроверзна објава гласи: „Ги мразам. Мизогинисти и хомофоби. Да ги е*ам“.

Ослободен со кауција

Полицијата потврди дека уапсила маж на аеродромот под сомнение за поттикнување насилство. 57-годишниот Линехан рече дека бил „уапсен поради шега“. Тој тврди дека за време на испрашувањето му се покачил крвниот притисок и дека бил однесен во болница.

Подоцна бил ослободен со кауција, под услов да не објавува на X. Линехан треба да се појави пред лондонски суд утре во посебен случај во кој е обвинет за вознемирување на трансродова жена и оштетување на нејзиниот телефон. Тој го негира обвинението.

Поддржувачите на Линехан изразија негодување поради апсењето, велејќи дека станува збор за контролирање на јавното мислење. „Ова е тоталитаризам. Крајно жално“, напиша Роулинг на X. Таблоидот Дејли Меил праша „кога Британија стана Северна Кореја?“

Стармер: Секогаш ќе ја бранам слободата на говорот

Комесарот на метрополитенската полиција, Марк Роули, повика на „поголема јасност и здрав разум“ во законот.

„Повеќето разумни луѓе би се согласиле дека полицајците треба да реагираат на реални закани за физичко насилство врз идентификувано лице или група. Ваквите дејствија можат и имаат сериозни и насилни импликации во реалниот свет. Но, кога станува збор за помали случаи, каде што постои двосмисленост во однос на намерата и штетата, полициското дејствување е оставено помеѓу карпа и темно место“, предупреди тој.

Кога беше прашан за случајот, британскиот премиер Кир Стармер одговори: „Треба да се осигураме дека полицијата ќе се фокусира на најсериозните проблеми. Тоа вклучува справување со проблеми како што се антисоцијално однесување, криминал со нож и насилство. Имаме долга историја на слобода на говор во оваа земја. Многу сум горд на тоа и секогаш ќе го бранам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Годишно собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ

Земјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање .

Годишно собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ

Земјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање – ова е една од клучните пораки од Годишното собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ, на кое учествуваше Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Регулатори, креатори на енергетски политики, финансиски институции и учесници во енергетскиот сектор дискутираа за унапредување на регионалната енергетска соработка, интеграцијата на енергетските пазари и забрзувањето на енергетската транзиција на медитеранските земји.

Учесниците посочија дека неопходни се јасни и предвидливи правила за надминување на бариерите, при што нагласија дека неопходно е енергетската инфраструктура да се модернизира за поголема ефикасност и флексибилност.

Во фокусот на дискусиите беше и стратешката иницијативата на Европската Унија T-MED чија цел е поврзување на земјите од јужниот Медитеран со ЕУ со цел поттикнување инвестиции во обновливи извори на енергија и зајакнување на регионалната соработка.

МЕДРЕГ е асоцијација на регулатори којашто обединува 30 членки од 24 држави кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц: „Немаме повеќе пари за се“

Рекордниот буџет на Германија за 2027 година во износ од 560 милијарди евра „може да се оправда“, но во наредните години ќе биде потребно значително намалување на расходите, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во Бундестагот, пренесува ДПА.

Мерц: „Немаме повеќе пари за се“

Канцеларот Мерц зборуваше за владината политика, која е централен дел од последната еднонеделна дебата за буџетот.

Пратениците ја започнаа последната дискусија во вторник. Се очекува пратениците да го усвојат буџетот вечерва.

„Во овие времиња мора да разбереме и да учиме заедно... дека повеќе немаме пари за сè“, рече Мерц.

„Сите ние овде ќе мора да се откажеме од некои идеи што ни се блиски до срцето“. Даночните приходи повеќе нема да можат да покријат сè на што се навикнати Германците, истакна канцеларот и додаде дека без заштеди, идните генерации нема да имаат простор сами да ги одредат буџетските приоритети.

Даночните приходи повеќе нема да можат да покријат сè на што се навикнати Германците, истакна канцеларот и додаде дека без заштеди, идните генерации нема да имаат простор сами да ги одредат буџетските приоритети.

„Имаме должност и одговорност заедно да го спречиме тоа“, рече Мерц.

Тој ги повика граѓаните да пристапат кон одлуките за распределба на јавните пари како „заедница на луѓе со добра волја“. Како што рече, за тоа не постои едноставна формула. „Нема калкулатор што може да пресмета што е совршено фер“, заклучи германскиот канцелар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз Сара

Во Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска.

Во Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз Сара

Со отворање на главната расправа, денеска, во Основниот суд во Охрид, почнува судскиот процес против 31-годишниот охриѓанец Кристијан К., обвинет за нападот врз 26-годишната девојка Сара Ѓ. од Охрид, што се случи на 15 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер