Тутунарите во редици пред банките за субвенциите

Тутунарите од Прилеп, Долнени и Кривогаштани во редици пред банките трпеливо ги подигнуваа субвенциите за тутунот од ланската реколта. 

Тие, како што велат, се дојдени навреме затоа што почнаа работите во полето за новата реколта тутун. Единствено се загрижени како ќе биде со вонредните ситуации и ангажманот на аргати за работа во полето.

Според Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп, од преку 30 милиона евра субвенции за македонските тутунари, околу половината се за тутунарите во Прилеп, Долнени и Кривогаштани.

-Од преку 30 милиона евра за субвенции, над 14 милиона евра се за преку 10.000 тутунари во Прилеп, Долнени и во Кривогаштани. Ги замолувам тутунарите за трпение поради вонредните состојби за подигнување на субвенциите. Денеска е според азбучен ред, први се оние кои презимињата им почнуваат на А, Б, В, Г и Д, изјави Пачешкоски.

Во тек е расадопроизводството и склучувањето договори со откупувачите за новата реколта тутун. Интересот е зголемен за 10-ина проценти и тоа кај младите земјоделци.

– Досега имаме примено пријави на околу 1000 млади земјоделци кои првпат ќе произведуваат тутун. Лани имаше околу 7.500 хектари со тутун, годинава очекуваме за 500 хектари повеќе. Тутунопроизводството моментално, е исплатливо. Инаку, од подрачната единица се подигнуваат решенија, а со откупувачите тутунарите склучуваат договор, истакна Паческоски.

Ланската реколта беше тешка околу 26.000 тони со просечна цена од 220 денари за килограм. Поради високиот квалитет, просечната субвенционирана цена е 72 денари за килограм откупен тутун. /МИА

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер