Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
1Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
2Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
МакедонијаТутунарите бараат итни измени на законот за тутунИтни измени на законот за тутун бараат тутунарите. До крајот на месец февруари завршува откупот на тутунот и веднаш потоа следува склучувањето на договорите за новата производна реколта. Тутунарите бараат по итна постапка во собранието да се донесат измените на законот за тутун за да може новите правила по кои ќе се договора цената која треба да влезе во новите договори да биде регулирана законски односно да може и претставниците на тутунарите да имаат право на глас кога се формира ценат а не како до сега само да откупувачите еднострано да ја диктираат откупната цена на оваа најзначјана земјдоелска култура. Во измените на законот земјоделците предлагаат да се воведе и принципот, два пати во годината да се дефинира цената односно сега во договорите да се впише една која ќе бдеи заеднички договорена но да има законска обврска на еден месец пред почетокот на откупот таа да се ревидира и да се усогласи со трошоците на живот и висината на трошоците за работната рака и репроматеријалите кои ги вложиле тутунарите За да се задржи квалитетот и да се одржи добро познатиот бренд на македонскиот тутун, земјоделците бараат откупот да се одвива во три класи, со цени кои ќе обезбедат просек од 600 денари по килограм, субвенцијата да биде 100 денари линеарно за сите производители, строга конктрола на одбитоците, можност за производство и на широколистен тутун како и укинување на увозот на ситнолисен тутун во земјава кој според нив се користи од откупувачите за да се манипулира со откупната цена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина ЦентарНе стивнуваат реакциите во јавноста дека глувци и стаорци ја преплавија Општина Центар. Секојдневно сме сведоци на живи или угинати глодари пред нашите влезови, училишта, паркинзи, тротоари и пешачки патеки.Горан Герасимовски и неспособните кадри на СДС се на чекор да ја вратат општината во 15-ти век. Период засекогаш запомнет поради болестите кои ги пренесувале овие животни. Мене, како мајка, особено ме загрижува последниот пример со инфестацијата кај основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Вистински ризик за најранливите, ризик за здравјето на нашите најмили. Да не заборавиме дека во непосредна близина се наоѓа и градинката 13 ноември, со што во опасност се ставени и најмалите деца. Градоначалникот Герасимовски е должен да одговори како ние, родителите, да ги пуштиме своите деца надвор да си играат, а притоа да не се сомневаме дека нема да дојдат во контакт со површини на кои се движат глувци и стаорци? Должен е да одговори дали ја гарантира безбедноста и здравјето на учениците во „Песталоци“? Важно е да се потсетиме дека според член 15 од Закон за Град Скопје, дератизација е надлежност на општините, па прашање е дали градоначалникот и Општина Центар потфрлаат во надлежностите и обврските со кои се задолжени. Почитувани, Ова не е случајно. Ова е резултат на мрзеливоста и неспособноста на Горан Герасимовски и неговите сопартијци. Кадрите на СДС, по мерка на Зоран Заев и Венко Филипче, не знаат да се справат со глувци и стаорци, а камоли да водат општина. Овие луѓе успеаја да направат да се срамиме од она во што се претвора нашата општина. Некомпетентни лица, проследени со секојдневни скандали, не смеат да раководат со срцето на градот! Ана Хаџиевска, член на ОК Центар на ВМРО - ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБруцошите добија дополнително време за да аплицираат за место во студентски домМинистерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови.Министерството за образование и наука го продолжи рокот за аплицирање на бруцошите за сместување во студентските домови, откако се покажа дека дел од студентите примени во вториот уписен рок немаат доволно време да го завршат уписот и да обезбедат потврда дека се редовни студенти. Проблемот се појави кај кандидатите од вториот уписен рок. На дел од факултетите при уким запишувањето на примените студенти е закажано за 21 септември, односно еден ден по првично утврдениот рок за студентските домови. Без завршен упис, тие не можат навреме да обезбедат потврда за редовен студент – еден од документите потребни при аплицирањето. Токму поради тоа мон го продолжи рокот, со цел и студентите кои ќе го завршат уписот во вториот уписен рок да можат да ја обезбедат потребната документација и рамноправно да конкурираат за сместување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТројца осомничени за горење кабли на депонијата Буково — го загадиле воздухот додека собирале бакарОсновното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад.Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата „Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката., велат од обвинителството..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29