Турскиот министер за енергетика: Нема замена за „Турски тек“ во случај на потенцијален напад - Канал 5

Турскиот министер за енергетика: Нема замена за „Турски тек“ во случај на потенцијален напад

Последиците од евентуален напад врз гасоводот Турски тек би биле споредливи со блокада на Ормутскиот теснец, изјави денес турскиот министер за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар.

Турскиот министер за енергетика: Нема замена за „Турски тек“ во случај на потенцијален напад

„Последиците од нападот врз Турски тек ќе бидат споредливи, на еден или друг начин, со блокада на Ормутскиот теснец. Веќе се соочивме со ова по бомбардирањето на Северен тек“, изјави тој за РИА Новости на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија.

Тој, исто така, предупреди дека нема алтернатива на гасоводот Турски тек во случај на потенцијален напад.

„Турски тек испорачува гас за Турција и европските земји. Нема замена“, нагласи Бајрактар.

Според него, енергетската инфраструктура мора да остане надвор од конфликтот и не смее да биде засегната од напади, рече Бајрактар.

„Велиме дека ова не е добро. Штом почнете да ја гледате енергетската инфраструктура како примарна цел на нападите во конфликтот, се отвора ново поглавје. Тоа е бесконечен список на цели - компресорски станици, трансформатори, самиот гасовод, електрани“, рече турскиот министер за енергетика.

Тој објави дека првата единица на нуклеарната централа Аккују, која се гради со учество на Русија, би можела да почне да произведува електрична енергија во октомври.

„Октомври како датум за првото снабдување со електрична енергија од Аккују е прилично оптимистичка прогноза. Можеби ќе потрае малку подолго. Изградбата на првата енергетска единица е завршена 99 проценти. Во моментов се потребни стотици различни тестови“, рече Бајрактар.

Претходно, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Москва се надева дека Анкара го информирала украинскиот претседател Володимир Зеленски за неприфатливоста на нападите врз гасоводите Турски тек и Син тек.

Тој истакна дека Русија редовно ја пренесува својата загриженост до Турција за растечката закана за инфраструктурата на Турски тек и Син тек.

Цевководите ја снабдуваат Турција со руски гас преку Црното Море. Втората линија на Турски тек е наменета и за снабдување на земјите од Јужна и Југоисточна Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден

Американските сили  нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден, како одговор на тоа што Техеран двапати гаѓаше американски воен брод, соопшти Централната команда на САД.

Американските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден

Четири ирански танкери за нафта во Оманскиот залив поврзани со корпусот на Иранската револуционерна гарда беа цел на нападот, како и уште еден во близина на островот Харг, голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, додаде централната команда на САД. Техеран одговори со лансирање ракети врз американската база во Јордан - од кои повеќето беа соборени - и соопшти дека нападнале два американски брода и осум танкери за нафта во Ормутскиот теснец. Пресметките меѓу двете земји ескалираа изминатата недела, по повеќе од шест месеци откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари. Цените на нафтата пораснаа на азиската берза. Референтната сурова нафта „Брент“ поскапе за 1,5% , додека нафтата што се тргува на берзата во САД е повисока за 1,3%.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиника

Нема нови приеми на пациенти на Клиниката за инфективни болести, со нилска треска.

Се смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиника

Од клиниката за Канал 5 потврдија дека е пуштен пациент од клиниката кои се лекувал повеќе од една недела и е во добра здравствена состојба. Засега на клиниката има седум пациенти со нилска треска, двајца се во тешка состојба и се во одделот за интензивно лекување. Осум пациенти починаа поради компликации од нилската треска и имале и други заболувања, сите се на возраст над 60 години. Од Град Скопје највија дека денска ќе се прскаат водните површини против ларави од комарци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година

Кога СДС зборува за јавниот долг, прво треба да одговори за сметката што ја остави зад себе заедно со ДУИ додека беше на власт.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година

ВМРО ДПМНЕ ја презеде одговорноста да ја води Владата во јуни 2024 година со јавен долг над 60 проценти од БДП.

Денес долгот изнесува 58,8 проценти од БДП, односно е понизок од затекнатото ниво, со тоа што Владата уредно ги сервисира обврските што ги наследи.

Во наредните години доспеваат околу 8 милијарди евра долгови преземени во времето на СДС и ДУИ. Само во 2026 година доспеваат околу 1,5 милијарди евра, а потоа уште 1,5 милијарди во 2027, 1,9 милијарди во 2028, 1,3 милијарди во 2029 и 1,4 милијарди евра во 2030 година.

Тоа е сметката што ја остави СДС со ДУИ и треба да одговорат и за 4,5 милијарди евра со кои ја задолжи државата за само 7 години. За што беа потрошени тие пари?

Ако сакаат да зборуваат за економија нека зборуваат со официјални бројки, но тоа не им одговора оти бројките не се на нивната страна на водење лажни кампањи.

Бројките покажуваат дека растот на економијата во вториот квартал од 2026 година за 4,3 проценти.

Дека економските политики на Владата се добри говори и фактот дека осум квартали по ред има раст од над 3 проценти.

И без годините на ковид пандемијата, разликата сепак е очиглефна. Просечниот раст кај претходната власт на СДС и ДУИ е околу 2,6 проценти.

Затоа наместо СДС да ги извртyва фактите, време е да одговори за долговите, потрошените милијарди и сметката што ја остави зад себе.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер