Тутунарите го интензивираат бојкотот – не го даваат квалитетниот тутун по лански цени - Канал 5

Тутунарите го интензивираат бојкотот – не го даваат квалитетниот тутун по лански цени

На еден месец до крајот на откупот, повеќе од половината од тутунот е неоткупен.. 

Тутунарите го интензивираат бојкотот – не го даваат квалитетниот тутун по лански цени

Повторно има застој во откупот на тутунот. Вратите на откупните пунктови се секојдневно отврени, вработените се таму но тутун никој не носи.Тутуанрите продолжуваат да бојкотираат и не го носат тутунот за откуп заради ниските откупни цени. Досега се откупени околу 6 илјади тони но според тутунарите тоа бил тутунот со полош квалитет а сега кога треба да се носи уабвиот тутун сите чекаат дали монополите ќе ги зголемат откупните цени. Главната причина за проблемите кои годинава кулминираа со бојкот на откупните пунктови се законските измени од пред две години со кои веќе откупувачите немаат обврска да преговараат за цените туку само на пет дена пред почетокот на откупот треба да објават како тие ги скроиле по нивна мера.

До крајот на феврураи откупот законски мора да заврши а на месец дена пред крајот нешто повеќе од половината од тутунот е сеуште не откупена. Од почетокот на март ќе треба да се склучуваат и нови договори. Ако продолжи ваквата тенденција на ниски цени, тутунот ќе го има се помалку велат тутунарите а тоа ќе значи дека ќе нема ниту заработки ни за откупувачите.

Тутутнот е една од нашите најзначајни земјдоелски култури со девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно и од која за основна егзистенција вадат од 70 до 100 илјади жители а на тие ниви и не може нешто друго да се одгледува и да биде исплатливо. По долг период на бојкотирање наместо преговоридобија еднострана одлука за зголемување на откупните цени од 300 на 330 што сметаат дека е недеволно за да ги покријат трошоците и да им остане за живеачка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Туск повика на прекин на ксенофобичните напади врз Украинците во Полска

Полскиот премиер Доналд Туск повика на прекин на ксенофобичните напади врз Украинците во Полска, откако во таа земја, во текот на изминатите недели, се случија низа инциденти поврзани со зголемените тензии меѓу Варшава и Киев.

Туск повика на прекин на ксенофобичните напади врз Украинците во Полска

Туск се огласи откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тројца Полјаци тепаат Украинец и неговата девојка во Вроцлав, наводно по расправија во продавница, пренесува Ројтерс.

Двајцата напаѓачи се уапсени во вчера.

„Секој што врши такви грозоморни дела постапува директно спротивно на интересите на Полска. Вие работите против Полска, во корист на Русија и во корист на полскиот и украинскиот национализам“, изјави Туск на седницата на владата. Според агенцијата, иако Варшава останува цврст поддржувач на Киев, Украинците што живеат во Полска во последниве години се соочуваат со зголемено непријателство од јавноста, бидејќи почетниот бран на сочувство по избувнувањето на конфликтот во Украина отстапи место на заморот од бегалците.

Односите се затегнати и поради одлуката на Украина да именува воена единица по група националистички бунтовници од Втората светска војна – кои во Украина се почитувани поради борбата против нацистите и Советите, но кои во Полска учествувале во масакри врз Полјаци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новите украински ракети можат да стигнат до Москва

-Новите украински ракети можат да стигнат до Москва: „Напредуваме многу брзо, погодуваме важни цели во Русија“!

Новите украински ракети можат да стигнат до Москва

Украина би можела да ги изведе првите напади врз Москва уште оваа есен, користејќи балистички ракети од домашно производство, изјави Денис Штилерман, сопственик и главен конструктор на одбранбената компанија „Фајр поинт“ (Fire Point).

Штилерман наведе дека компанијата е во завршна фаза на тестирање на новиот ракетен систем и дека, штом ќе завршат пробните лансирања, ракетите би можеле да почнат да се користат против цели во внатрешноста на Русија.

„Армијата ќе одлучи каде да удри, но верувам дека тоа веднаш ќе бидат значајни цели“, рече Штилерман.

Штилерман додава дека временската рамка за распоредување на ракетите зависи од резултатите од тестирањата на моторот, вклучително и од финалното испитување на перформансите на моторот на пробната платформа.

„Ќе го поставиме моторот на платформата, ќе спроведеме пробно пуштање во работа и ќе видиме како се однесува. Доколку се појават какви било проблеми, ќе ги отстраниме. Но, напредуваме многу брзо“, рече тој. Овие најнови изјави уследија по претходното интервју со Штилерман, во кое тој наведе дека компанијата „Фајр Поинт“ (Fire Point) се подготвува за сериско производство паралелно со процесот на тестирање.

Имено, компанијата планира да произведе меѓу 10 и 20 ракети за пробни лансирања, при што обемот на производство би можел да се зголеми на десетици единици откако ова оружје ќе добие официјална кодификација и одобрение за набавка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“во првата половина од 2026 заработил милијарда долари

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ објави нето-добивка од 78,4 милијарди рубљи – што е приближно една милијарда долари – за првата половина на 2026 година. 

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“во првата половина од 2026 заработил милијарда долари

Ова претставува значителен пресврт во споредба со истиот период минатата година, кога компанијата забележа загуба. Во првите шест месеци од минатата година, „Гаспром“ книжеше загуба од 10,76 милијарди рубљи, односно 137 милиони долари. Оваа година, приходите на компанијата пораснаа за 2,9 отсто на годишно ниво, а бруто-добивката за 15 отсто, додека добивката пред оданочување остана стабилна.

„Гаспром“ и понатаму е еден од најголемите светски производители на природен гас, но изгуби значителен дел од европскиот пазар по руската инвазија врз Украина. Европа брзо ја намали својата зависност од рускиот гас што се испорачува преку гасоводи, а ЕУ планира целосно да го укине увозот на руски гас до 2027 година.

Пред инвазијата, во 2021 година, Европа набавуваше околу 50 отсто од својот природен гас од Русија, главно преку гасоводи. Истовремено, приходите на Русија од енергенти не се целосно прекинати. Во првата половина на 2026 година, Европа увезе рекордни количества течен природен гас (LNG) од рускиот погон „Јамал ЛНГ“, со кој управува „Новатек“, а не „Гаспром“. Според податоците на „Кплер“ (Kpler), увозот од „Јамал“ достигна 9,89 милиони тони, што претставува зголемување од 18 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во последните месеци, Русија исто така најави планови за пренасочување на испораките на гас од европскиот пазар кон Азија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер