Турскиот ,,Робин Худ” им ги отплаќа долговите на сиромашните - Канал 5

Турскиот ,,Робин Худ” им ги отплаќа долговите на сиромашните

Никој не знае кој е човекот што им ги плаќа долговите на сиромашните во Истанбул , а тој открил само дека сака да заслужи благослов од Бога.

Турскиот ,,Робин Худ” им ги отплаќа долговите на сиромашните

Анонимен добротвор минува низ сиромашните населби во Истанбул, Турција и ги исплаќа долговите на граѓаните во локалните продавници или им остава пари на прагот. Сето ова се случува во време кога јавноста се повеќе се грижи за растот на бројот на самоубиствата, што се припишува на опаѓање на животниот стандард и драстичното зголемување на цените.

Жителите на Тузла, населба од работничката класа на азиската страна на градот, каде се наоѓа бродоградилиштето, беа воодушевени минатата недела кога откриле дека нивните долгови се исплатени во неколку продавници. Но, тие не знаат кој е добротворот, пишува „Гардијан“.

- Некој дојде и ме замоли да му покажам тетратка каде што ги запишувам долговите на моите муштерии. Четири лица имаа многу големи суми и му кажав каде живеат. Тој се врати откако разговараше со нив и им ги исплати долговите. Исто така, дознав дека тој им дал некои пари на повеќе семејства. Го прашав за неговото име, но тој само ми рече - викај ме Робин Худ - изјави сопственикот на продавницата Демирен Коакун Јилмаз за турските медиуми.

Цените на храната и домувањето се зголемија од паѓањето на турската лира минатата година, и иако инфлацијата опадна, невработеноста сè уште расте, при што цената на електричната енергија се зголеми за десет пати од минатата година.

Се тврди дека истиот добротвор во март годинава оставал коверти од по 1.000 лири пред вратите на сиромашните семејства низ градот. Тој исто така во јуни отплати долг од 25.000 лири во разни продавници .

- Човекот ми рече дека дошол да ги исплати долговите на оние што не можеле тоа да си го дозволат. Јас работам тука веќе 30 години и го искусив ова за прв пат. Муштериите беа многу среќни и сакаа да го запознаат, но не знам кој беше тој. Не сакаше да се претстави и рече дека го прави тоа за да заработи благослов од Бога – изјави Тунгај Јашар, трговец во населбата Тузла.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ предупредува за паметните очила: Можат да ве снимаат без ваше знаење

Корисниците на паметни очила кои објавуваат снимки на јавни профили на социјалните мрежи, или ги користат за деловни или политички цели, мора да ги почитуваат правилата за заштита на личните податоци. 

ЕУ предупредува за паметните очила: Можат да ве снимаат без ваше знаење

Ова се наведува во соопштението на Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB), усвоено оваа недела.

Хрватската Агенција за заштита на лични податоци (AZOP) соопшти дека изјавата е усвоена за време на последната пленарна седница на „EDPB“ во Брисел и претставува прв документ што дава прелиминарни насоки за корисниците, производителите и давателите на услуги.

Јасни предупредувања наместо непријатни изненадувања

„Кога станува збор за приватноста, поединците заслужуваат јасни предупредувања, а не непријатни изненадувања“, изјави претседателката на „EDPB“, Ана Талус.

Како што е наведено во соопштението, снимањето на семејството или пријателите – како и активностите за приватни цели – генерално спаѓаат под т.н. „исклучок за домаќинство“, сепак, дури и во такви случаи, може да важат одредби од кривичното, граѓанското, работното или друго законодавство.

Беше нагласено дека снимањето треба да биде јасно видливо – на пример, преку употреба на силни LED светла, звучни сигнали, гласовни предупредувања или известувања на паметен телефон – и дека таквите предупредувања мора да бидат сигурни и лесно забележливи. Одговорност на производителите и давателите на услуги

Луѓето во близина треба да бидат свесни дека може да бидат снимани, дури и на јавни места. Производителите и давателите на соодветни апликации и услуги не можат да ги префрлат своите обврски врз корисниците, згора на тоа, секоја нова обработка на податоци мора да остане во согласност со првичната цел за која податоците биле собрани.

Во соопштението, исто така, се поттикнува развојот на индустриски стандарди и мерки за подигање на свеста, со цел да се осигура дека поединците знаат кога се користат такви очила и како се обработуваат нивните податоци.

Зголемени ризици за децата и на чувствителни локации

Се истакнува дека паметните очила можат да снимаат луѓе без нивно знаење. Овие ризици се зголемени во чувствителни средини – како што се болници, училишта и работни места – како и кога снимките се споделуваат на социјалните мрежи. Децата се особено ранливи, без разлика дали самите ги користат очилата или се снимани од други лица.

„Овие уреди изгледаат како обични очила, но содржат камери и микрофони и се поврзани на интернет“, изјави Талус.

Извештај за злоупотребата на паметните очила

Како прилог кон изјавата, изготвен е извештај насловен „Поврзан поглед: видеоснимање, надзор и прибирање докази во ерата на паметните очила“. Овој извештај е нарачан од Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB) – по предлог на францускиот орган за заштита на податоци – а негов автор е надворешен експерт по дигитална социологија.

Извештајот ги разгледува искуствата на корисниците, а особено начинот на кој поединците што се предмет на снимање ги перципираат овие ризици. Резултатите покажуваат дека паметните очила понекогаш се користат за следење на други лица и за прибирање докази против нив, при што оние што ги носат – и знаат како да ги користат – имаат предност пред луѓето што ги снимаат, честопати без знаење на вторите.

Извор: Индекс.хр

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на зависности и насилство

Полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово на повеќе локации во централните градски подрачје спроведоа превентивни активности „Ако пиеш, не вози“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на зависности и насилство

Денеска (16.10.2026) полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово на повеќе локации во централните градски подрачје спроведоа превентивни активности „Ако пиеш, не вози“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беа посочени последиците кои можат да настанат доколку користат мобилен телефон додека возат, како и санкциите за ваквите прекршоци, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Превентивна активност од областа на сообраќајот спроведе и Одделението за превенција при СВР Скопје на територија на ПС Чаир, каде во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, низ непосредна комуникација, на возачите им беше укажано на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, со посебен акцент на почитување на брзината на движење, а беа информирани и за функционирањето на „Безбеден град“.

Одделението за превенција при СВР Скопје во ООУ „Стив Наумов“, на подрачје на ПС Гази Баба, реализира едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство и превенција од зависности. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават во различни форми. При тоа, на учениците им беа појаснети и начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Исто така, учениците беа запознаени со штетните последици, но и начините за превенција од зависностите како што се наркотиците, цигарите, алкохолот и игрите на среќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морков

Прво рече: нема поскапување на струјата. Тој е „институција“ и гарантира. Штом зине - лаже.

СДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морков

Сега цената останува иста до крајот на годината. Нема промени во тарифните блокови.

Претходно рече: бараме модел. Еве го моделот. Ќе биде поскапо после Нова година.

Денеска самиот рече: за тоа што ќе се случува од 1 јануари, да почекаме што ќе кажат енергетските компании. Не може да ја прејудицира Регулаторната, а он ги постави луѓето, он управува со нив. Значи, најава и лажна изјава. Како и секогаш.

Сите знаеме кој ја сака увозот на струја. Кој става броила. Мицкоски–Адамовиќ–Божиновска–Лазаревиќ. Истиот круг. Истите провизии. Истите паметни броила што не се по закон. Народот плаќа. Бандата заработува.

Како и сè што Мицкоски ќе каже, секогаш спротивно.

Секоја најава на поевтинување резултираше со скок на цените до плафон. Гориво. Храна. Парно греење. Струја. Сега гарантира: за три години ќе се живее подобро. Исти копи-пејст реченици од Вучиќ. Човекот нема ништо свое. Менторот управува со него.

Три години по скоро три години мандат. Значи уште една најава за избори. Само уште да најде сателит што ќе фрли ракавица и ќе даде алиби за немање пари во буџетот.

Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија. Третина. Минималната плата закована на 26.000 денари. Кошничката со кирија за стан околу 90.000 денари. Три минимални не ја покриваат. А арамијата црта илјада евра и стабилност.

Струјата останува иста - додека не поскапи. Животот ќе биде подобар - за три години. Истите бајки. Истиот метод.

Цената не се држи со изјави, се држи со производство. Не се задржува цената со увоз, ама арамијата го сака увозот. Цената се задржува реформи, не со изолација.

Без ЕУ нема ни зголемување на стандардот ни економска сигурност. Тоа е единствениот пат. Ама Мицкоски не сака ЕУ. ЕУ бара соработка со европското обвинителство, и тоа веднаш.

Затоа постојани конфликти. Секогаш некој друг крив, а реформите што се услов за ЕУ не ги споменува уште од 1 јуни кога вети.

Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер